Никој не побара промена на таа пракса, напротив, Заев изјави нема да се воведува двојазичност на цела територија и т.н Тиранска платформа постои само во глават ана Груевски, тука нема перење. Лажење без скрупули.
Најинтересни ми се инаку прогресивните либерали, реализирани економически патриоти, кои во секој момент кога ќе се доведе во прашање спротивставување на албанскиот национализам во МКД, веднаш споменуваат улица, беретки, кубури, тепања, арчење итн, фактички со еден таков пристап само покажувате дека албанците ги сметате за варварско племе со ментална матрица од среден век со кое нема шанси да се дојде до цивилизирано решение на проблемите, единствена политика е за нив онаа на силата, лицемерие невидено повторно, еве сега Ел Президенте Хорхе вели законот за албанзиација е неуставен, и шу праиме?
Од друга страна пак, дека вмровците крадеа, лажеа и сето тоа под превезеот на декларативниот патриотизам, овие пак сега тоа некако ги ослободува од секаква одговорност, уште помалку очекувања. Па некој да повика некого на одговорност не иди во предвид, пошто ете rezimod шо правеше, сеа ние сме либерте се додека не ги надминеме вмровците во глупостите.
Не сфаќам, тоа шо го правеле тие пред нив, како ги ослободува овие сега од одговорност и го намалува прагот на очекувања?
Веројатно не ни знаат шо ветувале пред избори, тек пак за реализација на ветеното е мислена именка.
И да, не ми одговори, дали СДСМ е експозитура на здружени странски интереси шо не може од нив да се очекува патриотски потег?