На работа бе Клинче, не сум јас од овие другите па да ми дават пари за дрвење по форуми. Башка нека помини еуфоријата, како се радосни па да не им кршам филм. Само вака си се прашувам по колку време од сега ќе почнат да плачат. Се си мислам дека од еуфоријата што ги зафати подалеку од носот слабо гледаат и уште не се свесни што се случи. Ти шо викаш кога ке почнат лелекањата ?
Чим велиш така, така е, тури му qr на таквите гремлинчиња, а и да ги плаќаат некои чудно ми е, ептен голем кретен треба да дава пари по такви идиотчиња, него за лелекањето, си цмиздрат, бугаризација и албанизација веројатно по партиски состаноци никој не им најави, тоа во екстра се брои.
Ова сега која глупост е,
Ги известуваме нашите членови и симпатизери дека нашата официјална Фејсбук страна е мета на организирани напади и е пријавувана неколку дена со ред, со цел истата да биде тргната од социјалната мрежа. Нападите не се воопшто стихијни, во ова се вклучени поголем број на луѓе кои се добро организирани и синхронизирани.
Ние имаме ограничен пристап до традиционалните медиумите, па затоа оваа страна која е следена од преку 17.000 луѓе за нас претставува моќен онлајн медиум преку кој ги шириме нашите идеи и ги искажуваме нашите ставови.
Оттука прашуваме, кому му смета нашата официјална страна?
Левица смета дека ваквите потези се знак на очај и страв од издржаната политичка критика која ја нуди партијата и од последните јавно искажани партиски ставови и јасните политички позиции на кои стои Левица!
Левица нема да биде поколебана од ваквите подли игри и ќе продолжи јасно и гласно да го кажува она што обичниот човек во Македонија го мисли!
Левица фејк била, за ДПМНЕ работела, па не знам џанкери или шо биле...шо ти значи партиско-полициска држава, некој го здожежа Апасиев на Телма, нема да ме чуди некоја ујдурма да му направат тие ич шо не се исти, сепак Камедонија е ова, удбашки менталитет преовладува, шо мислат дека Вили Брант ни е премиер а Улаф Палме претседател, не било за да биди едноставно.