Oh, snap gragani!
Поранешниот претседател на Република Македонија и екслидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во изјава за Република вели дека е револтиран од приведувањата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и активисти на иницијативата „За Заедничка Македонија“.
– Притисокот, уцените и заплашувањата со кои се служат Зоран Заев и неговиот послушник Оливер Спасовски се далеку пострашни од оние во времето на груевизмот. Незамисливо е пратеници и граѓани да бидат прогласувани за терористи затоа што се противеле на некаква политика на владата, па макар и да ги понеле емоциите и да удриле по некој шамар или тупаница. Ако ја следиме логиката на обвинителството, кое сега е под контрола на Заев и Спасовски, тогаш и ние кои на 24 декември 2013 направивме инцидент во и надвор од Собранието, сме терористи. Ова е смешно, од причина што и двајцата на тој ден кој го нарекуваме „Црниот понеделник“, беа вмешани во ницидентит – вели Црвенковски за Република.