Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Иначе, овој што кажува приказни тука за политичката (не)зависност на Заев ме потсети на бомбата, веројатно ќе се сетите повеќето тука, кога Грујо I Независни му се јавува на Али да го консултира (со вмровски речник 'да му го пуши') дали може да прати служби да срушат дивоградба во Чаир. :icon_lol: (ме мрзи да ја барам на ЈуТуб, ама ќе ви текне гарант)
Ај ако не те мрзи побарај ја и бомбата за смилковско што ја вети Заев. Неможам да ја најдам.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Некој нешто подетално за ситуацијата со Требовље?
Шо се дешава со нашите пп авиони, аир тракторите дали имаат часови на налет или се поарчени?
И АРМ и МВР имаат хеликоптери шо можат да се вклучат во пп операции, бамби бакети иаме...
Набавија пп возила за шумски пожари, не знам нема координација, саботажа шо е работата, мислам има ресурси, или не е атрактивно ова?
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Законот за амнестија од 2002 е прилично дециден за воените злосторства. Сакаш цитат од законот кој се однесува баш на воени злосторства?
Амнестијата на воените злосторства се коси со тој закон. (како и со сите световни закони, човечки морални и етички норми) се коси и со интересите на македонскиот народ, правната држава, препораките на САД, ЕУ и другите релевантни фактори.
Но, за чудо не се коси со дневополитичките ситни интереси на Груевски, што ги надминува по важност сите други елементи.


Амнестијата од 2011-та е според законот од 2002-ра, само во главите на сендвичите на кои пи-арот на нивниот сопственик им е важен.
Владата на Груевски никогаш во јавност не го покажа,прочита документот кој Хаг го прати со случаите. Кој знае зашто. Само на јавноста и беше кажано дека Хаг ги вратил случаите за македонските судови да ги спроведат.
Сега владата на Заев сите ќе ги испоапси и ќе ги осуди како што е ред пошто такво дело никогаш не застарува.[DOUBLEPOST=1501524372][/DOUBLEPOST]
Македонци се пишува со мала или со голема буква? :pos:
Со Б се пишува.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.084
Поени од реакции
12.633
Повели Декс:
http://www.siofa.gov.mk/data/file/Ramkoven_dogovor_mk.pdf

Ако имаш време прочитај го, запознај се, анализирај го, па потоа најди спорни одредби или одредби кои се реализираат спротивно на некоја наведена одредба.

Ако прашуваш дали истиот договор се злоупотребува, АПСОЛУТНО. Посебно точка 4.2, каде што ДМПНЕ и ДУИ целосно си ја толкуваат во светлина на вработување на нивни партиски неписмењаци без минимум квалификации за истите работни позиции. Постојат многу квалитетни кадри и од македонска, албанска, турска, српска, ромска, влашка, бошњачка етничка заедница, но голем број од нив или сеуште чекаат работно место прифатливно за нивните квалификации, или заминаа во приватниот сектор или си заминаа од државата.
Уставот исто така вели дека секоја државна и јавна институција мора да вработува лектори, но ниту една влада досега не се ангажирала за спроведување на ваквата уставна обврска.

Секоја влада и секоја политичка партија на свој начин ги толкува уставот и законите, вклучувајќи го и охридскиот рамковен договор, а особено кога ги имаат амнестираните терористи во својата владина коалиција, повеќе од јасно е како и во чија корист ќе ги толкуваат уставот, законите и охридскиот рамковен договор.

Не знам што не ти е јасно на тебе, јас само спомнав дека во случај на нова војна, истата ќе заврши со нов рамковен договор, и со повторна амнестија за воените злосторници - без разлика кој е на власт, а кој е во опозиција, и без разлика што вели законот.

Во првите 20 години на независна Македонија, имавме само една војна, во која бранителите велат дека победиле, но политичарите велат дека потпишале примирје со терористите кои ги амнестирале.

Ако ова не ти е доволен доказ дека нема политичари во Македонија кои навистина ги штитат и ги застапуваат интересите на граѓаните, тогаш еве ти понови докази - нова територијална организација на локалната самоуправа по етнички граници, наместо по граници на наталитет и морталитет, амнестирање на терористи, партиски вработувања и бројни други примери кои само го потврдуваат тоа што веќе го спомнав - во случај на нова војна, ќе има ново примирје со терористите и ново амнестирање на терористите.

Законот за амнестија од 2002 е прилично дециден за воените злосторства. Сакаш цитат од законот кој се однесува баш на воени злосторства?
Амнестијата на воените злосторства се коси со тој закон. (како и со сите световни закони, човечки морални и етички норми) се коси и со интересите на македонскиот народ, правната држава, препораките на САД, ЕУ и другите релевантни фактори.
Но, за чудо не се коси со дневополитичките ситни интереси на Груевски, што ги надминува по важност сите други елементи.


Амнестијата од 2011-та е според законот од 2002-ра, само во главите на сендвичите на кои пи-арот на нивниот сопственик им е важен.
Владата на Груевски никогаш во јавност не го покажа,прочита документот кој Хаг го прати со случаите. Кој знае зашто. Само на јавноста и беше кажано дека Хаг ги вратил случаите за македонските судови да ги спроведат.
Е добро де, пастирот и пвеводбениците во 2011 година усвоија политичко толкување - политичко, а не правно толкување - на законот за амнестија од 2002 година, во корист на амнестираните терористи кои тогаш им беа коалициони партнери.

Значи од пастирот и пвеводбениците не можеме да очекуваме правда за жртвите на воените злосторства од 2001 година - се надевам дека ќе се согласиш со мене барем околу ова.

Туку дај кажувај што да очекуваме од зајко кукурајко и од плавите жолтици кои се на власт од 1 јуни 2017 - дали планираат ревизија на законот за амнестија од 2002 година и конечна судска разрешница и правда за жртвите на воените злосторства од 2001 година - чисто за да докажат дека не се исти како пастирот и пвеводбениците, или на власт се само кога зафатени со потпишување на договор за добрососедски односи со татарите и закон за двојазичност ?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Некој нешто подетално за ситуацијата со Требуновце?
Шо се дешава со нашите пп авиони, аир тракторите дали имаат часови на налет или се поарчени?
И АРМ и МВР имаат хеликоптери шо можат да се вклучат во пп операции, бамби бакети иаме...
Набавија пп возила за шумски пожари, не знам нема координација, саботажа шо е работата, мислам има ресурси, или не е атрактивно ова?
Штo ти е еден пoжaр у спoредбa сo кoлку укрaдoa гвујo и фaмилијaтa.Тoтaлнo небитнo е штo изгoрелo еднo селo
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Штo ти е еден пoжaр у спoредбa сo кoлку укрaдoa гвујo и фaмилијaтa.Тoтaлнo небитнo е штo изгoрелo еднo селo
Не дека не е така, ама па тоа не е оправдување да се дозволи да стигне до овој степен ситуацијата.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Штo ти е еден пoжaр у спoредбa сo кoлку укрaдoa гвујo и фaмилијaтa.Тoтaлнo небитнo е штo изгoрелo еднo селo
Аман бе што сте запнале со тоа пожарот, демек за еден пожар барате одговорнос од еден премиер, министер и слично, што имаат они врска со пожарот, за тоа си сносат одговорност најдолните институции. Тоа ме потсеќа на ситуацијата кога се удавија Бугарите во Охрид пред 10тина години. И тогаш бараа оставка од министерот Јанакиевски како тој лично да ги удавил Блгарите. Ова никаде го нема. Премиер да сносе одговорност или министер за некоја божја работа, што се случува секојдневно. Па видете по светот Аустралија, Калифорнија, Шпанија колку пожари има па ете никој не одговара за такви работи. Само на Македончето неможе да му се угоде.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Премиер да сносе одговорност или министер за некоја божја работа, што се случува секојдневно.
Како бе другар божја работа било тоа што брод 100 години стар се натоварил 3х од капацитетот?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Не дека не е така, ама па тоа не е оправдување да се дозволи да стигне до овој степен ситуацијата.
Сегa прегoвaрaл Зaев ке гo трaмпaле мерцедесoт зa Кaнaдиер
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сега аргументот за помилувањето на Хашките случаи е дека СДСМ во некоја нова претпоставена војна повеќе ќе помилува... :pos::pos::pos:

Што нема да види човек на веков...
Не, тоа е дефинирано во законот за амнестија во 2002 г.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom