Живот во Охрид: Избркани од работа полицајци од премиерската и претседателската вила во Охрид
December 13
13:54 2017
Print This Article
Share it With Friends
by news24
На осум лица вработени во резервниот полициски состав при Секторот за внатрешни работи во Охрид им било соопштено дека од денес повеќе не се на работа, објави Алсат-М.
Тие во изминатите две години работеле како обезбедување на вилите на премиерот и претседателот на државата кои се наоѓаат во Охрид.
Велат дека не се членови на ниту една политичка партија, но сепак се сомневаат дека станува збор за политички прогон.
-Немало потреба од нас, а во исто време се примени нови осум. Јас можам да го толкувам и како лични интереси и како политички прогон – вели Влатко Анѓелески- отпуштен од резервниот полициски состав во СВР Охрид.
-Дежурниот синоќа ни се јави без претходна најава дека ќе бидеме избркани од работа, бидејки денес почнуваат нови осум припадници на резервниот состав.
Имавме пофалби и од началникот на обезбедување и кај премиерот и претседателот – кажува Кристијан Дулески-отпуштен од резервниот полициски состав.
-Остануваме социјални случеви без никаков приход – изјавил Сашо Спироски–отпуштен од резервниот полициски состав.
Овие луѓе велат дека биле примени со договор на дело, а последните две години редовно земале плата, но не добивале решенија за работа.
Не биле ниту здравствено или пензиски осигурани.
Од СВР Охрид ни најавија дека ќе излезат со официјално соопштение за случајот.
http://news24.mk/zhivot-vo-ohrid-izbrkani-od-rabota-politsajtsi-premierskata-i-pretsedatelskata-vila-vo-ohrid/