Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Poentata e deka sudstvoto pravdata poslednite 11 god se dovede do dnoto
I sega se cudis zaso ova im se desava na vmrovcite
Pa ke im se desava se sto pravea so niven kamen po glava im se desi
11 godini se unistuvase sudstvoto i uste prodolzuva da se unistuva nisto ne se smeni
Судството се води кон дното од секогаш. И не само судството. Се. Сам можеш да видиш дека државните функции, директорски, раководителски (па и работни) места се делат само на партиски (подобни) лица. Многу без квалитет и капацитет за тоа. Ама, мора да е „наш“. Цел систем и ментален склоп така ни се насади. Од 1992г. па навака.
А сегашниве случаи со „вмровците“ според она што го гледаме се строго тендециозни, се инсталираше дури и неуставно обвинителство. И никому ништо. Дури гледаме дека „демократските“ држави не тераат на неуставни дејства, и тоа во судството. Ова е еден вид на државен удар врз Македонија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.155
Поени од реакции
16.293
ДАЛИ НИ СЕ СПРЕМА “НОВА МАКЕДОНИЈА“?



Според грчките медиуми, американците им дале рок до следното лето да се реши проблемот со нашето име. Во спротивно, ќе не примеле во НАТО со референцата. Како и секогаш, информациите околу судбината на нашето име, а со тоа и на народот македонски, ги добивавме од југот. Крајно непотребно и како сериозна стратегиска грешка, кај нас тоа прашање цело време се чува како најголема државна тајна и нема никој да ни каже што се случува, камоли – зошто и кој е носителот на “проектот“. По инерција, сите смета(в)ме дека сме жртва на грчките историски синдроми ама се покажа дека не е баш така.

Потврди дека се презема се’ за да не прекрстат во најкус можен рок, добиваме од сите страни. Од кај нас, пак, се најавува целосна спремност да се бара итно решение со срамежливи оградувања дека не смеел да се доведува во прашање идентитетот на народот. Само по себе, тоа е контрадикција. Не може да се менува името а да остане недопрен идентитетот. Името е идентитетот и се мени ли тоа отиде и тој курбан. Прекрстениот има секогаш нов идентитет. Впрочем, идентитет без име – нема. Се’ друго е тешка измама. При несреќи се констатира дека не е утврден идентитетот на жртвите, што значи нивните имиња.

Позитивно е што името се извади од темните политички коридори бидејќи, по 2008-та (Букурешт), сосема јасно се покажа дека е тоа клучот за нашата (не само европска) иднина. Меѓутоа, силен е впечатокот дека тоа сега се прави со нагласен волунтаризам. Изгледа дека сме тргнале по пат, Србите велат – грлом у јагоде, што не може да донесе прифатливи резултати. Добро е што се бара решение ама внимателноста мора да биде максимална бидејќи се работи да се биде, или не.

Заканата на Вашингтон за Атина – или ќе ја прифати нивната формула, која е за нас катастрофална, ама не е ни нивната ерга омнес, или ќе не внесат во НАТО со референцата – е класичен блеф. Како и да се однесува Грција, САД во никој случај нема тоа да го сторат. Заради сопствените интереси. Нив им е сосема јасно дека влеземе ли во алијансата со референцата, ќе нема шанси за прекрстување на Македонија, што е апсолутно не прифатливо за Вашингтон. Во ниту еден момент не треба да забораваме ниту да се залажуваме дека Грција е од другата страна на барикадата која сака да го разнебити македонскиот народ, иако е тоа нивна вековна цел. Таму се главни САД кои, заради своите регионални потреби и планови, ни ја кројат капата. Грците се на маргините. Целта на Вашингтон и Атина е иста и заедничка а се разликуваат во начинот – веднаш или во фази.

Сите што макар и минимално го следат случајот со нашето оспорено и нелегално суспендирано име, веројатно знаат дека Нимиц, покрај ново име, цело време предлагаше и пакет, начин на неговото користење. Ако добро се размисли, и овој податок открива се’. Впрочем, и МНР Коѕијас два пати во последно време ни порача дека се работи за името и неговата употреба, плус “дреболии“ – идентитет, јазик… Секој треба да се запраша – ако ме прекрстат, тука завршува приказната. Сите ќе ми се обраќаат со новото име и готово. Ако има и упатство за неговото користење, значи има и скриени намери – како ќе се викаат татко ми, дедо ми… Токму така. Веќе рековме дека името е идентитетот и затоа се овие додатни објаснувања или инструкции (“пакети“). Тие можат да се однесуваат само на националниот идентитет на македонскиот народ, неговиот јазик (татко ми, дедо ми…), кои неизбежно ќе бидат директно засегнати и доведени во прашање со новото име. Поточно – кога ќе бидеме прекрстени. Нимиц, значи, отворено ни признава дека ни чепка во идентитетот и, за да не се сетат Власите, тој јавно (ќе) не лаже дека т’зи дупка не е дупка. Во “пакетите“ поентата секогаш беше односот на името кон идентитетот, јазикот и Нимиц со сите сили се трудеше тоа да го забошоти. Ви треба ли поголем доказ дека под маса го расчеречуваат нашиот народ?

Предлози за прекрстување на државата имаше повеќе. Од првиот, безболен, на Британецот Робин О’Нил, во декември 1992 (“Република Македонија – Скопје“), преку “Нова Македонија“ та се до “Северна“, “Горна“ и каква се’ не. Додавките беа или географски или временски. Да бидеме прецизни: ако ни наметнат географска додавка, името на државата ќе означува географски регион. “Северна Македонија“ не е име на држава (република е политичка определба и е дел од ткн. “проширено име“). Такво име има смисла само во случаи кога земјата е поделена та има и Јужна. Без тоа е – бесмислица. Временската додавка на нашето име е уште поопасна. “Нова Македонија“, на пример, треба да означи дека ние сме “Новомакедонци“, поточно измислени. Тоа одлично се вклопува во бугарските политики дека ние сме “творба“ на Тито или Коминтерната. Ако прифатиме таква глупост, ќе им докажеме дека се во право.

Факт е дека Софија веќе јавно се изјасни дека деноминациите со “Северна“ или “Горна“ доаѓаат во колизија со пиринскиот дел од регионот Македонија. Изгледа дека Атина ги прифати тие нивни ставови а Вашингтон, најверојатно, ги поддржува. Со тоа, практично, се анулира можноста од географска додавка бидејќи “Вардарска“ е веќе потрошена а други тешко ќе се најдат. Така, воопшто не случајно, еден абер од Атина вели дека во чантата на Нимиц е предлогот – “Нова Македонија“. Тоа е максимално поволно за нив а, паралелно, САД и нивните вазали веројатно ќе не уверуваат дека Грција се откажа од географската додавка, на која цело време инсистира, и тоа е ваша голема победа. Поголема глупост, здравје, ама така функционира пропагандата за која западот е махер. Ем ќе те онадат, ем ќе те уверуваат дека ти си успеал. Информациите од Грција, дека овој предлог е наш, чинам дека се чиста измислица бидејќи не можам да поверувам во таков наш аматеризам.

По илјадити пат да повториме дека името на државата е само начинот како најлесно да се сотре македонскиот народ. Атина сака тоа да се стори со еден потег, наречен ерга омнес а Вашингтон, кој е попрагматичен, предлага етапно разнебитување. Сега на маса е нивната формула за промена на референцата со име за надворешна употреба, која е можна само со наша согласност. Ни бараат историска, незамислива концесија а за возврат ни нудат да го исфрлат нивниот пежоративен и навредлив “прекар“ кој ни го наметнаа со сила а ние го игнорираме. Мислат, де, на нас: сакаат што побезболно да не уништат, “спасувајќи“ не од референцата. А надворешната употреба на новото име, која е апсолутно вештачка и неодржлива, ќе стане и за по дома, фактички ерга омнес, ама за неколку години. Впрочем, како можеш да бидеш едно дома а друго надвор. До Табановце Македонец, иако привремено, а потоа, на пример, “Новомакедонец“? Не оди. Срамно е и понижувачко. Стануваш никој и ништо. Зомби.

Слично беше и кога во Лисабон, Атина успеа да наметне дека во нашето име не смее да го има зборот (не името!) “Македонија“, што беше скандалозна глупост. Подоцна дадоа голема “отстапка“ дека – може. Тоа се срамни изигрувања и манипулации кои ние наивно и недоветно ги голтаме.

Не треба да има никакви дилеми дека новото име за Македонија, кое и да е тоа, веќе е во чантата Нимиц. Сега е во прашање само техниката како тоа да се соопшти и што се’ треба да се стори за да се спречи експлозијата на незадоволство и кај нас ама и во Грција, бидејќи не е ерга омнес. Забележете, на пример, дека ЕУ започна медиумска кампања за погодностите на Унијата, што треба да биде еден од амортизерите на погубниот предлог на Нимиц. Еве, ние ви се нудиме ама од вас зависи. Цената е името. Сигурно ќе следат и други слични махинации, од нај разни профили.

Можеби никој не се прашува – а зошто медијаторот Нимиц се среќава со офицерите (пратеници, делегати) за врска во Брисел а не во Њујорк? И тој и нашиот (Наумовски) се во САД а за Василакис и не е важно каде е. Причината е исклучително важна – по Букурешт (2008) проблемот е практично префрлен од Њујорк во Брисел бидејќи таму има стап за нас (блокада, уцена и ултиматум), за разлика од ООН, каде нема такви можности. Нимиц, иако има нивни мандат, воопшто не е играч на ООН од самиот почеток на медијацијата туку на САД и Стејт департментот. Од ООН тој зема симболично еден долар годишно, заради регистрација, а таму нема ниту буџет за неговата мисија. А некој, сепак, мора да ги плаќа неговите услуги. Кој е тоа, погодете вие. Ова кажува се’ и за неговата мисија и за “газдата“ на “проектот“.

На крај, да се обидеме кратко да ја објасниме разликата меѓу националност и државјанство бидејќи на таа основа ќе не лажат и ќе не мотаат. Ќе зборуваат за државјанство а ќе ни ја менуваат националноста поточно идентитетот. Во англискиот јазик многу често и широко се употребува изразот националност (nationality) често пати и место државјанство (citizenship) а разликата меѓу нив е огромна. Во македонскиот тие две работи не се мешаат. Националноста се стекнува преку наследство од родителите додека државјанство се добива по легален пат од државата во која се живее. Никој не може да му ја смени националноста на било кого, бидејќи е тоа нешто добиено по природен пат додека секој може да има различни државјанства, и повеќе во исто време. Некој може да биде роден во Франција, со нивно државјанство ама да биде по националност – Македонец. Такви комбинаторики има безброј.

Пред нас се драматични месеци во кои ќе се решава за опстанокот на македонскиот народ. Како изгледа, ние ниту сме свесни што ни се случува а уште помалку сме спремни на одговорен начин да се соочиме со предизвиците пред нас. Ако така продолжиме, ќе жнееме што сме посеале.



Ристо Никовски

Декември, 2017

:sneaky:
На кого не му одговара прием под Референцата ???....Па референцата е најточно има, најточни граници и се друго....па и другите нови држави често се нарекуваат ехЈу држави....
 

Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179
11 godini go suluvaa sudstvoto i za toa ne pisna ni zbor ti
Ne e problem niso samo gi gledas rabotite ednostrano
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
На кого не му одговара прием под Референцата ???....Па референцата е најточно има, најточни граници и се друго....па и другите нови држави често се нарекуваат ехЈу држави....
Не се тие толку паметни колку шо сме ние глупави.


:чда:


@Let 3 ти беше форумски еким, речи некој иљач?

:sneaky:
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Штета што не го допрела ДРПМНЕ и неговите fan girls.
@LordDragonII Ова еден ситен доказ за препирката со @VOLK2234 што ја имавте, дека сепак комуњарската рака (удба) одамна е влезена во дпне :sneaky:.
Проблемот е што "небањатите" тоа не го сфаќаат, па уште трева ќе пасат. :D
 
B

Bafra

Гостин
Го имам „истражувано“ ова за Груевски, ама изгледа дека не бил член на ДА.
Проблемот е што "небањатите" тоа не го сфаќаат, па уште трева ќе пасат. :D
Јасно ти е сега @Scirea

Само ти истражувај Жорж, немој случајно незаконски да биде истражувањето и гледај побрзо малку. Немој уште 10 години да бараш :pipi:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
@LordDragonII Ова еден ситен доказ за препирката со @VOLK2234 што ја имавте, дека сепак комуњарската рака (удба) одамна е влезена во дпне :sneaky:.
Не се тие ниту комунисти ниту удби и чудби - тие се фиромјани, каде дувне ветерот таму ќе ги најдеш.

Исто Хорхе е од СДСМ.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
What the fuck is this ... СДСМ НСДП ЛДП ПЕИ ДА извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ епа затоа тоне партијата и неможе вкупно ни десетмина луѓе да извади надвор на протести, никој вмровец (и со право) не сака да излегува по улици на минус температури и да им служи на комуњари како овие на списоков горе !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.155
Поени од реакции
16.293
Жално за мајките со децата не ќе можат да минат пешачки, ќе вриштат, ќе пиштат, цикат.
зависи колку возила ќе има во конвојот :confused:...
Па и без тоа, а и без протести со блокади, има ситуации секој ден на некој раскрсници, кога по 15-20 минути стоката од една насока не признава ни семафори ни црвено и само тие одат, сите други мора да чекаат, а полицијата на твој проливер се крие и бега од такви ситуации...[DOUBLEPOST=1513870802][/DOUBLEPOST]Села: Позицијата „вицепремиер за носење бурек“ ја отстапувам на ДУИ

сељо си бара во здрава нога трн; запнал за министерство за болест, а убаво му се нуди,
министерство за чункологија, министерство за млатење празна слама или нешто слично, понеопасно...
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom