Да не ја шириме премногу темава и да не забегуваме оффтопик бидејќи не се однесува конкретно на состојбите во земјоделието туку општо за целокупните политички случувања во земјава само ќе додадам дека: ова е типичен пример во кој правец досега се движеше македонското земјоделие, да се надеваме дека во иднина ќе биде подобро иако јас лично сум скептик по ова прашање, имајќи ги во предвид моменталните случувања и масовното иселување на младите се сомневам дека некој воопшто ќе остане да се занимава со земјоделие, впрочем и со право.
Неопходни се темелити промени во сите аспекти на живеење во државата. Потребни се вистински реформи а не само гола реторика и паламудење по медиуми дека нешто се прави. Вистинските реформи се тешки но нужни, истите тие на среден и на долг рок носат промени кон подобро. Треба да се направи целосен рез во сите институции, законите да почнат да важат за сите.
Ние губиме време со некои банални националистички закони каде во нормални држави е смешно да се дискутира.
Имаме обвинети политичари натоварени со еден куп дела за кои е повеќе од јасно дека ги направиле, но како што стојат работиве ќе се изнагледаме уште еден куп циркузи и обиди за заташкување и замајување на јавноста. Најтажно од се е дека ова успева кај нас. Политичариве не имаат прочитано како селски буквар со каков прост народ си имаат работа. Да бевме ние малку попаметни немаше да дозволиме да не водат вакви маргиналци на кои во школо му мавале чврги на голем одмор, вакви исфрустрирани клептомани кои би ја продале сопствената мајка за власт.
Само видете ги со каква самодоверба уште се појавуваат во јавност, без трошка срам и достоинство, бескичмењаци. Нормален човек после такви обвиненија би се скрил во најдлабоката дупка, никогаш не би се појавил во јавност, а овие уште пак се местат за фотељи и се спремаат за избори како ништо да не било.
И да ја шириме, пак ќе завршиме на истото, тоа е корупцијата.
Ова шо го знае обичниот човек е 10% може ни толку од она шо го знаат тогаш опозициските партиски функционери, прашање е само зошто ако не од друго место, тогаш од собраниска говорница не се обелоденети сознанијата за корупција?
Конкретно за земање на земјиште под концесија, имаш комплетна процедура како се издава, нема шанси да се „намести“ кој ќе ја добие без притоа да нема никаква трага, во цела процедура имаш куп државни функционери, нотари да стигнеш до него, под услов да е формално правно чиста постапката, тогаш мора да има сведоци врз кои е вршен притисок да се откажат од намерите да земат учество во постапката. Многу е тешко да се докаже вината во вакви комплексни случаеви, уште повеќе што голем дел од „успешните“ бизниси кои процутеле за многу кратко за владеењето на одредена партија, каде или се само параван за некој партиски моќник, или истиот им е тивок партнер. Истото е секаде, вклучително и земјоделството.
Се што е обично, не припаѓа на ниту една страна кај нас, земјоделец или претприемач тешко да опстане, камоли да проспеприра.
Од друга страна истиот нема шанси да се вработи на државна цицка, а ако по некоја случајност и се случи такво нешто, тешко дека ќе го остави некој без да заземе страна, по самиот склоп на околности ќе дојде до тоа.
Врти сучи, пак партизација, корупција...иста песна.