Ниту еден досегашен македонски премиер не завршил позади затворски решетки, а сите од прв до последен имаат богати криминални кариери - барем тие од 1992 година па наваму.
Така да, максимумот што може да се очекува од пастирот и неговите блиски соработници, а што би спречило нивно враќање на власт, би било нивно фаќање џаде во некој од даночните раеви каде што го имаат пренесено украдениот капитал.
Уганда никогаш не дочека да го види Иди Амин позади затворски решетки или на бесилка поради неговите злосторства, бидејќи тој си го заврши животот во бегство во Саудиска Арабија.
Аргентина до денешен ден ја бара Изабела Перон со меѓународна потерница, а таа живее во бегство во Шпанија.
Истото важи и за македонските криминалци, веќе ги имаме Драган Даравелски, Владислав Тамбурковски, Владо Димов и Бог знае уште кои други, кои живеат во бегство надвор од Македонија, а за кои случајно или не, зајко кукурајко и плавите жолтици сеуште не побарале нивна екстрадиција во Македонија, исто како што и пастирот и пвеводбениците не бараа нивна екстрадиција во Македонија цели 11 години.
Чисто колку за споредба, Зоран Божиновски, кој отворено и јавно најави на неговата Фејсбук страница дека свесно и намерно ќе престане да објавува текстови и документи поврзани со криминалните зделки и криминалните активности на плавите жолтици, зајко кукурајко и нивниот папа, за да се фокусира исклучиво на криминалните зделки и криминалните активности на пвеводбениците, јарецот и пастирот - бидејќи сакал пад на режимот - беше експресно екстрадиран од Србија во Македонија за помалку од 24 часа по барање на пастирот и пвеводбениците.
Божиновски до денешен ден е во притвор во Шутка повеќе од година дена без фер и праведно судење, а зајко кукурајко и плавите жолтици - кои најавија реформи во судството - сеуште не направиле апсолутно ништо за да издејствуваат барем куќен притвор за нивниот поддржувач и сојузник кој не бараше апсолутно ништо за возврат, освен пад на режимот. Е па, режимот падна, неодамна ЗНМ побара Божиновски да биде пуштен од притвор, а зајко кукурајко и плавите жолтици сеуште не демонстрирале никаква благодарност кон нивниот поддржувач и сојузник, кој во моментов е во притвор во Шутка, можеби бидејќи не можат да му простат бидејќи и нивните валкани алишта ги вадеше во јавност.
Со оглед на фактот дека може да се издејствува експресна екстрадиција за помалку од 24 часа, а зајко кукурајко и плавите жолтици сеуште не побарале ваква експресна ектрадиција на македонските криминалци кои живеат во бегство во соседството, уште помалку правда и екстрадиција може да се очекува за пастирот и неговите блиски соработници кога ќе фатат џаде за Белизе, Доминиканска Република, Панама, Бразил или не знам каде.