Повели Декс:
http://www.siofa.gov.mk/data/file/Ramkoven_dogovor_mk.pdf
Ако имаш време прочитај го, запознај се, анализирај го, па потоа најди спорни одредби или одредби кои се реализираат спротивно на некоја наведена одредба.
Ако прашуваш дали истиот договор се злоупотребува, АПСОЛУТНО. Посебно точка 4.2, каде што ДМПНЕ и ДУИ целосно си ја толкуваат во светлина на вработување на нивни партиски неписмењаци без минимум квалификации за истите работни позиции. Постојат многу квалитетни кадри и од македонска, албанска, турска, српска, ромска, влашка, бошњачка етничка заедница, но голем број од нив или сеуште чекаат работно место прифатливно за нивните квалификации, или заминаа во приватниот сектор или си заминаа од државата.
Уставот исто така вели дека секоја државна и јавна институција мора да вработува лектори, но ниту една влада досега не се ангажирала за спроведување на ваквата уставна обврска.
Секоја влада и секоја политичка партија на свој начин ги толкува уставот и законите, вклучувајќи го и охридскиот рамковен договор, а особено кога ги имаат амнестираните терористи во својата владина коалиција, повеќе од јасно е како и во чија корист ќе ги толкуваат уставот, законите и охридскиот рамковен договор.
Не знам што не ти е јасно на тебе, јас само спомнав дека во случај на нова војна, истата ќе заврши со нов рамковен договор, и со повторна амнестија за воените злосторници - без разлика кој е на власт, а кој е во опозиција, и без разлика што вели законот.
Во првите 20 години на независна Македонија, имавме само една војна, во која бранителите велат дека победиле, но политичарите велат дека потпишале примирје со терористите кои ги амнестирале.
Ако ова не ти е доволен доказ дека нема политичари во Македонија кои навистина ги штитат и ги застапуваат интересите на граѓаните, тогаш еве ти понови докази - нова територијална организација на локалната самоуправа по етнички граници, наместо по граници на наталитет и морталитет, амнестирање на терористи, партиски вработувања и бројни други примери кои само го потврдуваат тоа што веќе го спомнав - во случај на нова војна, ќе има ново примирје со терористите и ново амнестирање на терористите.
Законот за амнестија од 2002 е прилично дециден за воените злосторства. Сакаш цитат од законот кој се однесува баш на воени злосторства?
Амнестијата на воените злосторства се коси со тој закон. (како и со сите световни закони, човечки морални и етички норми) се коси и со интересите на македонскиот народ, правната држава, препораките на САД, ЕУ и другите релевантни фактори.
Но, за чудо не се коси со дневополитичките ситни интереси на Груевски, што ги надминува по важност сите други елементи.
Амнестијата од 2011-та е според законот од 2002-ра, само во главите на сендвичите на кои пи-арот на нивниот сопственик им е важен.
Владата на Груевски никогаш во јавност не го покажа,прочита документот кој Хаг го прати со случаите. Кој знае зашто. Само на јавноста и беше кажано дека Хаг ги вратил случаите за македонските судови да ги спроведат.
Е добро де, пастирот и пвеводбениците во 2011 година усвоија политичко толкување - политичко, а не правно толкување - на законот за амнестија од 2002 година, во корист на амнестираните терористи кои тогаш им беа коалициони партнери.
Значи од пастирот и пвеводбениците не можеме да очекуваме правда за жртвите на воените злосторства од 2001 година - се надевам дека ќе се согласиш со мене барем околу ова.
Туку дај кажувај што да очекуваме од зајко кукурајко и од плавите жолтици кои се на власт од 1 јуни 2017 - дали планираат ревизија на законот за амнестија од 2002 година и конечна судска разрешница и правда за жртвите на воените злосторства од 2001 година - чисто за да докажат дека не се исти како пастирот и пвеводбениците, или на власт се само кога зафатени со потпишување на договор за добрососедски односи со татарите и закон за двојазичност ?