Ама ајде да бидеме реални...
-Сакаа да падне ДПМНЕ од власт? Да, ете ги паднаа
-Сакаа да има затвори за тие на 27ми? Ете ги дел лежат во Шутка, дел ги бара полицијата, а којзнае утре дали ќе апсат нови осомничени за тој ден.
- Го сакаа Груевски да падне? Ете го, поразен, понижен, еден кур човек станал, си даде оставка, а 99,9% ќе лежи и во Шутка
- Сите ќе си лежите? Рангелова, Мијалков, Миле, тие двајцата во Грчка, Јанкуловска итн сите се со одземени пасоши и дремат пред судовите
- Медиумските мегафони? Сител не е тоа што беше, ќе си лежат Латас и Ивона во ќорка, ТВ Нова е дефакто продадена телевизија, Сеад Кочан ќе си лежи милум или силум. Канал 5 е лижигз телевизија, МТВ да не ја арчам тастатурава, едино само Алфа остана онака најнајнајрадикална во своите известувања.
Ај сега да се навртиме на гомнава на власт што направија.
- Изнапикаа пола Твитер и Шарена Револуција во влада и им дадоа некакви функции. Боки 13, Туфегќич шизофреничарката што моментално протестира сама против себе, наркоманот Павле Богоевски, единичарот и братот на Ермира Мемети, Лешо кој го планираа да го стават шеф на Стушките Вечери, Васиљ интерашот.... треба уште?
- Двојазичноста била еден од условите за влез во ЕУ и НАТО (ѓоамити со европско знаменце).... Доаѓа Хан во Скопје со демант, во 5 секунди пред сите новинари им дава таков генг-бенг што одма после таа изјава цела недела беа во бунило и одкажаа секакви седници по таа точка. Повторувам ГЕНГ-БЕНГ од еден човек, а да не збориме за тоа што во очи го лажеа цел народ.
- Овие од ДИК правеле класично "клати врата, земај 30та плата", излага Бејли (Замисли Бејли, амбасадор на САД во земјава) и им дава дознаење да прекинат да се глупираат. ОК внатре во ДИК има секакви членови од сите партии, дадов мое мислење за нив поназад, сите преќутеа освен... мегафоните на сегашната влада. Кој бил тој Бејли да кажува што да работат внатре во ДИК? Штознам, човкот без кој ни во 3000та година немавте да дојдете на власт... па уште и дрски демек зошто ги откриле. Гојда бре гојда.
Сега ми е прашањето, уште кога ќе се замараат со Груевски и компанија? Ете нив утре-задутре ќе ги пикнат во ќорка, потоа што? Ќе бара некој од членовите на СДСМ тука (да, да ги има, немора да скокате како прлиња пред магаре) одговорност од Заев? Шеќерка А.К.А имам милиони во банка, а сеуште одам ко искубана кокошка во главата?
Се смеевте на сендвичарите од ДПМНЕ кои не смееа да му преречат ништо на Грујо и Мијалков, ама вие кога ќе му речете на Заев "полека човек, крени ручната"? И не, немојте да ми ја користите Туфгеќич што се прави будала сама од себе како пример. Класично замаглување на очи, истокако што беа контрапротестите на ДПМНЕ, само оваа е некоја нова верзија, надградбена и проширена.
Јас сум рекол, да ДПМНЕ беа лоши, ептен ептен лоши, дури и злобни во своето владеење... али ако има некој капацитет сето тоа да го надмине од прошливе 11 години, тоа се еве овие моментално што се на власт., а најтажното е што тие што најмногу крекаа против Груевски ќе ги снајде иста судбина со Заев... ќе ја наведнат главата и ќе му ги бакнат кондурите, никој нема да рече "А" против него.
Гниди бре, и едните и другите.... класични гниди.