Па набројаниве автопати ли се? Сем мал дел.
Kако шо се развиваше индустријата и автомобилизмот така се менуваа и категориите на патишта и автопатишта, она што во 1965 беше доволно да биде автопат денес не е. категорија на автопат се дава вз осниов на број на возила, па и тип на возила, не е исто автопат во Америка кој треба да има некаде и 6 ленти или автопат во македонија каде се доволни 2 ленти. Она што било автопат во 1965 или 1975, со толку број на возила или можности на возила, денес веќе не е. Исто е и со сите други примери, не е исто шо се сметаше за пример голема хидроцентрала во 30 сетите, во 70 дестите или денес, не е исто ни то шо беше голем земјоделски комбинат во 50 сети и денес, затоа шо потрошувачка на енергија, на струја на храна расте, во 1936 година во македонија имаше 2 хидроцентрали со моќност од 6 мегавати и тие се сметаа за големи, доволни да ја снадбат цела територија со потреби за струја, денес под “мала“ централа се смета она која е испод 10 мегавати, а големите се со стотици мегавати производство.
Како и да е иљадници километри патишта до секое село, населба или град се изградени во период на СФРЈ во Македонија. Да не зборуваме за многу погголемиот квалитет на изработка и вграден материјал. Кога сега некој би се обидел да го повтори тој потфат (изградба на иљадници патишта) би му требале стотици милијарди евра и огромна механизација и работна сила.