Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Овој сељаков Села изгледа не знае дека ваков закон постои.Груевски го изгласал.Или?

Села: Ќе ја напуштиме Владата ако не се донесе законот за јазици во првите 100 дена

http://24vesti.mk/sela-kje-ja-napushtime-vladata-ako-ne-se-donese-zakonot-za-jazici-vo-prvite-100-dena
Сељакот Села знае дека има таков договор и сега сака да е изгласан. Ај од еднаш погоди кој договорил.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Хехе, 1 април помина, а до наредниот 1 април треба да поминат уште бајаги многу месеци.

Во плутократска меѓународна организација како ЕУ, капиталот е одлучувачки фактор, а не правдата.

Од таа гледна точка, тие со повеќе капитал се погласни во ЕУ, а ако утре Македонија би станала членка на ЕУ, пастирот и пвеводбениците се тие со најмногу капитал, па од тука повеќе од очигледно е кој од Македонија би бил најгласен утре во ЕУ.
Е па изгледа премногу гласен, премногу рипал Грујо, затоа на магарешка клупа го седнаа сега.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Извини, забораив дека за вас куртоните зборот патриотизам е шпанско село, нешто што гарант е измислено за да му одговара на вашиот газда, господар, идол и бог.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Е па затоа јас ќе си извадам сдсм книшка и со таа ни полиција те застанува ни пак те казнува. На црвено светло миниш, газиш луѓе и никој ништо не ти може.
Сега збораме за правда за сите или за кој од каде книшка ке вади?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Сега збораме за правда за сите или за кој од каде книшка ке вади?
Не знам, вие куртоните кажите, вие најбоље знаете за важноста на вадење партиска книшка. Битно е или не е?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.511
Поени од реакции
11.574
идат времиња во сега слободна Македонија каде ќе напишиш цели книги поезија за правдината, сонцето на слободата, среќа....
Јас сум повеќе по реализам отколку по романтизам. За слободна Македонија веќе има безброј романи.

Декстеру имаме супер падобрани на МВЕН, отвараат зихерашки и на 300 км/час...тестирано и со ЕАSА цертификат...:)
Ви посакувам пријатен лет. :)

Е па изгледа премногу гласен, премногу рипал Грујо, затоа на магарешка клупа го седнаа сега.
И тоа е најблиску до затворски решетки што некогаш ќе дочекаат пастирот и неговите блиски соработници, и ништо повеќе.

Нормална реакција на секој патриот. Не разбирам, у штаб ве учат дека душманите треба да ги сакате?
до таму ли стигна партијата :(
Оооф кутро дете, па не е ни чудо што имаш толку еднонасочен ум.

Кога ќе откриеш што сакал да каже Оскар Вајлд кога рекол дека патриотизмот е доблест на злонамерните, тогаш ќе ти проработи умот и во другиот правец.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Оооф кутро дете, па не е ни чудо што имаш толку еднонасочен ум.

Кога ќе откриеш што сакал да каже Оскар Вајлд кога рекол дека патриотизмот е доблест на злонамерните, тогаш ќе ти проработи умот и во другиот правец.
Ех да, Зборите ми вие куртоните за еднонасочен ум. Цел сум се претворил во уво.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Само ги пренесов критиките кон новата власт на твоите другарчиња, немам ништо авторско тука. Ако ти изгледаат дека не биле сериозни со нив и само се обидувале да бидат духовити со таквите забелешки, обрати им се и прашај ги што сакале да кажат авторите. Можеби тие сакале да бидат духовити, па до некаде го објаснува тоа нивниот дебилизам во однос на критиките и разочарувањата од првиот месец. И ти си тука негде само од округло па на ќоше, можеби нема да прашаш до кај се автопатите од 500км за еден месец, ама затоа во секое време си спремен да направиш куп лажни еквиваленции и спинови споредувајќи ги двата „режима“ и итарпејовски прв да обвиниш за релативизација, ептен итро. Во однос на вториот дел автору, дај објасни го твојот ептен конструктивен и неништовен одговор на прашањето што ти го поставија за тоа како требало да завршат криминалците. Освен што ептен содржински одговори дека требало некако поинаку да испадне, ама и самиот не знаеш како и дека било до перцепцијата. Цело време си тераш некој филм како сите ние имаме погрешна перцепција, а твојата е од повисоко и ти гледаш пошироко и подалеку, ама не објаснуваш што е тоа што ние не го гледаме, па демек тераш некаков сарказам. Дај биди директен и просветли не, доближи не до твојата перцепција до која немаме капацитет сами да дојдеме, како вистинските криминалци не се тие ние што ги перцепираме и што требаше да се направи. Институциите на системот?
Тие критики на моите другарчиња не се од ракав вадени туку предизборни ветувања и само ве потсетуваат на тоа пошто очигледно заборавивте. Мене лично не ме засега до толку што ви ветувал Заев, секако не гласав за него. Од друга страна пак ти наместо да ги пренесуваш критиките на други би требало сам да почниш да критикуваш. Сепак на тие ветувања ти и многу други им ја дадовте довербата и наместо вие да се љутите дека ве пренесол жедни преку вода се муртите оти некој го прави она што треба вие да го правите. Сепак на крај на краевите ти си тој кој е излажан, тебе треба повеќе да те боли што прави или не прави. Сега засега колку што гледам строго на релативизирање сте фрлени. Дали надежта последна умира или е нешто сосем друго во прашање вие најубаво си знаете и тука не ви се мешам.
И пак ке речам не треба јас да прашам до кај се автопатиштата од 500 км и ред други работи што ви вети Заев пред избори. Ти си тој што треба да прашаш.
Во врска со вториот дел јас не реков требаше вака или така конкретно да се направи, само кажав дека овој начин кој се исфорсира не е тој што би требало да биди од веќе за сите очигледни причини и дека на долг рок и не толку долг рок ништо добро нема да излези од него. Ете некој свршуваат на тоа дека доволно им било Груевски да заврши во затвор. Ок и после што ? Ти подобро ке живееш? Судството ке стани помалце корумпирано или партиски независно. Конечно ке дојде правда за сите? Треба да си ептен закоравен комуњар, ама ептен за да уште веруваш во такви бајки. А ако тоа не се случи ? Имаш план Б во случај на таков развој на настаните?
Читам некои по толку години форумска борба и кога веќе падна режимот наместо да им дадат шанса, не дочекаа ни 100 дена да поминат и почнаа да си ги пакуваат куферите. Ти на пример до кога планираш да чекаш да ти се исполни ветеното ?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Не знам, вие куртоните кажите, вие најбоље знаете за важноста на вадење партиска книшка. Битно е или не е?
Немој многу да спомнуваш куртони, колешката Алда може да се навреди. Осетлива била нешто на тоа.
Инаку битно е како не е. Нели затоа вие слободоумните, освестените , образованите со небугарски пасоши( освен оние 600000 избеглици од режимот ) пред две години храбро ги зедовте куртоните во рака и тргнавте во херојска борба против режимот незнаејќи дека ке го дочекате следното утро живи и здрави за да го промените тоа , за да партиската книшка повеќе да не биди фактор во секојдневниот живот, за да нема партиски вработувања и ред други работи. И како ти личи сега засега работата. Мене вака ми личи дека повеќето џабе се бореа и се мачкаја со боја , џабе си го ризикуваја животот фрлајќи куртони , додека мал дел очигледно се офајдија. Друго нешто посебно не е сменето барем околу тоа. И вака ти како куртон револуционер како се осеќаш кога после се што си поминал и за се што си се борел ,единствено што си постигнал е само бојата на книшката што се смени. Не се чувсвуваш малце разочарано или изиграно или уште ти немат кажано дека си бил само топовско месо( да не велам корисен идиот оти си бил алергичен на Мирка ).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.511
Поени од реакции
11.574
http://www.vankovska.com/2017/07/abortirana-revolucija/

Абортирана револуција

09/07/2017



Кога револуција ќе заврши со реформска влада, сѐ е јасно како ден, освен за оние кои се при очи слепи: револуција никогаш и немало – освен како говорен чин и помодарска појава. Кога во владата на водечките позиции ќе седнат социјалдемократски богаташи, а и по некој хомофоб и теолог, смешно е и да се очекуваат системски решенија од кои бенефит ќе видат најранливите и најсиромашните. Револуцијата беше абортирана уште во мигот кога стана невладина, кога ја навјасаа професионалните „борци за човекови права“ и ги корумпираа оние од студентскиот пленум во кои видоа потенцијал. Американската амбасада ги покани на свечен прием за 4 Јули, и така им ја зацрта иднината. Во минатогодишното интервју за словенечко „Дело“ кажав дека „револуцијата“ ниту допира до најмаргинализираните слоеви, ниту зборува во нивно име; таа ги користеше за себепромоција, особено кога невладини активисти се претставуваа како „Ние, Граѓаните“. Дека биле привилегиран слој на граѓанството се гледа сега кога секојдневно стасуваат вести за заземање некоја советничка позиција или раководно место во државната управа. (Овде нема ни да се занимавам со оној трагикомичен случај на млад член на СДСМ кој два дена пред поставување на чело на Агенцијата за државна администрација си даде оставка од Извршниот совет, за да го задоволи условот носителот на таа функција да не е член на политичка партија. Но, ете и тоа минува – затоа што некои мислат дека јавноста пие нафта.) Тоа дека куртомуртозиацијата е длабоко всаден чип во македонската политичка култура и пракса не е никаква новина. Таа е само плурална верзија на практиката на едноумието кога властодршците мораа да бидат окружени со клиентела, со подобна биографија.

Првите сто дена на новата реформска влада минуваат во знакот на вработувања преку кооптирање на твитерџии, блогери, ФБ поети, заслужни активисти на шарената револуција. Ни нема спас! Во девастирана Македонија по десетгодишно коруптивно владеење, на моменти скарано и со здравиот разум, очекувањата беа дека ќе се заврти нов лист. Но, на дело е профитерство: оние кои проповедаа демократија и човекови права за грантови, сега тоа го прават за државна плата. Менталната матрица од времето на едноумието се перпетуира 26 години во вид на партитокрација. И не само што опстојува, туку и цути со „милиони цветови“ на невладиниот сектор. Одбраната гласи отприлика вака: „А што сакате бе вие? Да ангажира [Заев] некој што си седел по папучи дома додека овие ги гонеа, апсеа и влечкаа по судови? Некој што излегол на протест два пати, оти другите 20 пати му врнело и му студело? Да не завидуваш случајно?“ Така, слоганот „нема правда, нема мир“ се смени во победничка правда, мир со државна функција. За еуфоричните „победници во Револуцијата“ (и нивните вљубени/заслепени симпатизери) ваквото позиционирање на „првоборците“ е сосема во ред! Тие не ни помислуваат колачот и привилегиите (подведени под фразата за преземање одговорност за обновата на земјата) да ги споделат со некој натрапник, а уште помалку пак слушнале за некој друг принцип на регрутација на квалитетни кадри, освен по критериумот „учество во револуцијата“. Очигледно, малкумина знаат или сакаат да знаат што е меритократија во градењето на институционалните капацитети. Во вистинската демократија, граѓанинот учествува во политиката, со протести или низ други акции затоа што е граѓанин, а не затоа што очекува да биде награден по победата. Името на овие вторите е профитери! Се разбира, оние кои биле најзаслужни во политичката/партиската битка против режимот е нормално да добијат ПОЛИТИЧКИ позиции (пратеници, министри, заменици министри). Но, тоа е граничната линија до која треба да се регрутираат кадри по партиски заслуги. Меритократијата во нормалните и функционални држави значи дека на места за кои се бараат стручни компетенции и искуство, а не активизам и паролаштво, треба да дојдат најспособните, дури и ако можеби седеле дома во папучи додека тие, мачениците, марширале. Дури и КПЈ имала повеќе сенс по вистинската револуција (и НОВ): во годините по војната ги искористувале најдобрите и најспособните („милом или силом“), за да ја извадат земјата од урнатините. И тие коишто не биле партизани добиле одговорни места предвидени за кадри со знаење и искуство, а меѓу нив врвни професори, инженери, лекари, па дури и еден Иво Андриќ e рехабилитиран и покрај контроверзната дипломатска кариера.

Критиката која доаѓа од сегашната опозиција е декласирана и без никаков политички или морален ефект, дури и кога (со задоцнување од десет години) зборуваат принципиелно. Оттука прашањето: кој ќе ја опсервира, контролира (watchdog функција) и критикува власта, кога токму оние кои по дефиниција треба(ше) да го прават тоа се вдомија во владините кабинети? Веќе напишав дека македонскиот невладин сектор не ја прифати единствената правилна позиција: кога нашите ќе дојдат на власт, престануваат да бидат наши! Овде е обратно: невладините станаа владини, затоа се предмет на критика. НВО секторот го брендираше гневот и создаде привид на „револуција“, ставајќи се себе на услуга на политичката опозиција. Сега го жнеат она што го сееја. Се разбира, од неколкуте илјади луѓе кои протестираа (или шетаа кој со скап велосипед, кој со кутре), создавајќи привид на „случување на народ“, само елитата се офајди. Многу поважно е што онака како што го киднапираа автентичното протесно движење, така сега и го предадоа. Кванго организациите (квази НВО) се претставени на разни советнички, директорски или слични места, па таман бродот и да потоне – затоа што не седеле дома со папучи, туку храбро марширале и воделе „револуција“ во која сѐ е исто, само него (Груевски) го нема. Ми вели пријател (до пред некоја година партиски неопределен): не ми се допаѓа твојот песимизам, дај им шанса на децава, гледај дека се елоквентни и чесни. Па нели ВМРО-ДПМНЕ воведе педократија? Дали елоквенцијата е замена за стручност? Па тие деца со елоквенција добиваа огромни грантови, а ефектите – никакви. Чесност? Чесен е и чистачот на улица, ама никој не го зема за советник, дури ни во Комуналец. Победниците страдаат од кокошкино слепило, но чудно е што дел од протестирачите ја бранат комерцијализацијата на гневот. Разочараните велат: на власт е ВМРО-СДСМ, потребно е нешто ново! Не сфаќаат дека предавството на активистите е силен удар на секоја помисла за нешто такво. Тешко е веќе и да веруваш некому, ќе се дува и на јогурт. За идеале гину само будале, а овие не се будали. Откако гневот стана бренд на обоена револуција, тој се смири вгнездувајќи се во владините кулоари. Бунтот и критиката се сведени на личен акт; во колективите сите се еднакви, но некои се поеднакви (и позаслужни) од другите. Кооптирањето на НВО кремот во парламентот, владата, јавната управа и служби остава неизбришлива лузна. Цивилното општество е кастрирано и компромитирано. Без кредибилна опозиција и невладин сектор, со разочарано граѓанство, и со (слаба) влада на богаташи без идеолошка и политичка платформа – животот лесно ќе се претвори во имитација на животот.

Напишано за Нова Македонија

Фотографија: Getty Images/DNY59

Ех да, Зборите ми вие куртоните за еднонасочен ум. Цел сум се претворил во уво.
Го демонстрираш твојот патриотизам со навредување на неистомислениците, несомнено тоа си го научил во пвеводбеничката школа на пастирот.

Ако не за нешто друго, барем можеш да послужиш како пример за тоа што сакал да каже Оскар Вајлд кога рекол дека патриотизмот е доблест на злонамерните.

Не е ни чудо тоа што немаш критики за другата страна, твојот еднонасочен ум нема капацитет за да обработува информации и од другата страна, а уште помалку па за да ја критикува другата страна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Овој сељаков Села изгледа не знае дека ваков закон постои.Груевски го изгласал.Или?

Села: Ќе ја напуштиме Владата ако не се донесе законот за јазици во првите 100 дена
Нема да ја напушти. Сем ако нема друга варијанта со Беса, што ми е поневеројатно.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Нема да ја напушти. Сем ако нема друга варијанта со Беса, што ми е поневеројатно.
Остај тоа. Кажи шо праиме со останатите 9 пратенички групи, ако една е формирана од 5 пратеници од партијата вмро дпмне? Останатите 9 од која партија се?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Чекај сега што па вие се удирате у гради дека е ваше дело кога љубчо има потпишано таков договор кој за наша употреба е на Македонски јазик бидејки државата ни ја признаваат а јазикот и нацијата не,па затоа договорот за монголо-татарите е на Македонски јазик со источен дијалект

љубчо монго-татар ама овој црпнатиов искочи поголем монго-татар од монго-татарот[DOUBLEPOST=1499691060][/DOUBLEPOST]
Додека некој од политичарите на заврши зад решетки не не примаат во ЕУ.
Пред спење таа прикаска ти ја читаат
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom