Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Не дека сме и ние драстично различни, ама сме многу поНЕхомогени како луѓе - македонциве овде, за разлика од албанците.
Кај нас палеше национализмот, беше тврдокорен, ама свативме дека мора да еволуираме, дека мора да се иде напред и прогресивно да се размислува и тоа веќе не поминува неколку години наназад (иако имаше вмровци кои беа за уши носени за палење на масата и ширење антагонизми меѓу заедниците и бустање национални чувства кај македонецот), и веќе ретко во урбаните средини да имаме екстремно напалени националнисти, кои не се под диктат на некоја политичка партија. А баш тоа е чудно, ние како ентитет никогаш неаме национални чувства или единство - ни кога сите колективно се гушиме, нит кога колективно сите даваме милиони и милијарди за неплански проекти, нит кога има поголеми и поголеми задолжувања, нит кога нема барем минимално владеење на право, нит кога ГНИЕМЕ У КОРУПЦИЈА насекаде,туку само кога им дозволуваме/овозможуваме нешто на албанците кај нас или кога договараме со срби/грци/бугари/албанци/косовари се загрижуваме за нашиве национални интереси,чувства и одеднаш почнуваат коментари или се јавуваме како македонци,нација, вера и тн. Само под претња на некој надворешен фактор, ние некако се повикуваме на националност, Македонија,ударање у гради со патриотизам и сл. Тоа се, сакале да признаеме или не, остатоци од тврдокорниот национализам кој што до вчера беше длабоко навлезен во сите клетки на македонското општество.
Луѓето се у основа без совест и чувство за објективен просперитет на заедницата. Во македонија неможе да се етаблира концепт на граѓанска држава. Едноставно не сме еволуирани, и за да дојдеме до истиот развој - треба многу време. И затоа имагинарни апстрактни поими како двојазичност, име на држава, историја и тн не пали и е тема на разговор со години/месеци/денови. И нас и албанците, и сите етнички заедници овде. Тоа се замислени работи, непостоечки едноставно... МПЦ,БПЦ,СПЦ, името, "правата на албанците", големи албании и тн се апстрактни измислени работи, кои не ти го подобруваат животот до толкава мера за да ти ги перцепираш и да се замараш за истите. Овие прашања воопшто не ги решаваат и не ги тангираат РЕАЛНИТЕ видливи проблеми со кои се соочуваме секојдневно - сиромаштија, лошо здравство, образование, загаден воздух, невработеност и тн и тн.

Албанциве од друга страна, се многу чуден народ, кој баш по такви "имагинарни" прашања покажува огромно национално единство(многу многу повеќе од кај нас) и привид на сплотеност , а по оние реалните прашања е крајно нехомоген... Меѓутоа они како заедница (секако, има и кај нив добар дел од прогресивни и совесни луѓе, не сакам сеа да споредувам) се далеку од тој конкретен концепт на "граѓанска држава". Од наша страна, имаме стварно многу, премногу граѓански здруженија, кои можеби се под некаков диктат, но пак прават некој одреден баланс во власта и интересите на заедницата, и јасно го кажуваат ставот на одредена група на луѓе и протестираат/штрајкуваат заради некаква нивна цел, и се зависни од некои политички партии или други извори на моќ но,со одминување на годините импактот од таквите здруженија и NGO секако ќе се зголеми. Еве баш во последно време излегоа оние движења за пази, ЖИВОТНИ (колку и да е банално ова), па незнам за рудниците, ти реков ми рече. Тие работи и се за поздрав. Може денес се зависни, но утре/после некое време стварно ќе станат автономни граѓански здруженија... во Албанскиот блок, целиот тој концепт заостанува во споредба со "македонскиот блок" , и имаат поголем проблем на оваа тема.
Сеа да, кај нив има поголема шареноликост во политичката сцена, нема хегемонија меѓу две партии. И фактот што многу од нив го дадоа гласот на СДСМ не е воопшто знак дека они "еволуирале", пошо тој глас го даваат за да некој им пере мозок со оние "апстрактните" теми, "права", двојазичност и сл.

Имено, вака шетајќи низ дадени урбани и рурални средини населени доминантно од албанци... можам да приметам дека корумпираноста на политичките/локалните елити и политичкиот клиентелизам и присуството на разни облици на КРИМИНАЛ кај нив е далеку ПОВИДЛИВ, ПОРАСПОРЕДЕН И ПОЕВИДЕНТЕН дури честопати директно приметлив на терен.
Двојазичноста нема да им ги асфалтира улиците, да им ја среди канализационата мрежа, нема да ги интегрира повеќе, нема да им ја подобри евидентната фискална НЕдисциплина, нема да им ги среди хроничните проблеми со загаденоста и менаџирањето со отпад (ова во Гостивар,Тетово,Арачиново е огромен проблем). Нема во ништо РЕАЛНО да им го подобри животот. Добро, може во одредена мерка.

И мислам дека реално џабе им е ако поради заедништвото нивниот јазик е доведен на (условно кажано) еднакво ниво со македонскиот. Џабе им е као заедница ако имаат крпеници од улици, имаат јаз меѓу сиромаси и богати повеќе од нас, и џабе им е Порше или Голф 4 купен од заработени пари у Швицарска (што е уште поголем показател за корупцијата и јазот/гапот меѓу сиромашните и богатите), кога они имаат елементарни реални и видливи проблеми поголеми од кај "македонските средини".
Мислам дека е доволно некој странец да отиде 5 мин на места кај што има доминантно албанско население, одма ќе сфати дека мештаните имаат инхерентен проблем со корупцијата. Не дека и другите делови на македонија немаат проблем со корупција, но искрено тој не е толку очигледен и видлив као што е со едноставно 5 минутно престојување у албанска населба.
Патем, чудно е како објективно многу од нивните градски власти СО ГОДИНИ не покажале никаков прогрес (за разлика од Македонските општини, кај што има(ше) стварно солидно и домаќинско работење од одредени градоначалници низ годините, колку штое во нивен домен и можност пошо ипак зависат од централна власт).
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
kaj vide ti deka ne mu smeta?
Еве шо напишал, тоа во 2008 е прифатливо и друг е крив, сега друга песна а ситуацијата во Собрание е однос на број на пратеници е полоша,

Toj zakon od 2008 bese nametnat od nadvor vo predavnickiot ramkoven koj e pak sprovnat pod komunisticka palka, a ova denes e nepotrebno harikiri so go nema u toj nametnat ustav. A i celnicite na eu duri i javno izjavija deka zakonot za jazici ne e od nikakov prioritet.

Toa deneska so se prai go nema vo ustav, na bilokoj makedonec osven na retardiran komunjar nema da mu tekne da pregovara za himna, valuta, uniformi i uste sto ne.
Ама нели изјавија дека тие ќе формираат влада и покрај т.н Тиранска платформа, од ДУИ изјавија дека и повеликодушни биле во понудата овие патриотите твои, или пу пу не важи тоа, само да се моите на власт?

Тоа е значи таа партиска двомисла :icon_lol:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Суспензивно вето има Хорхе, така се вика тоа правнички :D. Апсолутно вето мислам нема ни американскиот претседател, Конгресот може да го надгласа мислам.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Интересна работа како нагло се менува распоредот на силите на форумов. Само до пред помалку од година дена контра груевистите ликуваа со постови за туркање на режимот и дека кој и да дојде на власт не може да биде бетер од нив. Наравоучение: Внимавај што посакуваш!
Овие не само што сериозно се зафатија тоа да го демантираат туку се на добар пат тоа и да го остварат како што тргнале. Дури и нивните најголеми поддржувачи почнаа и ќе почнат да се оградуваат од нивните потези.
Ова ме потсетува на едно време не толку дамнешно. Единствена разлика е што улогите се сменети, се друго е исто.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Што е донесено 2008 ?
Што содржи ,,Законот за јазиците” изгласан во 2008 година

Собранието на Република Македонија на одржаната седница на 4 август 2008 година го донесе Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.

Со овој закон се уредува употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа. Согласно одредбите од овој закон во органите на државната власт во Република Македонија може да се користи и службениот јазик различен од македонскиот јазик во согласност со овој закон.

Јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија се употребува во Собранието на Република Македонија; комуникација на граѓаните со министерствата, судските постапки; управната постапка; извршување на санкции; народен правобранител; изборниот процес; при непосредно изјаснување на граѓаните; при издавањето на личните документи на граѓаните; при водењето на матичната евиденција; примена на полициски овластувања; во радиодифузната дејност; инфраструктурни
објекти; локалната самоуправа; финансиите; економијата; образованието и науката; културата и во други области и институции согласно со овој закон.

УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ВО СОБРАНИЕТО

Во работата на Собранието службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, може на седница на Собранието и на седница на работното тело да зборува на тој јазик.

Пратеник, избран или именуван функционер од Собранието на Република Македонија, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, може на седница на Собранието и на седница на работното тело да зборува на тој јазик. Исто така пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, собраниските материјали може да ги добие и на неговиот јазик и писмо.

КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И МИНИСТЕРСТВАТА

Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата во таа единица на локалната самоуправа, може да го употреби тој службен јазик и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локалната самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.

Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникација со министерствата може да го употребува тој службен јазик и неговото писмо.

Министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ

Кривична и прекршочна постапка
Во кривичната постапка службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во кривичната постапка друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се користи во согласност со овој закон.

Обвинетиот, оштетениот, приватниот тужител, сведоците и другите лица кои учествуваат во кривичната постапка, а кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, имаат право при изведувањето на предистражните, истражните и другите судски дејствија и на главниот претрес, како и во постапката по жалба да го употребуваат својот јазик и писмо. Судот ќе обезбеди усно преведување на тоа што лицето, односно другите го изнесуваат, како и на исправите и другиот пишан доказен материјал. Судот ќе обезбеди писмено да се преведе пишаниот материјал кој е од значење за постапката или за одбраната на обвинетиот.

Тужбите, жалбите и другите поднесоци се упатуваат до судот на јазикот на кој се води постапката. Граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, можат поднесоците да ги упатуваат на својот јазик и писмо, ваквите поднесоци судот ги преведува и ги доставува до другите странки во постапката.

На обвинетиот кој не го разбира јазикот на кој се води постапката му се доставува превод од обвинението на јазик на којшто се служел во постапката.

Поканите, одлуките и другите писмена судот ги упатува на јазикот на кој се води постапката. На граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поканите, одлуките и другите писмена ќе им се достават и на тој јазик.

Парнична постапка
Странките и другите учесници во постапката кои зборуваат друг службен јазик кој, исто така, е службен јазик во Република Македонија, во постапката имаат право при учеството на рочиштата и при усно преземање на други процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик.

На странките и другите учесници во постапката, ќе им се обезбеди усно преведување на нивниот јазик на тоа што се однесува на рочиштето, како и усно и писмено преведување на исправите кои се користат на рочиштето за докажување.

Друга употреба во судските и други органи
При избор на судија и судија-поротник во судот кој се наоѓа на подрачје на единица на локална самоуправа каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, судијата и судијата-поротник припадник на таа заедница, свечаната изјава ја даваат на македонски јазик, а ја потпишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на таа заедница.

Во судовите чие седиште е на подрачјето на единиците на локалната самоуправа во кои покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо друг службен јазик и неговото писмо е јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, печатот на судот, називот и седиштето на судот се напишани, односно истакнати и на тој јазик и писмо.

Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата соодветно ги применува одредбите од Законот за кривичната постапка, кои се однесуваат на употребата на јазиците.

Избраните членови на Судскиот совет на Република Македонија припадници на заедниците кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, свечената изјава од членот 28 на Законот за Судскиот совет на Република Македонија ја даваат на македонски јазик, а ја потпишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на таа заедница.


Општа управна постапка


Граѓаните кои зборуваат на јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, во управната постапка што се води во органите на државната управа, другите државни органи, органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, правните и други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања, имаат право да го користат тој јазик.

Правото може да го користи кој било граѓанин кој живее во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локалната самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.

Странките во постапката кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик кој, исто така, е службен јазик, поднесоците можат да ги поднесуваат на тој јазик и писмо. Ваквите поднесоци органите, пред кои се води постапката ги преведуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и постапуваат по нив.



 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Што е донесено 2008 ?
Замисли не го береше патриотизмот на грујче од 2008 во еден пост, величина јбга,

ИЗБОРЕН ПРОЦЕС

При спроведувањето на изборите во работата на општинските изборни комисии и избирачките одбори, во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во службена употреба е и јазикот и писмото што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина.

При спроведувањето на локалните избори, подносителот на листите од Изборниот законик во единицата на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поднесувањето на листите на кандидати, односно листа на кандидати за градоначалник се врши на јазикот и писмото што го употребуваат граѓаните во таа единица на локалната самоуправа.

При спроведувањето на парламентарните избори, подносителот на листите од Изборниот законик во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поднесувањето на листите на кандидати се врши покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребуваат граѓаните во таа единица на локалната самоуправа.

Упатството за гласање издадено од Државната изборна комисија е печатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазиците и писмата на заедниците наведени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

Гласачкото ливче се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Името на подносителот на листата, името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо. За припадниците на заедниците, името на подносителот на листата и името и презимето на кандидатот, односно носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на заедницата на која тие припаѓаат.

ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

На граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, образецот на личната карта се печати и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

На граѓаните кои зборуваат јазик различен од службениот јазик, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат во личната карта се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Обрасците на патните исправи и на визите се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. На граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, образецот на личната карта се печати и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. На граѓаните кои зборуваат јазик различен од службениот јазик, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат во личната карта се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Обрасците на патните исправи и на визите се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо.

Матична евиденција

Матичните книги се водат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Во подрачјата на единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, образецот на матичните книги се печати и податоците во него се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

Изводите што се издаваат врз основа на матичните книги од ставот 2 на овој член се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

Полициски овластувања
При примената на полициските овластувања повикување, приведување и задржување, полицискиот службеник мора веднаш да го извести лицето на јазик што го разбира, за причините за повикувањето, приведувањето или задржувањето и на јасен начин да го поучи за правото да молчи, правото да се советува со бранител, правото на бранител за време на полициската постапка, правото на лекарска помош ако тоа лицето го бара, како и за правото да се извести член на неговото семејство или нему блиско лице.

Радиодифузна дејност
Советот за радиодифузија покрај критериумите предвидени во Законот за радиодифузната дејност пријавите ги оценува и врз основа на жанровската и тематската разновидност на програмските содржини, процентот на учеството на програмите изворно произведени на македонски јазик или на јазиците на немнозинските етнички заедници кои живеат во Република Македонија во вкупната дневна програма што се планира да се емитува, застапеноста на програмите што ќе третираат настани и случаи од значење за
подрачјето на кое ќе се емитува програмата и застапеноста на европските аудиовизуелни дела.


Радиодифузерите се должни дневно да емитуваат најмалку 30% програма изворно создадена на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија, при што во дневното време на емитување не се смета времето одредено за вести, спортски настани, игри, рекламирање, телетекст и телешопинг услуги.

Инфраструктурни објекти
Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Во општината во која најмалку 20% од граѓаните користат друг службен јазик различен од македонскиот јазик, името на улицата, плоштадот, мостот и на друг инфраструктурен објект, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, се пишува и на јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните во таа општина.

Локалната самоуправа

о општините службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Во општините службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото кои го користат најмалку 20% од жителите на општината. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на општината одлучува советот на општината.

Во градот Скопје службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во градот Скопје покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, службен јазик е и јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од жителите на градот Скопје. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на градот Скопје, одлучува Советот на градот Скопје.

Прописите кои се однесуваат на употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на градот Скопје, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Советот на градот Скопје, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство жители во градот Скопје.

Во општините во градот Скопје службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во општините во градот Скопје покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, службен јазик е и јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од жителите во општината. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите во општините во градот Скопје одлучува советот на општината.

Економија
Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско писмо. Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со натписот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо.

Трговецот ги води трговските книги на македонски јазик, со арапски цифри и со вредности изразени во денари. Ако користи кратенки, кодови, знаци или симболи, тој мора јасно да го објасни нивното значење.

Трговецот со седиште во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, трговските книги ги води на македонски јазик, а може да ги води и на тој јазик.

Образование и наука

Воспитно-образовната работа во основното училиште се изведува на македонски јазик и кирилското писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно-образовната работа се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница на начин утврден со овој закон. Учениците задолжително го изучуваат и македонскиот јазик.

Наставник, стручен работник и воспитувач во основно училиште во кои наставата се изведува на јазик различен од македонскиот јазик, освен наставниците по предметот македонски јазик треба да го познаваат и јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

Наставата на високообразовните установи се изведува на македонски јазик.

Припадниците на заедниците заради изразување, негување и развивање на својот идентитет и другите особености, имаат право наставата на државните високообразовни установи, по соодветни студиски програми и содржини да ја изведуваат на јазикот на заедницата, различен од македонскиот јазик, во согласност со овој закон и статутот на високообразовната установа. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високото образование и на јазикот на којшто зборуваат најмалку 20% од населението во Република Македонија.

Наставата на државните педагошки високообразовни установи за образование на воспитувачи за предучилишно воспитание и наставници за основно образование, како и по дидактичко – методичките предмети за наставници за средно образование, може да се одвива и на јазиците на припадниците на другите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

Култура
Министерството за култура за остварување на националниот интерес, согласно со Националната програма, распишува јавни конкурси за проекти што се од национален интерес, во мај во тековната година за наредната година.

Конкурсите се објавуваат во средствата за јавно информирање и траат 30 дена од денот на објавувањето. Конкурсите се објавуваат најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Плакетата доделена согласно со Законот за култура на добитниците на титулата амбасадор на културата на Република Македонија, на припадниците на етничката заедница која е над 20% во Република Македонија, освен на македонски јазик се доделува и на јазикот кој го зборува припадникот на таа заедница.

Објавување на акти
Законите се објавуваат и на друг службен јазик и писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои припаѓаат на заедниците во Република Македонија.


Lokalna dvojazicnost zapisana vo komunjarskiot ramkoven.

Напиј се водичка малку пред да го прочиташ тоа шо најпатриотската власт на сите времиња во цел универзум го прифатила.

:icon_lol:

Помири се со фактот дека Nма Ра3лика!
 
?

..........

Гостин
ЕКСКЛУЗИВНО: Анѓушев го продаде ЕДС на Грчкото електростопанство


Грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, дознава телевизија 24. Во пакет ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. ЕДС е една од водечките македонски компании за трговија со електрична енергија.

Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но дознаваме дека преносот на удели ќе се изведе согласно законите во РМ, со претходно обезбедено мислење на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа со годишни приходи од над 5 милијарди евра. ППЦ е во мнозинска сопственост на грчката влада.

Анѓушев најави дека ќе ја продаде ЕДС во октомври минатата година, за во иднина, како вицепремиер, да избегнува судир на интереси во работењето на компанијата.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
ЕКСКЛУЗИВНО: Анѓушев го продаде ЕДС на Грчкото електростопанство


Грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, дознава телевизија 24. Во пакет ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. ЕДС е една од водечките македонски компании за трговија со електрична енергија.

Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но дознаваме дека преносот на удели ќе се изведе согласно законите во РМ, со претходно обезбедено мислење на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа со годишни приходи од над 5 милијарди евра. ППЦ е во мнозинска сопственост на грчката влада.

Анѓушев најави дека ќе ја продаде ЕДС во октомври минатата година, за во иднина, како вицепремиер, да избегнува судир на интереси во работењето на компанијата.

Опа, калимера Кирјаки Кочо, ти канис била работата :icon_lol:
 
Z

zlaki

Гостин
во моето место на живеење нема 20% Албанци.Мислете му ја вие Македонци каде сте мешани или НЕ ВИ ТЕКНАЛО ДА ПОБАРАТЕ ПОПИС!!!Еден пример..во Скопје кај пријател и седнати во ресторан од кои 5 - души се скопјани,сите од нив беа против Албанците и така ги насловуваа со Албанци,арно ама после некое време дојдоа гости во ресторанот познаници Албанци на пријателите од скопје и ОП се смени терминот Албанци во Албанци,и ОП станаа сите пријатели и некои зборови што претходно беа употребувани сега се ублажија до тој степен што беше неверојатно да се сумира реакцијата.Е па чорба македонче.Иако сум свесен дека сите и од македонците и албанците не се исто по однос на политички збиднувања но очигледно е ДЕКА НЕМА ПРАВИЛЕН ВИСТИНИТ КОМУНИКАЦИЈСКИ ЦИВИЛИЗАЦИЈСКИ РАЗГОВОР ПО ПРАШАЊА КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА а и НИЕ КОИ ЖИВЕЕМЕ ВО НЕА.
 
Z

zlaki

Гостин
КОЈ МИ ГО СМЕНИЛ МИСЛЕЊЕТО ?????еве го точниот текст
во моето место на живеење нема 20% Албанци.Мислете му ја вие Македонци каде сте мешани или НЕ ВИ ТЕКНАЛО ДА ПОБАРАТЕ ПОПИС!!!Еден пример..во Скопје кај пријател и седнати во ресторан од кои 5 - души се скопјани,сите од нив беа против Албанците и така ги насловуваа со Албанци,арно ама после некое време дојдоа гости во ресторанот познаници Албанци на пријателите од скопје и ОП се смени терминот Албанци во Албанци,и ОП станаа сите пријатели и некои зборови што претходно беа употребувани сега се ублажија до тој степен што беше неверојатно да се сумира реакцијата.Е па чорба македонче.Иако сум свесен дека сите и од македонците и албанците не се исто по однос на политички збиднувања но очигледно е ДЕКА НЕМА ПРАВИЛЕН ВИСТИНИТ КОМУНИКАЦИЈСКИ ЦИВИЛИЗАЦИЈСКИ РАЗГОВОР ПО ПРАШАЊА КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА а и НИЕ КОИ ЖИВЕЕМЕ ВО НЕА.[DOUBLEPOST=1515680965][/DOUBLEPOST]МОРАМ ПОВТОРНО ДА РЕАГИРАМ од ЗБОРОТ АЛБАНЦИ ВО ЗБОРОТ Албанци...ДАЛИ ИМА СОФТВЕР КОИ ПО АВТОМАТИЗАМ МЕНУВА ОД албанец НА АЛБАНЕЦ ИЛИ ТОА ГО ПРАВИ МОДЕРАТОРОТ..НЕ Е ФЕР НЕ СЕ ДОЛОВУВА МОЈАТА МИСЛА...
 
L

Löwe

Гостин
КОЈ МИ ГО СМЕНИЛ МИСЛЕЊЕТО ?????еве го точниот текст
во моето место на живеење нема 20% Албанци.Мислете му ја вие Македонци каде сте мешани или НЕ ВИ ТЕКНАЛО ДА ПОБАРАТЕ ПОПИС!!!Еден пример..во Скопје кај пријател и седнати во ресторан од кои 5 - души се скопјани,сите од нив беа против Албанците и така ги насловуваа со Албанци,арно ама после некое време дојдоа гости во ресторанот познаници Албанци на пријателите од скопје и ОП се смени терминот Албанци во Албанци,и ОП станаа сите пријатели и некои зборови што претходно беа употребувани сега се ублажија до тој степен што беше неверојатно да се сумира реакцијата.Е па чорба македонче.Иако сум свесен дека сите и од македонците и албанците не се исто по однос на политички збиднувања но очигледно е ДЕКА НЕМА ПРАВИЛЕН ВИСТИНИТ КОМУНИКАЦИЈСКИ ЦИВИЛИЗАЦИЈСКИ РАЗГОВОР ПО ПРАШАЊА КОИ СЕ ОД ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА а и НИЕ КОИ ЖИВЕЕМЕ ВО НЕА.
Ауто корект има на форумов за тој термин кој што сакаш да го пишеш. Не се напнувај, ќе те стрефи инфаркт за џабе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom