Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.568
Поени од реакции
16.757
Има право и злоупотреба на правото. Овој случај е класична злоупотреба на правото. Неспорно е дека тие гревови имале државјанство а со тоа и право на глас. Прашањето е како тие луѓе добиле државјанство? Дали ги исполнувале условите кои за добивање на мк државјанство се прилично ригорозни? Или тоа некој го работел кампањски и наменски за изборите, некој овде штампал државјанства а некој од пустец ги испорачувал тие луѓе? Тој што штампал државјанства има направено кривично дело несовесно постапување во службата, злоупотреба на службена положба, куп кривични дела против изборите, злосторничко здружување и што ли уште не а додека тој што ги испорачувал и организирал гревовите да земаат такви државјанства и знаел дека тоа е заради местење на избори, за тоа земал пари или имал некоја друга корист... во најмала рака одговара како помагач а во случајов мислам дека Темелко ке наебе и како соучесник. Не оди тоа така како што мислиш, имал државјанство па гласал и никому ништо......
пред се од пустец гласаа малку луѓе, а и државјанства добија доста пред изборите
ете истата работа е и со Блгарија и Албанија, наши граѓани гласаат таму, посебно беше интересно со гласањето во Тирана... што не побара албанското сјо притвор за некој наш градоначелник од западна Македонија ??
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Иии 200.000 фантоми ќе земат по 100.000 фантомски евра, бдп порасна на 5,8% реални.
He ce зафркавајте, барајте ја оригиналната снимка[DOUBLEPOST=1506459593][/DOUBLEPOST]
пак не разбираш, со давање држаавјанство се креира и ЕМБГ, па во избирачкиот список сите гласачи имаат ДРУГ ембг... ако има 60.000 нови дравјанства ( и нови гласачи) тогааш има и 60.000 нови ембг а не 15000
Затоа и има неколку стотини обвиненија против иљадници луѓе, оти не било по закон туку беше правено криминално и незаконски
Цела Македонска и светска јавност ги слушна снимките, СЈО врз основ на снимките направи истрага, најде докази, ги повика сите осомничени да дадат исказ пред нив, и сето тоа ојде во обвинителен акт.
Штом обвинители и судии нашле дека има основ за судење - има незаконитости.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.410
Поени од реакции
4.313
пред се од пустец гласаа малку луже, а и државјанства добија доста пред изборите
ете истата работа е и со Блгарија и Албанија, наши гражани гласаат тамупосебно беше интересно со гласањето во Тирана... што не побара албанското сјо притвор за некој наш градоначелник од западна Македонија ??
Ако некој се фрли во Вардар треба и ти да се фрлиш? Остај Албанија и Бугарија, треба да бидеме подобри од нив а не да земаме пример од нив. И не е битно дали биле 1000 или 10 000 државјанстава издадени ами битно е дека биле издадени незаконски и со цел изборни манипулации и измами. И едно државјанство да е пак е тоа криминал и за тоа се одговара. Ако во центар победеше оној дебелиот од тинекс со еден глас разлика, ке беше градоначалник? Еве замисли сега СДСМ, бидејќи го има МВР, свои 1000 членови од Гостивар да ги запише како жители на Прилеп и тоа сите во еден стан, ке биде тоа изборен криминал или ке биде тоа законски и во ред? Имаш легални барања поднесени до мвр за промена на адреса, приложен договор за живеење под кирија на некоја адреса во Прилеп, имаш решение од мвр дека е извршена промената. Каде е криминалот? Не одат некои работи, неможе да се посереш а да не засмрди....
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.568
Поени од реакции
16.757
Ако некој се фрли во Вардар треба и ти да се фрлиш? Остај Албанија и Бугарија, треба да бидеме подобри од нив а не да земаме пример од нив. И не е битно дали биле 1000 или 10 000 државјанстава издадени ами битно е дека биле издадени незаконски и со цел изборни манипулации и измами. И едно државјанство да е пак е тоа криминал и за тоа се одговара. Ако во центар победеше оној дебелиот од тинекс со еден глас разлика, ке беше градоначалник? Еве замисли сега СДСМ, бидејќи го има МВР, свои 1000 членови од Гостивар да ги запише како жители на Прилеп и тоа сите во еден стан, ке биде тоа изборен криминал или ке биде тоа законски и во ред? Имаш легални барања поднесени до мвр за промена на адреса, приложен договор за живеење под кирија на некоја адреса во Прилеп, имаш решение од мвр дека е извршена промената. Каде е криминалот? Не одат некои работи, неможе да се посереш а да не засмрди....
зошто новата власт не го смени законот и не укина право на глас на Локални избори за странските жители ??????????
сега Темелко е притворен па нема да дојдат од Пустец во Скопје да гласаат за Коце ( а на избирачки список се), но затоа од Косово со автобуси ќе дојдат 2-3000 албанци да гласаат за Шилегов...
А пак да повторам, гласање за локални избори никаде не се организира по амбасади, тоа е само за Парламентарни, туку од странство доваѓаат гласачи , ако некој ги организира... ете примерот со србите со хрватска домовница кој организирано гласаа во Лика на локални избори, а на парламентарни се гласа по хрватски амбасади ( и кај нас гласаа во амбасадата)
А РМ на минатите парламентарни избори не организира гласање по амбасадите низ светот, не се сеќавам која беше причината, дали мал интерес ?
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.410
Поени од реакции
4.313
зошто новата власт не го смени законот и не укина право на глас на Локални избори за странските жители ??????????
сега Темелко е притворен па нема да дојдат од Пустец во Скопје да гласаат за Коце ( а на избирачки список се), но затоа од Косово со автобуси ќе дојдат 2-3000 албанци да гласаат за Шилегов...
А пак да повторам, гласање за локални избори никаде не се организира по амбасади, тоа е само за Парламентарни, туку од странство доваѓаат гласачи , ако некој ги организира... ете примереот со србите со хрватска домовница кој организирано гласаа во Лика на локални избори, а на парламентарни се гласа по хрватски амбасади ( и кај нас гласаа во амбасадата)
А РМ на минатите парламентарни избори не организира гласање по амбасадите низ светот, не се сеќавам која беше причината, дали мал интерес ?
Многу си конфузен. Не е проблемот дали се работи за локални или парламентарни избори и не е проблемот во тоа дали луѓето кои се во странство а имаат македонско државјанство може да гласаат. Не е проблемот ниту во гласање по амбасади или организирано идење со автобуси. Никој немаше да ги гони Темелко и компанија ако организирале превоз за државјани на РМ од било која земја на земјината топка и ги донеле на избори. Проблемот е во тоа што некој незаконски издавал државјанства а со цел изборни манипулации. Не се тоа државјани на РМ кои се иселиле или отишле на печалба во Албанија и државјанството им останало Македонско па сега МВРО со помош на Темелко им организирало превоз за да гласаат. Некој намерно, противзаконски штанцал државјанства со цел да тие луѓе ги донесе на избори да гласаат за него. Тука е проблемот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.329
Поени од реакции
23.989
Муабетот е дека опозицојата бега од дебати. Ај додека беа власт бегаа што бегаа, не сака да ги прашуваат, ама и кога се опозиција не сакаат?
Значи тоа е муабетот а не бегање од избори, ама добро тебе тоа ти е работа да спинуваш..
Не ќе да беше тоа муабетот туку муабетот беше за дно од партија или поточно која е поголемо дно.
Е сега незнам за тебе што е поголемо дно , дали опозицијата да бега од дебати или да бега од избори на кои сама инсистирала?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.568
Поени од реакции
16.757
Многу си конфузен... Проблемот е во тоа што некој незаконски издавал државјанства а со цел изборни манипулации. Не се тоа државјани на РМ кои се иселиле или отишле на печалба во Албанија и државјанството им останало Македонско па сега МВРО со помош на Темелко им организирало превоз за да гласаат. Некој намерно, противзаконски штанцал државјанства со цел да тие луѓе ги донесе на избори да гласаат за него. Тука е проблемот.
Абер немаш...тие се македонци по националност и така добиле мкд државјанства, не мора да се иселиш па да добиеш мкд државјанство....
Ако не им дадеме македонско државјанство Блгарија ќе им даде блгарско, имаше веќе тоа и во Албанија и во Гора, Косово...
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
газдата на слободен печат е сопруг на заевата барбика.
слободно и независно новинарство. позор, сад!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.329
Поени од реакции
23.989
Сега ти ако не памтиш има некој што памти.
Сите беа предвремени од 2008 па наваму чисто информативно но прашањето е зошто?
Ајде бе @Syn уште да не бараш податоци за да ми кажеш колку појма немам. Или тогаш мал беше па пу пу не се важи. Кај е бе Лет во вакви моменти да ви ја испрај работата. Изгледа антената ја мести ;)[DOUBLEPOST=1506463741][/DOUBLEPOST]
He ce зафркавајте, барајте ја оригиналната снимка
Немаме кабловска :(
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.310
Поени од реакции
15.471
Многу си конфузен. Не е проблемот дали се работи за локални или парламентарни избори и не е проблемот во тоа дали луѓето кои се во странство а имаат македонско државјанство може да гласаат. Не е проблемот ниту во гласање по амбасади или организирано идење со автобуси. Никој немаше да ги гони Темелко и компанија ако организирале превоз за државјани на РМ од било која земја на земјината топка и ги донеле на избори. Проблемот е во тоа што некој незаконски издавал државјанства а со цел изборни манипулации. Не се тоа државјани на РМ кои се иселиле или отишле на печалба во Албанија и државјанството им останало Македонско па сега МВРО со помош на Темелко им организирало превоз за да гласаат. Некој намерно, противзаконски штанцал државјанства со цел да тие луѓе ги донесе на избори да гласаат за него. Тука е проблемот.
Ne si vo pravo.....ednaš veće pišuvav....ovaa postapka za isfrlanje na makedoncite od Pustec od izbiračkiot spisok završi pod pritisok na albancite...koga se ustanovi deka nivni lugje mnogu poveće ke izgorat.
Strašno mnogu poveće se albanski žiteli od sosednite državi koi zele vtoro -makedonsko državjanstvo..nego čovečina od Pustec

Sve drugo kažano e od inat...ova e faktičkata sostojba
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.410
Поени од реакции
4.313
Абер немаш...тие се македонци по националност и така добиле мкд државјанства, не мора да се иселиш па да добиеш мкд државјанство....
Ако не им дадеме македонско државјанство Блгарија ќе им даде блгарско, имаше веќе тоа и во Албанија и во Гора, Косово...
Тропаш глупости. Не се добива државјанство по основ ,,македонец по националност,,. Такво нешто не постои во законот и е смешна работа.
Државјанство на рм се стекнува:
1) потекло,
2) раѓање на територијата на Република Македонија,
3) природување и
4) меѓународни договори.

Со потекло
Со потекло стекнува државјанство на Република Македонија дете на кое:

1) во моментот на раѓањето двата родители се државјани на Република Македонија;

2) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а детето е родено во Република Македонија, доколку родителите спогодбено не определат детето да го добие државјанството на другиот родител и

3) во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на Република Македонија, а другиот родител е непознат или со непознато државјанство, односно без државјанство, а детето е родено во странство.

Државјанство на Република Македонија со потекло стекнува и посвоеник при потполно посвојување на кој двата или едниот посвоител е државјанин на Република Македонија. Во случаите кога детето е родено во странство на кое едниот родител во моментот на раѓањето е државјанин на Република Македонија, а другиот странски државјанин, со потекло стекнува државјанство на Република Македонија ако до наполнети 18 години живот биде пријавено за запишување како државјанин на Република Македонија или ако до наполнети 18 години живот постојано се насели во Република Македонија со родителот кој е државјанин на Република Македонија.

Во случај на судски спор за доделување на дете, државјанството се стекнува по правосилноста на судската одлука. Во определени услови државјанство на Република Македонија може да стекне и лице кое не е пријавено од двајцата родители, со наполнети 18 години живот, ако поднесе пријава за упис во државјанство на Република Македонија до навршени 23 години живот.

Со раѓање на територијата на Република Македонија
Државјанство на Република Македонија стекнува дете кое е најдено или родено на територијата на Република Македонија на кое родителите му се непознати, или се со непознато државјанство или се без државјанство.На детето ќе му престане државјанството на Република Македонија ако до наполнети 15 години живот се утврди дека родителите му се странски државјани и доколку детето нема да остане без државјанство.

Со природување
Државјанство на Република Македонија со природување може да стекне странец кој лично поднел барање за прием во државјанство на Република Македонија, ако ги исполнува следниве услови:

1) да наполнил 18 години живот;

2) до поднесувањето на барањето законски и постојано да живее на територијата на Република Македонија најмалку осум години;

3) да има обезбедено стан и постојан извор на средства за егзистенција во висина која овозможува материјална и социјална сигурност под услови утврдени со закон;

4) во Република Македонија и во државата чиј државјанин е да не бил казнуван со казна затвор во траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви според прописите во Република Македонија,

5) против него да не се води кривична постапка во Република Македонија и во државата чиј државјанин е;

6) да го владее македонскиот јазик до тој степен да може лесно да се разбере со околината;

7) да не е изречена мерка забрана за престој во Република Македонија;

8) неговиот прием во државјанство на Република Македонија да не ја загрозува безбедноста и одбраната на Република Македонија;

9) да потпише заклетва дека ќе биде лојален граѓанин на Република Македонија и

10) да има отпуст од досегашното државјанство или да докаже дека ќе го добие ако биде примен во државјанство на Република Македонија.

– Лице без државјанство или бегалец

Државјанство на Република Македонија со природување може да стекне лице без државјанство или со признат статус на бегалец, ако од утврдувањето на без државјанството, односно признавањето на статус на бегалец до поднесувањето на барањето за прием во државјанство, законски и постојано живее на територијата на Република Македонија најмалку шест години, да не бил казнуван во Република Македонија со казна затвор во траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви според прописите во Република Македонија, против него да не се води кривична постапка во Република Македонија и ако ги исполнува условите од точките 1, 3 , 6, 7, 8 и 9 погоре.

– Иселеник

Иселеник од Република Македонија, како и негов потомок до прво колено, може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1,2 и 10 погоре . Под поимот ,,иселеник”, се смета граѓанин на Република Македонија кој се иселил од Република Македонија во друга држава, освен во матичната земја, без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

– Странец кој е во брак со македноски државјанин

Странец кој е во брак со државјанин на Република Македонија најмалку три години и до поднесувањето на барањето законски престојува најмалку една година не прекинато на територијата на Република Македонија може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1 ,2, 6 и 10 погоре. Странец кој е во брак со државјанин на Република Македонија најмалку осум години, кој законски и постојано живее во странство и со Република Македонија има цврста и ефективна поврзаност, може со природување да стекне државјанство на Република Македонија иако не ги исполнува условите од точките 1,2, 6 и 10 погоре.

– Стекнување државјанство поради научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес

Странец кој ги исполнува условите од член 7 став 1 точки 1 и 8 на овој закон може со природување да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа преставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес. Владата на Република Македонија со уредба ги утврдува критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство.

Владата на Република Македонија го дава мислењето за постоење на особениот интерес.

Не се добива државјанство на ,,јас сум македонец,, оти тоа го има истото значење како и ,,јас сум албанец,, ,,јас сум турчин,, ,,јас сум виетнамец,, па дајте ми државјанство. Може и некој црнец од Гана да изјави ,,јас сум македонец дајте ми државјанство,,.... Не се брукај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom