Конфискацијата е особено важна. Македонија има добра правна рамка, но во пракса недостасува или храброст или докази за институциите да ја спроведат – вели професорката Гордана Бужаровска, на конференцијата за конфискација на имот. Според експертите, една од позначајните законски одредби е тоа што оваа мерка не застарува.
„Кај овие постапки нема застареност, дури и не само за извршување на мерката откако е изречена, туку и за поведување на постапка. Ако застари гонењето на кривичното дело, нема пречка после неколку години дабиде спроведена оваа постапка.“ - вели академик Владо Камбовски
Најголемиот дел од истрагите на Специјалното јавно обвинителство се поврзани токму со финансиски криминал, за кој се товарат функционери од поранешната власт. Обвинителите од тимот на Јанева се пожалија на опструкции од неколку институции, поради што не можат навремено да ги обезбедат потребните наредби за обезбедување на имотот на лицата опфатени во истрагите.