Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Сегa прегoвaрaл Зaев ке гo трaмпaле мерцедесoт зa Кaнaдиер
Имаме она што е оптимално за нас, Канадерот е overkill за нас. Само зашо ресурси кои ги поседуваме се надвор од употреба. И аир тракторите и транспортните хеликоптери на АРМ.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
8.900
НАТО и Договорот со Бугарија во очите на нацијата на непораснати деца

Влегувам во зградата на мојата свекрва во Скопје и на влезот залепена фотографија која овековечила оставени ќеси со ѓубре на приземјето. Под фотографијата испишана закана од Советот на станари дека ќе се постават видео камери за соседот или соседите што мислат дека некој друг треба да им го однесе сметот до контејнер, дека ќе бидат обелоденети. Не се непознати слични сцени на нецивилизирани практики на станари кои фрлаат ќеси со ѓубре од балкон за да не се “мачат” да се симнат и да побараат контејнер. Тоа многу пластично ја исцртува психологијата на делување ограничена на најтесниот личен интерес и делување единствено на својот двор. Ги интересира да си го изнесат сметот од сопствениот стан, да не им смрди, но не прифаќаат одговорност дека оставајќи го во влезот, го нарушуваат функционирањето на заедницата.

Овој пример е како лајтмотив за одговор на клучното прашање кое следи по промената на гарнитурата на власт: Дали таа може навистина да донесе суштински промени во животот на граѓаните? Одговорот всушност се состои во контра прашање: дали граѓаните (и носителите на политички одлуки и консументите на тие одлуки) се подготвени за суштински промени во нивниот живот?

Како “тато” ќе каже

Релативно кусата историска дистанца од социјалистичкото “време на Тито” и образованиот систем кој продуцира граѓани кои се научени на пасивна улога во општеството, дека имаат “татко” на нацијата кој има право да наградува, казнува и одлучува за нив, беше можеби најповолното тло за процут на груевизмот. Високата поддршка на гарнитура која ја зароби целосно државата, ги

подјареми институциите, медиумите и судството покажува дека имало голем процент на граѓани кои го посакуваат тој начин на вледеење каде “таткото” ќе те награди за послушност со работно место, ќе ти додели субвенција, функција и слично.

Стравувам дека популизмот и клиентелизмот фатиле толкави корени на поволна почва за нив, што однесувањето “да дојдам јас до работно место”, “да добијам јас субвенција” и само мене да ми е добро (или на семејството) само ќе ни го трупа “ѓубрето” во државата, а ќе нема кој да ја преземе одговорноста да го исчисти.

Се плашам дали имаме човечки капацитет за поширока перцепција и делување и надвор од сопствениот двор. И пронаоѓање на заедничкиот интерес за подобрување на амбиентот за живот.

Ако на пример дојдат на раководни функции луѓе чиј интерес ќе се ограничи на тоа колку повеќе бенефиции од државата да исползува, да ја исцица прописно сумата доделена за репрезентација, да се бори за членство во тела за кои во истото работно време за кое зема плата, добива плус незаслужен надоместок (како што обелодени министерката Царовска), таквото делување нема да донесе суштински промени во општеството со кои ќе се подобри заедничкиот квалитет на живот. И спротивно, ако граѓаните останат само пасивни консументи на спроведените политики, без критичко мислење и делување како конструктивен коректив на функционерите, тие ќе останат деца кои ќе чекаат “тато” да одлучи за нив и со лојалност да се изборат за неговата “милост” искажана преку корупција, субвенции, функции или работни места.

Ако во ова светло од прилично куса дистанца ги анализираме потезите на новата владејачка гарнитура, може да се сумира дека првичните впечатоци се незрелост и доста лош ПР на домашен план и одличен старт и зрелост (за големата слика) во надворешната политика.

Лош владин почеток во односите со јавноста

Кусогледа е на пример, стратегијата на еден министер да ги брифира новинарите за гоштевањата на државна сметка со бизонски стекови наместо да соопшти какви темелни промени во ресорот планира. Од мои колеги знам дека МВР веќе имало барања за информации од медиумите според системот на јавно достапни информации за репрезентативни трошења, но можеби министерот Спасовски се сомневал дека ќе удрат “акцент” на бизонските стекови во сметките, па се нафатил лично да им ги потенцира?!? А што ако покани тој некој гостин на службена вечера и тој нарача некој специјалитет од дивеч? Таквиот популизам може да произведе само контра популизам изразен во коментари дека министерот што брифира за гоштевања со бизонските стекови, не успеа да ги уапси осомничените криминалци што му е примарна работа. За разлика од министерката Царовска која направи суштинска реформа на терен, креирајќи СОС линија за итни случаи поврзани со социјалната заштита со јавно обелоденети мобилни телефонски броеви на надлежните социолози и психолози. Што навистина и е работа.

На страната граѓанството пак, ме изненади непрепознавањето на многу важни исчекори во делот на надворешната политика.

Посетите на високите претставници на власта во земјите од соседството и пошироко почнаа да ја извлекуваат земјата од изолираност и препознаеност само во сопствените граници, во повторна нејзина интеграција во светот.

Договорот со Бугарија, заедничката смотра на оружје на Макеоднија и САД и посетите на земјите од регионот и пошироко се многу важен чекор на повторна интеграција на Македонија со регионот и светот. Но, дома се слушаат гласни критики за таквите политики. Се спори Договорот со Бугарија од уставен аспект, па дека не сме обрнувале внимание на малцинството во Бугарија, наспроти “удоволување” на правото на соседот на заштита на сопственото малцинство овде итн.

Важните исчекори не се гледаат во светло на големата слика, туку во локален контекст и со силно его (кој колку добивал од Договорот). Меѓународното право во доволна мера ги уредува правата на некоја земја да се меша во работите на друга за да постои простор за грижа, така што овој документ го гледам како крупен исчекор во создавање пријатели и интеграција во меѓународните текови.

Натаму, дефилето на претставување на воената опрема на САД беше критикувано од “милитаристички” аспект, зачинето со насилното легитимирање на членови на Левица. Тоа го засенува значењето на овој чин надвор од локални рамки.

Партнерството со САД за Македонија е од исклучителна важност. САД се најмоќна земја членка на НАТО, а Македонија сака да биде дел од Алијансата. НАТО значи сигурност на инвестиции, а нашите отворени прашања, во најголем дел со соседите, што ја поткопуваат стабилноста на земјата, најбезбедно ќе се решат ако сме дел од Алијансата. Во таа насока, демонстрацијата на партнерството со САД и презентацијата на воената опрема е порака кон надвор, повеќе одошто кон внатре, дека НАТО ја посакува Македонија во семејството изразено преку вољата на најмоќната членка. Во нашиот пат кон интеграција (бидејќи економски, ниту политички не би можеле да опстанеме изолирани) ние имаме голема среќа што интересите на САД се поистоветуваат со интересите на Македонија и имаме силен сојузник во остварување на сопствените аспирации.

Критчкото размислување и отворање на сите моменти за кои јавноста мисли дека се спорни е секако позитивно и многу посакувано за развојот на демократијата, единствено анализирајќи ги критиките ме поразува опсервирањето во многу локален контекст кое покажува колку е тесна нашата перцепција за себе.

Светот реално е многу поголем од она што на Македонците им се чини и важноста на земјата, за жал, е многу помала од она што им се чини на нејзините граѓани.

Идеите за некаква сопствена грандиозност која пропагандата на Груевски ја градеше со години се спротивни на реалност која вели дека земјата почива на територија колку што е еден поголем европски град, со популација еднаква на предградие во таков град и економија еднаква на годишен обрт на просечна европска компанија. Се плашам дека анкетите на јавно мислење може да покажат дека голем процент од граѓаните мисли дека ние сме доволно силни сами да опстанеме и дека пропагандата во груевизмот успеала да фрли скепска кон нашата интеграција во ЕУ и НАТО.

Реформи за креирање возрасни граѓани

Мислам дека долго време ќе биде потребно со темелни реформи почнувајќи од образованието каде едукацијата ќе биде во насока на формирање возрасни единки наместо послушни деца, за голем дел од граѓанството навистина да порасне до ниво на капацитет да проценат дека нивното делување не е ограничено само во сопствениот двор, туку дека секоја единка го гради и моделира целокупниот општествен живот.

Слободата што се почувствува со промената на гарнитурата не треба да доведе, досега адаптираните деца да станат само бунтовни. Така ќе останеме нација на непораснати деца со теснограда свест дека некој друг ќе ни го фрли ѓубрето, дека некој друг има право да гради и троши наши пари без прашање и отчет, дека е друг одговорен и конечно, дека странците ни се криви. Можеби и почеток за созревање за да дојдеме до однесување на возрасни луѓе е да научиме дека однесувањето кое е штетно по квалитетот на заедницата како што е крадење и злоупотреба на јавните пари и злоупотреба на функции е казниво. Кога судиите и функционерите што ја злоупотребиле довербата на граѓаните дека треба да работат во нивен интерес ќе одат зад решетки, можеби ќе се подигне свеста дека однесувањето повлекува консеквенци. Досегашната практика ги научи луѓето дека не смеат да крадат ќебапи, но можат да украдат милиони. Затоа, како чекор кон посуштински промени го чекам разрешувањето на Зврлевски и ја поздравувам одлуката дека нема простор за одмор и релаксација (повторно личниот комодитет), пред да се направи суштински исчекор кон заедничко подобрување на квалитетот на живот.
Не, тоа е дефинирано во законот за амнестија во 2002 г.
Колку си ми смешен кога ќе се ифрлиш на темава од нигде никаде со по 15 реплики од два збора. Имам чувство дека паметот те лаже дека звучиш итромански.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Имаме она што е оптимално за нас, Канадерот е overkill за нас. Само зашо ресурси кои ги поседуваме се надвор од употреба. И аир тракторите и транспортните хеликоптери на АРМ.
Гoре нa клиникa мaгнетнa резoнaнцa oд некoлку милјoни еврa купенa стoи 2 гoдини уште не е пуштенa вo упoтребa,хеликoптерите ми24 истo стoјaт вoн упoтребa се некaкo килaвo и тешкo ни oди не рaзбирaм зoштo.У случaјoв сo пoжaрoв двa три денa пиштaт луѓетo никoј не ги рецкa.Тoa ме нервирa.Тoa нoрмaлнo не е рaбoт нa премиерoт aмa мoже дa крене телефoн ги прaшa aлo луге штo прaвите превземaте ли некaкви мерки
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Ако ова не ти е доволен доказ дека нема политичари во Македонија кои навистина ги штитат и ги застапуваат интересите на граѓаните, тогаш еве ти понови докази - нова територијална организација на локалната самоуправа по етнички граници, наместо по граници на наталитет и морталитет, амнестирање на терористи, партиски вработувања и бројни други примери кои само го потврдуваат тоа што веќе го спомнав - во случај на нова војна, ќе има ново примирје со терористите и ново амнестирање на терористите.
Нова војна може да има само во твојата глава Декстер, ако тоа во 2001 воопшто и беше "војна" (кхм Доста Димовска, кхм немање контрола на северната граница, кхм почнување на вооружените инциденти непосредно по масовниот скандал за прислушкување во 2001 со реприза во 2015)
Туку дел од тоа што го спомна да не го напиша на простачки начин ќе ти држеше вода. Во однос на новата територијална организација па во голем дел и се правеше според еконмски и демографски параметри, но во западна Македонија се направи на стварно глуп и нетранспарентен начин. Ама тогашната опозоција на чело со паторот организираше референдум со барање да си остане онаа ретардирана територијална организација која ја донесе СДСМ во 1996 со 123 Е*АНИ ОПШТИНИ во ова мало парче земја со 2 милиони жители (денес оваа бројка е драстично намалена). Па паторот удри една толкава сељачка националистичка кампања што беше за жалење, па не е ни чудо што само 25% од населението му излезе на референдум (и не, САД е сосема небитен фактор тука, да сакале поголемиот дел од граѓаните да излезат, ќе излезеа, без разлика на признавање или непризнавање на името). Очигледно е дека во 1996 оние што ја правеле таа територијална организација биле на тешки дроги, ама на уште потешки беа оние кои повикуваа истата да остане каде секое е*ано село беше сметано за општина, каде половина од тие работеа со празна каса итн. А и тогашната сдсмовска власт да била малку паметна, таа самата ќе го ставеше новиот закон на референдум, наместо да чекаше да види дали паторот ќе собереше потписи. А што е најинтересно, паторот кога дојде на власт нели божемски ветуваше дека ќе направи ревизија на законот од 2004. Епа таа негова ревизија се состоеше така што некои општини како Вранешница и слични во Западна Македонија мистериозно ги снемаа и се припоија со други општини. Ама тогаш во медиумите немаше ништо спорно, нели.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
:pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo::pusigo:
http://www.libertas.mk/zhalam-drushtvo-poveke-ne-sme-otpor-i-nema-shto-da-sitnime/
Што му прави фотеља на човек, како порно ѕвездите во порно филмовите кога во исто време го земаат во сите можни дупки ... тоа е дечки Павле Богоевски нек се угоде.

Жалам друштво, повеќе не сме отпор и нема што да „ситниме“.
Со други зборови:
Јас си го углибив гзето, вие не, и не го тупете сега
Што е најтрагично, им го мачка к.рот по фаца, а на Шетачиве уште не им е јасно.
И сега Јоци ова она. Таа Јоци го кажува она што вие се плашите да го согледате.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Колку си ми смешен кога ќе се ифрлиш на темава од нигде никаде со по 15 реплики од два збора. Имам чувство дека паметот те лаже дека звучиш итромански.
Јас па имам чувство дека ти си во заблуда дека воопшто го има овој орган.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Член од
24 април 2008
Мислења
11.084
Поени од реакции
12.633
Нова војна може да има само во твојата глава Декстер, ако тоа во 2001 воопшто и беше "војна" (кхм Доста Димовска, кхм немање контрола на северната граница, кхм почнување на вооружените инциденти непосредно по масовниот скандал за прислушкување во 2001 со реприза во 2015)
Туку дел од тоа што го спомна да не го напиша на простачки начин ќе ти држеше вода. Во однос на новата територијална организација па во голем дел и се правеше според еконмски и демографски параметри, но во западна Македонија се направи на стварно глуп и нетранспарентен начин. Ама тогашната опозоција на чело со паторот организираше референдум со барање да си остане онаа ретардирана територијална организација која ја донесе СДСМ во 1996 со 123 Е*АНИ ОПШТИНИ во ова мало парче земја со 2 милиони жители (денес оваа бројка е драстично намалена). Па паторот удри една толкава сељачка националистичка кампања што беше за жалење, па не е ни чудо што само 25% од населението му излезе на референдум (и не, САД е сосема небитен фактор тука, да сакале поголемиот дел од граѓаните да излезат, ќе излезеа, без разлика на признавање или непризнавање на името). Очигледно е дека во 1996 оние што ја правеле таа територијална организација биле на тешки дроги, ама на уште потешки беа оние кои повикуваа истата да остане каде секое е*ано село беше сметано за општина, каде половина од тие работеа со празна каса итн. А и тогашната сдсмовска власт да била малку паметна, таа самата ќе го ставеше новиот закон на референдум, наместо да чекаше да види дали паторот ќе собереше потписи. А што е најинтересно, паторот кога дојде на власт нели божемски ветуваше дека ќе направи ревизија на законот од 2004. Епа таа негова ревизија се состоеше така што некои општини како Вранешница и слични во Западна Македонија мистериозно ги снемаа и се припоија со други општини. Ама тогаш во медиумите немаше ништо спорно, нели.
Значи сепак станува збор за две страни на една иста криминална паричка, ти благодарам за потврдата.

А ова дека нема да има нова војна кој ти го кажа ?

Историски немало век без вооружен бунт или востание или отворена војна помеѓу две држави на Балканскиот полуостров.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Мнoгу е еднoстaвнo.Неa и дaдoa вaжнoст и знaчење,јa издигнaa дo небo кoгa збoрувaше прoтив Вмрo.Беше учесник и женa првoбoрец вo Шaренaтa Ревoлуцијa.Сегa oткaкo пoчнa дa јa критикувa нoвaтa влaст пoчнaa дa и лепaт етикети безнaчaјнa,непoдoбнa,пишувaлa глупoсти билa бoлнa oд шизoфренијa.Зaштo не не инфoрмирaa вo тoa време кoјa е и кaквa е?
Кутриот ти :place::place:. Сигурно дека чекаш од СДСМ да те информираат кои луѓе да ги читаш и следиш.(y)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Колку си ми смешен кога ќе се ифрлиш на темава од нигде никаде со по 15 реплики од два збора. Имам чувство дека паметот те лаже дека звучиш итромански.
Немаш капацитет да ги разбереш, па се смееш како теле.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.519
Поени од реакции
18.363
Бетмен му се закани на Заев: Ќе се видиме на суд и на избори

Богдан Илиевски Бетмен реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев дека неговиот избор за член на ИК е доказ дека крвавиот четврток бил добро осмислена организација со цел одземање животи.

-Добро е пред да изјавува било што Зоран Заев да се погледне во огледало и да размисли за сето зло што и’ го прави на државата, па би било добро и да почне да размислува и да се потсети на начинот на кој што дојде на власт, но и на тоа дека од ден на ден вртоглаво ја губи и таа мала поддршка која ја имаше.

Само тие што имаат директна профит од него лично глумат дека му веруваат. Другите веќе ја знаат целата вистина. Еве ја, на ачик, пред сите нас. Вечерва на Влада Бујар Османи најави дека ќе го усвојуваат Законот за јазици. Капитулантскиот договор со комшиите поддржан со две раце од најголемите националисти во Бугарија кој ќе се потпише утре е само уште една епизода, за која зборувавме и ние 60 дена пред и 15 дена по 27-ми април.

За сите други нејаснотии, ќе даде Господ, ќе се разбереме на суд. А бога ми и на избори, напиша Илиевски на својот Фејсбук профил.




 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom