Тропаш глупости. Не се добива државјанство по основ ,,македонец по националност,,. Такво нешто не постои во законот и е смешна работа.
Државјанство на рм се стекнува:
1) потекло,
2) раѓање на територијата на Република Македонија,
3) природување и
4) меѓународни договори.
Со потекло
Со потекло стекнува државјанство на Република Македонија дете на кое:
1) во моментот на раѓањето двата родители се државјани на Република Македонија;
2) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а детето е родено во Република Македонија, доколку родителите спогодбено не определат детето да го добие државјанството на другиот родител и
3) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а другиот родител е непознат или со непознато државјанство, односно без државјанство, а детето е родено во странство.
Државјанство на Република Македонија со потекло стекнува и посвоеник при потполно посвојување на кој двата или едниот посвоител е државјанин на Република Македонија. Во случаите кога детето е родено во странство на кое едниот родител во моментот на раѓањето е државјанин на Република Македонија, а другиот странски државјанин, со потекло стекнува државјанство на Република Македонија ако до наполнети 18 години живот биде пријавено за запишување како државјанин на Република Македонија или ако до наполнети 18 години живот постојано се насели во Република Македонија со родителот кој е државјанин на Република Македонија.
Во случај на судски спор за доделување на дете, државјанството се стекнува по правосилноста на судската одлука. Во определени услови државјанство на Република Македонија може да стекне и лице кое не е пријавено од двајцата родители, со наполнети 18 години живот, ако поднесе пријава за упис во државјанство на Република Македонија до навршени 23 години живот.
Со раѓање на територијата на Република Македонија
Државјанство на Република Македонија стекнува дете кое е најдено или родено на територијата на Република Македонија на кое родителите му се непознати, или се со непознато државјанство или се без државјанство.На детето ќе му престане државјанството на Република Македонија ако до наполнети 15 години живот се утврди дека родителите му се странски државјани и доколку детето нема да остане без државјанство.
Со природување
Државјанство на Република Македонија со природување може да стекне странец кој лично поднел барање за прием во државјанство на Република Македонија, ако ги исполнува следниве услови:
1) да наполнил 18 години живот;
2) до поднесувањето на барањето законски и постојано да живее на територијата на Република Македонија најмалку осум години;
3) да има обезбедено стан и постојан извор на средства за егзистенција во висина која овозможува материјална и социјална сигурност под услови утврдени со закон;
4) во Република Македонија и во државата чиј државјанин е да не бил казнуван со казна затвор во траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви според прописите во Република Македонија,
5) против него да не се води кривична постапка во Република Македонија и во државата чиј државјанин е;
6) да го владее македонскиот јазик до тој степен да може лесно да се разбере со околината;
7) да не е изречена мерка забрана за престој во Република Македонија;
8) неговиот прием во државјанство на Република Македонија да не ја загрозува безбедноста и одбраната на Република Македонија;
9) да потпише заклетва дека ќе биде лојален граѓанин на Република Македонија и
10) да има отпуст од досегашното државјанство или да докаже дека ќе го добие ако биде примен во државјанство на Република Македонија.
– Лице без државјанство или бегалец
Државјанство на Република Македонија со природување може да стекне лице без државјанство или со признат статус на бегалец, ако од утврдувањето на без државјанството, односно признавањето на статус на бегалец до поднесувањето на барањето за прием во државјанство, законски и постојано живее на територијата на Република Македонија најмалку шест години, да не бил казнуван во Република Македонија со казна затвор во траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви според прописите во Република Македонија, против него да не се води кривична постапка во Република Македонија и ако ги исполнува условите од точките 1, 3 , 6, 7, 8 и 9 погоре.
– Иселеник
Иселеник од Република Македонија, како и негов потомок до прво колено, може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1,2 и 10 погоре . Под поимот ,,иселеник”, се смета граѓанин на Република Македонија кој се иселил од Република Македонија во друга држава, освен во матичната земја, без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
– Странец кој е во брак со македноски државјанин
Странец кој е во брак со државјанин на Република Македонија најмалку три години и до поднесувањето на барањето законски престојува најмалку една година не прекинато на територијата на Република Македонија може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1 ,2, 6 и 10 погоре. Странец кој е во брак со државјанин на Република Македонија најмалку осум години, кој законски и постојано живее во странство и со Република Македонија има цврста и ефективна поврзаност, може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1,2, 6 и 10 погоре.
– Стекнување државјанство поради научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес
Странец кој ги исполнува условите од член 7 став 1 точки 1 и 8 на овој закон може со природување да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа преставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес. Владата на Република Македонија со уредба ги утврдува критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство.
Владата на Република Македонија го дава мислењето за постоење на особениот интерес.
Не се добива државјанство на ,,јас сум македонец,, оти тоа го има истото значење како и ,,јас сум албанец,, ,,јас сум турчин,, ,,јас сум виетнамец,, па дајте ми државјанство. Може и некој црнец од Гана да изјави ,,јас сум македонец дајте ми државјанство,,.... Не се брукај.