I posle nekoja budala firma da otvara? Da si ja tura glavata na volkot vo usta? :v
Човек во Македонија не може и не смее да отвори фирма, туку мора да отвори минимум 3 (ТРИ) фирми ако сака да преживее, бидејќи првата ќе му ја затвори инспекција, втората ќе му служи за работење на црно, а третата ќе му служи за набавки.
Така направи Екстра Меин кога пвеводбениците го затворија поради измислената листерија, преку ноќ месарниците на Екстра Меин ги сменија логоата и името на фирмата, и си продолжија со работа како и вообичаено, само под друго име.
Едни познаници на моите од Охрид, држеа или можеби сеуште држат бутик, па откако им стана јасно дека не можеш чесно да заработиш во оваа држава со инспекција и затворање секоја недела, си отворија втора фирма и надвор од бутикот ја продаваа облеката.
Треба да знаеш како да го изигруваш системот бидејќи и системот те изигрува тебе.
Вие сите зборите за луѓе шо по професија им следуе пензионирање на 40 години и луѓе шо потплатиле у комисијата. Тоа „комуњари“ не можам да го сконтам...јас на пример познавам човек од Топилница шо се пензионираше на 50, за работа со тешки метали и хемикалии....тоа е „комуњар“?
Комуњар е претежно испревртен израз во македонското општество, бидејќи потекнува од француските комунари или комунарди, односно борците на Париската Комуна од 1871 година - првата социјалистичка управа во историјата на човештвото, и немаат никакви допирни точки со плавите жолтици, ниту пак со било која социјал-демократска или социјалистичка партија во денешна Европа и во остатокот од светот.
Покрај Комунистичкиот Манифест на Карл Маркс и Фридрих Енгелс од 1848 година, изразите комунизам и комунист почнуваат да се користат дури во 20-от век, а пвеводбениците го користат изразот комуњар чисто бидејќи така им одговара на нивниот уличарски речник - да не заборавиме дека и тие се уличарска партија која глуми патриотизам исто како и плавите жолтици, со разликата што плавите жолтици се уличарска партија која глуми борба за благосостојба.
Инаку, примерот кој ти го наведов беше чисто онака бидејќи носителот на плава жолтица што живее во мојата станбена зграда стекна статус на трудов инвалид и се пензионираше на 40 и нешто годишна возраст за време на претходната влада на плавите жолтици помеѓу 2002 и 2006 година.