Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
@Bafra
Другиве нации сами се изборија за држави, а нас дедото Тито не сожалил и верувал дека ќе имаме успешна држава ама сепак станавме најголемата мизерија во Европа.[DOUBLEPOST=1511630152][/DOUBLEPOST]
Брат, треба да им забраниш на такви мизерници да пишуваат на тема : СЛУЧУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА!
Штом не е во Македонија нема право да тресе зелени и да се праи паметен на лица кои живеат во Македонија.
Ти малку да прочиташ историја не ќе да е на одмет ако веќе коментираш за други нации, како дошле до држави, кој им ги ДАЛ, зашто итн итн.
Еве почни со Грција и Бугарија чии кралеви имаат, после Србија итн итн. Вака смешен си.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Тој Слободан Богоевски, дали е во сродство со Павле Богоевски?

Инаку ова се живи глупости, Маџар Телеком менаџментот се изјасна виновен по обвиненијата во САД, ете тука клевета.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.544
Врска татарските пасоши, тоа било уште од време на османлиите. Сите таканаречени револуционери имале татарски документ, за да можат без проблем да се движат низ другите држави. Но не значи дека тој не се чуствува Македонец или дека нема дома да збори Македонски.

Мене нации ми се безврска ама кога запнале зборот Македониа да се заборави сакам да знам ЗАШТО.
Членот @Ne_sum_ja за ЕУ кажа до восхит дека тие нации не се откажувале така лесно од нивните традиции вредности итн итн а тука ми проповедаат дека си варварин ако се грижиш за својата историја.

Значи Глобализацијата е неизбежна и ја подржувам затоа со тебе и @Vanlok се караме :D ама па ако веќе даваме име сакам да знам ЗАШТО или што за возврат ќе добиеме.
Најверојатно Голема Влахија што и не е така лошо :D
Е па ете ти ја глобализацијата на дело - поголемите им диктираат на помалите како треба да функционираат.

Гејлада ја има таа предност да биде во подобра геостратешка позиција наспроти Македонија, поради што глобализираниот запад повеќе им ги исполнува хировите на гејците, во спротивно во 2008 година воопшто немаше ни да им дозволат да стават вето на поканата за полноправно членство на Македонија на самитот на НАТО во Букурешт.

Правилата и условите на глобализацијата во која ти се крстиш, ги диктираат големите и богатите држави, а не малите и сиромашните како Македонија. А големите и богатите држави од западот - бидејќи нели западната глобализација ја следиме, а не источната - велат дека името на Фиромистан треба да се менува. Поедноставен пример за глобализација, здравје.

Пред 30 години, постоеше источна и западна глобализација - источната се нарекуваше социјалистичка, западната се нарекуваше капиталистичка. Денес постои само западната глобализација, а на западњаците воопшто не им е гајле како се вика Фиромистан и дали нивната глобализација резултирала со позитивни резултати во Фиромистан или само богатите станале побогати наспроти сиромашните кои станале посиромашни - ова последново исто така е западен глобализациски стандард.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ти малку да прочиташ историја не ќе да е на одмет ако веќе коментираш за други нации, како дошле до држави, кој им ги ДАЛ, зашто итн итн.
Еве почни со Грција и Бугарија чии кралеви имаат, после Србија итн итн. Вака смешен си.
Хахахах големиот историчар, другите се изборија за држави, ете ти пример од утепани нации кои беа светлосни години позади нас, а моментално се неколку светлосни чекори напред, тоа се Романија и до некаде Бугарија.
Ние сме си сеуште фиром.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.130
Поени од реакции
23.627
Хахахах големиот историчар, другите се изборија за држави, ете ти пример од утепани нации кои беа светлосни години позади нас, а моментално се неколку светлосни чекори напред, тоа се Романија и до некаде Бугарија.
Ние сме си сеуште фиром.
Во која смисла беа утепани нации до пред 20 години?
А пред 30 години исто беа утепани нации?
Ние како стоевме со утепаноста пред 20, 30 па и 50 години?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.324
Поени од реакции
16.488
Има шпекулации и за делумно политичка основа за убиството во Чаир...демек внатрешна пресметка во коалицијата....
Убиениот кратко пред да биди убиен, јавно преку ФБ нешто му дофрлал на некоја батка од ДУИ за предавство

``Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели сеуште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе?Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена.Јас не му поверував но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален. – стои во последната ФБ објава на Исмет Кока.``

арно им се случи ова во Чаир:mad:, баш дента имаше на куртонските ТВ 24 вести снимена предходно емисија, министерот за криминал прОливер се прави на удрен за убиството на Јанушев демек МВР мора да најде НЕПОБИТНИ докази за да се покрене кривична постапка и Потерница :facepalm:
АЛО, па ако не се врати од викенд затвореник уште во понеделник оди ПОТЕРНИЦА !!
Па уште дробеше дека само ОЈО подигнува кривични а сега со изборите неколку полициски станици
( Штип, Велес, Кочани и др) покренаа дузина фингирани кривични против кандидати на Локалните избори, а ваму министерот лаже МВР не можел да покрене кривична против убиец кој згора не се вратил од викендот во затвор:facepalm:[DOUBLEPOST=1511641440][/DOUBLEPOST]
Тој Слободан Богоевски, дали е во сродство со Павле Богоевски?

Инаку ова се живи глупости, Маџар Телеком менаџментот се изјасна виновен по обвиненијата во САД, ете тука клевета.
и во МНЕ се молчи а замешана е мислам ќеркаму на Џукановиќ, само таму помало беше митото, помал пазар се
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Поарно е сега засега од претходно.

Зошто?

Затоа што се смируваат тензиите на повеќе полиња, нешто на што се надевав дека ќе се случи.

Второ затоа што има критика кон власта нон стоп, претходно тешко некој неопределен или пак член на владејачка партија да се осмелеше да критикува, ќе го јадеше немиен.

Трето се движиме кон НАТО и се надевам кон ЕУ.

Четврто најпосле редно е да си ги расчистиме односите со Бугарија, која секогаш била на наша страна во секој клучен момент на нашата независност.

Петто редно е да си ги расчистиме односите со Србија, која секогаш била против нас во секој клучен момент од нашата независност.

Има уште ама ај доста е сега засега...
Ако го споредуваш периодот после Пржино и моментално може да се каже дека премногу нешто се сменило, а огромната разлика се чувствува не зашто Зоки и владата супер работат, туку од проста причина што имаше еден куп меѓупартиски и предизборни калакурници во тој период, кои преминаа и во индиректна конфронтација меѓу нашите соседи, па дури и меѓу ниските ешалони на САД и Русија.

Но, споредувајќи го предпржинскиот период и овој можам да најдам многу сличности:

1. Вработувањата во јавна администрација повторно ги земаат исклучиво членови на владеачката партија
2. Кадрите во новата влада се дури и покатастрофални од претходните(тука многу потфрлија)
3. Ги имаме истите прешалтувања од ,,граѓански" сектор во Владата

Исто така ептен ми бодат во очи дадените ветувања за дебата, за секое битно прашање. Тука мислев дека повеќе ќе се потрудат, барем привидно да истуркаат нешто, а не Зоки на секое излагање да вели дека оваа влада ќе дебатира, а уствари ни јавноста ни експертите од областа не беа прашани, ниту консултирани за договорот со Бугарија. Истото по се изгледа ќе се случи и за новиот буџет. Така што, фактички имаме привидна дебата за ситници и нула дебата за крупните прашања.

Тоа што се поотворени во некои сегменти и се внимава на некои потези мене повеќе ми изгледа дека е ПР отколку неопходно потребните суштински реформи и се должи пред се на тенката коалиција и 49-те пратеници(за разлика од тие 62 на ДПМНЕ).

Една од ретките позитивни работи, кои неопходно беше да се преземат е цврстиот став за проНАТО и ЕУ. Тоа дефинитивно ни беше потребно, пред да избувне некаков конфликт.

Се на се премалку е направено засега, а еуфоријата за падот на Грујо се повеќе спласнува.
 
B

Bafra

Гостин
Хахахах големиот историчар, другите се изборија за држави, ете ти пример од утепани нации кои беа светлосни години позади нас, а моментално се неколку светлосни чекори напред, тоа се Романија и до некаде Бугарија.
Ние сме си сеуште фиром.
Ти ако си излегол од Македонија еве на. Ој пљукај по Грујо и крсти се во Зајо. Романија светлосни години :pos: а бугарија блиску била :D
Фиром сме зашто предавникот Око Сакато тоа го направи, Внука му го продолжува процесот, а ПРОСТ народ (не глобализација) тоа си го прифати ко циган мрсул, а сега нешто ко божем се бунат.

Е па ете ти ја глобализацијата на дело - поголемите им диктираат на помалите како треба да функционираат.

Гејлада ја има таа предност да биде во подобра геостратешка позиција наспроти Фиромистан, поради што глобализираниот запад повеќе им ги исполнува хировите на гејците, во спротивно во 2008 година воопшто немаше ни да им дозволат да стават вето на поканата за полноправно членство на Македонија на самитот на НАТО во Букурешт.

Правилата и условите на глобализацијата во која ти се крстиш, ги диктираат големите и богатите држави, а не малите и сиромашните како Македонија. А големите и богатите држави од западот - бидејќи нели западната глобализација ја следиме, а не источната - велат дека името на Фиромистан треба да се менува.

Поедноставен пример за глобализација, здравје.
Природен закон е помалите да се вртат околу поголеми. Месечината околу земјата, земјата околу сонцето (ок за некои ова не е вистина, обратно било) Сонцето се движи низ универзумот по одредена траекторија итн итн. Муабетот е дека очекуваат со менување име мед и млеко ќе има, суд ќе работи, фирми ќе се отвараат. Е НЕМА така да си знаете :anco:

Од Источната па многу корист сме виделе (y) .

Цел свет ни е на дланка, а вие лоши биле глобалистите. Полоши се поповите и удба ама кој да го согледа тоа јбг.

За да се оствари целта на глобалистите мора први хаос да има, а од хаосот ќе произлегува редот :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Тој Слободан Богоевски, дали е во сродство со Павле Богоевски?

Инаку ова се живи глупости, Маџар Телеком менаџментот се изјасна виновен по обвиненијата во САД, ете тука клевета.
Не е, уште од пред 2 години прашуваа сите.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ти ако си излегол од Македонија еве на. Ој пљукај по Грујо и крсти се во Зајо. Романија светлосни години :pos: а бугарија блиску била :D
Фиром сме зашто предавникот Око Сакато тоа го направи, Внука му го продолжува процесот, а ПРОСТ народ (не глобализација) тоа си го прифати ко циган мрсул, а сега нешто ко божем се бунат.



Природен закон е помалите да се вртат околу поголеми. Месечината околу земјата, земјата околу сонцето (ок за некои ова не е вистина, обратно било) Сонцето се движи низ универзумот по одредена траекторија итн итн. Муабетот е дека очекуваат со менување име мед и млеко ќе има, суд ќе работи, фирми ќе се отвараат. Е НЕМА така да си знаете :anco:

Од Источната па многу корист сме виделе (y) .

Цел свет ни е на дланка, а вие лоши биле глобалистите. Полоши се поповите и удба ама кој да го согледа тоа јбг.

За да се оствари целта на глобалистите мора први хаос да има, а од хаосот ќе произлегува редот :D
Во Романија има македонци кои се отидени на арбајт, а во Бугарија нашите пак го пушат курот за пасоши, сеуште мислиш дека Македонија е подобро место за живеење од овие држави?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.544
...

Од Источната па многу корист сме виделе (y) .

...

За да се оствари целта на глобалистите мора први хаос да има, а од хаосот ќе произлегува редот :D
Е па зошто тогаш да ја следиме западната глобализација ако мора да има хаос за да произлезе ред од истата ?

Вака оваа западнава глобализација која ти ја фаворизираш делува повеќе на рекет отколку на благосостојба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom