Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.203
Премалце е месец дена за да давам заклучоци..ако го донесат законот за прогресивен данок за тие што имаат приходи над 1000 евра, фирмите нивни да плаќаат 18% данок е добар индикатор за подобрување на економијата бидејќи побогатите мора да плаќаат повеќе т.е. така е во секоја држава..но тие пари повторно да се наменат за суштинските проблеми на луѓето, а не за бизнис целите на олигарси како Камчев или Циле.

Ако ја воведат ефтината тарифна струја од 13 до 16 часот секој ден тоа ќе биди добар потег.

Искрено немам којзнае колку доверба дека нешто драстично ќе се подобри но добро е за почеток што се мрдна од мртва точка бидејќи поранешната власт на рекетарите Груевски и Мијалков беше неподнослива..режим во вистинска смисла на зборот
Живи били па видели што би рекле Србите. 4 години ќе поминат онака дури да трепниш.
 
S

silmarillion

Гостин
Приметувам дека никој не зборува за нормите и критериумите како да се постигне независно судство. Тоа изгледа е важно само додека си во опозиција и експресно се заборава кога ќе се дојде на власт. Се што се случува сега не е департизација на судството, туку банално менување на едни со други партиски луѓе.

Зошто ми изгледа како да те радува тоа погоре?
Што е постигнато ако не го казнат криминалот заради кој (називно) се случија промените во власта?

Ако нема казнети за криминалот... Тогаш нели е многу очигледно дека никој не се бори против криминал и корупција, туку истото се користи само како пропаганда за доаѓање на власт.
Толку е памтењето на рајава, утре претходниве ќе ги враќате на власт за да ве „спасат“ од криминалот и корупцијата.
Нормите и критериумите ги изгубивме многу одамна, тогаш кога поддржувачите на ВМРО викаа дека немало ништо лошо во тоа државата да биде најголем работодавец,, пошто боље тоа него БЦ што ги остаил сите од фабрика на улица. Неможеш после 11 години масивно партиско ДООЕЛисување со државата да бараш критериуми. Такво нешто не постои.

Дали ме радува менување на името? Нит ме радува ни ме натажува, онака сеедно ми е. Нит ќе искочам да слава, нит да рушам собрание кога ќе се десили или не се деси тоа.

Во врска со тоа доколку не се казни криминалот, се слагам дека реториката се употребува за доаѓање на власт исклучиво.
 
B

Bafra

Гостин
Во штап друго ги учат

Не треба некој да те учи или кажува, доволно е да пазиш на делата. На пример што кажува ова :
http://24vesti.com.mk/gruevski-namerno-ne-gi-primal-pokanite-na-sjo-za-„talir“-za-da-nema-obvinenie

Специјалното јавно обвинителство има врзани раце за затворање на истрагата за „Талир“ бидејќи екс премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски и Мартин Протогер, осомничени во случајот не ги примаат поканите за давање исказ во СЈО....

Од кога тоа не примање на покана ти дава имунитет :toe:... не дај боже тебе да ти стигне покана и не ја прими неколку пати, па ќе видиш како одма си осуден.

Премиер нема да биде, ама ни она "ќе си лежите", нема да го биде :P , a да не збориме за парите или пак економија.
Пример синот на Трифун сигурно нема да ги казнува фирмите кои котираат на берза а не ги почитуваат законските обврски :cool: , Хари сигурно нема да го јаде што ги финансираше 10 години, Канал 5 Стојменов и Сител Ѕинго си тераат, Влаинката Софијанова (стварно е стручна и нема рамна ама се фатила за орото) некако тешко иде нејзината смена итн итн

Дури да кликнам на линкот, се си мислев дека Кочо Анѓушев е бизнис партнерот, ама имал и друг...[DOUBLEPOST=1498530489][/DOUBLEPOST]

Сега власта ја водат луѓе кои во 2008 г. се усераваа у гаќи кога ќе го чуеа зборот затвор! Ете до толку се чесни, само имат помалку стаж на „чесност“ од претходните... се друго е исто!

Дотолку се чесни што дури тогаш аболиција славеа како втор роденден (небаре за влакно на смртта му избегале). Само кога делел памет и меморија Господ, вие експертите на форумот чадор носевте!

ПС. Оправдано ви е само ако сте генерација 1999/2000 г. тогаш во категорија „излажани“ спаѓате...

Се супер ова што го памтиш, само со толку памет што го имаш објасни како дпмне покрај толку многу можности и шанси да го средат БЦ, Заев и остали олигарси никако не го направија тоа. :sneaky:
Убаво ти вика на клипот, можеа импичмент да бараат, можеа други правни а богами и неправни мерки да преземат, а што направија ...
Убаво викаат и многу памет не е на арно :D

Да живее едната партија сдс-дпмне :love:
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Сакам малку да поеноставам и еднаш да сватиме дека несмееме да си дозволуваме глупости и резили од новата поставена власт(квинслишка). Цело време гледам како сега се борат, пропагираат. Едноставно кажано се обидуваат мравка да претворат во слон. Намерата е небитни теми да се стават во преден план како битни, а целта е вештачки да се создаде сентимент за даден небитен предмет. Преку ваквото делување се кондиционира публиката да се занимава со небитни теми наместо со теми кои имаат своја важност во животот на поединецот или семејството. Во нашето општество, меѓу другото, претерувањето се состои од претворање на небитни политички караници помеѓу партиите во најбитни елементи на животот.

Доколку виден член на една политичка партија извршил криминал во минатото или сегашноста, битниот елемент на таа тема е извршениот криминал и казната која неминовно мора да следи. Небитната тема е меѓупартиската борба за власт. Нашите медиуми преку техниката претерување и со постојано повторување на даденото претерување ќе издејствуваат небитната тема да се наметне како битна и да се заборави на битниот елемент - извршениот криминал и казнувањето на делото. Постојат и други причини за кои медиумите би ја користеле техниката претерување. Дадениот пример е само најочигледен. Така да мене ме интересиеа само Македонецот и Македонија. Наша нова мотивација е целосно преструктуирање или војнички прегрупирање. Ова се ќе го правиме за една нова ера на нов Македонизам и отварање на очите на Македонецот ако треба и со чепкалка.
 
Пази на цар Василиј да не налеташ, па со едно око да останеш :lolzz:
Уште па и војничко прегрупирање :bravobe:
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Пази на цар Василиј да не налеташ, па со едно око да останеш :lolzz:
Уште па и војничко прегрупирање :bravobe:
Неписмен, Цар Василиј е од Македонска династија. Ама шипац знаее историја само 200 години уназад.
 
B

Bafra

Гостин
Неписмен, Цар Василиј е од Македонска династија. Ама шипац знаее историја само 200 години уназад.
Кај спомнав националности и нации ... само ти кажав на Василиј да не налеташ, оти таквите како тебе неписмени и без логично размислување тоа им го правел .

Те прашав еднаш што е тоа Македонец, тој Македонецот пред 2.000 години сега да те види каков потрчко на политичарите и лигуш си станал, ќе се самозапали.
Дај кажи карактеристики по што е познат Македонецот ?

Поголема веројатност е во тебе да има турски гени, него ли јас шипац ;)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Премалце е месец дена за да давам заклучоци..ако го донесат законот за прогресивен данок за тие што имаат приходи над 1000 евра, фирмите нивни да плаќаат 18% данок е добар индикатор за подобрување на економијата бидејќи побогатите мора да плаќаат повеќе т.е. така е во секоја држава..но тие пари повторно да се наменат за суштинските проблеми на луѓето, а не за бизнис целите на олигарси како Камчев или Циле.

Ако ја воведат ефтината тарифна струја од 13 до 16 часот секој ден тоа ќе биди добар потег.

Искрено немам којзнае колку доверба дека нешто драстично ќе се подобри но добро е за почеток што се мрдна од мртва точка бидејќи поранешната власт на рекетарите Груевски и Мијалков беше неподнослива..режим во вистинска смисла на зборот
Каков прогресивен данок со додадени глупусти и како ќе се подобри економијата кога и сега побогатите и тие што остваруваат поколеми приходи плаќаат повеќе

Толку многу сте хипнотизиранки па не гледате дека новиот зегин е еурофарм,новиот сашо е кочо,......................

А која е логиката бомбона бизнисот да се расипе со воведување евтина тарифа

Нема ништо да се промени и подобри со сменетите дресови кои ќе департизираат од дрпмне а партизираат во сдс со чл.книшка која ќе биде како 2ра л.к. и новите рекетари зоран и кочо.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.992
Сега за сега, на новата власт добро и оди. За понатаму ќе видиме.
ОК, факт е дека во споредба со Груевски скоро секој може да биде подобра власт.

Екстерното беше бесполезно и штетно за граѓаните, а доходовно за Груевски, на кого екстерното му беше само уште една алатка за полнење на буџетот кој пак преку икс начини го празнеше во своите сметки, т.е. во сметките на фамилијарните фирми (преку тендери, провизии и сл.).
Така ова го скинаа и фала им.
Ги подобрија односите со Бугарија и Грција. Ќе видиме колку ќе имаме полза од тоа.
Направија и некои други полезни работи и пак ќе кажам доволно е да не правиш ништо и повторно ќе бидеш подобра власт од Груевски, кој цело време дејствуваше за своја лична сметка, а на штета на сите нас.
Добро ќе биде за вистината и правдата тоа што сега полесно ќе испливуваат на површина сите грујови гомна.

Знам, знам, сега СДСМ се спремат да не продадат на вонземјаните, Сорос и илуминатите, ама додека тоа не го направат стварно, бољи се триста пути од предавничконо гомно со рој брбушки што се влечат по него (а кои имаме чест да ги читаме тука).
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Каков прогресивен данок со додадени глупусти и како ќе се подобри економијата кога и сега побогатите и тие што остваруваат поколеми приходи плаќаат повеќе

Толку многу сте хипнотизиранки па не гледате дека новиот зегин е еурофарм,новиот сашо е кочо,......................

А која е логиката бомбона бизнисот да се расипе со воведување евтина тарифа

Нема ништо да се промени и подобри со сменетите дресови кои ќе департизираат од дрпмне а партизираат во сдс со чл.книшка која ќе биде како 2ра л.к. и новите рекетари зоран и кочо.
Eурофарм е на Циле што е/беше меѓу главните полтрони на врхушката од Вмро-Дпмне...за другото не коментирам ,тоа е твое мислење и ќе покажи времето кое во право
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Нормите и критериумите ги изгубивме многу одамна, тогаш кога поддржувачите на ВМРО викаа дека немало ништо лошо во тоа државата да биде најголем работодавец,, пошто боље тоа него БЦ што ги остаил сите од фабрика на улица. Неможеш после 11 години масивно партиско ДООЕЛисување со државата да бараш критериуми. Такво нешто не постои.
Ако не можеме да се надеваме на подобро, и да очекуваме подобро - тогаш што се постигна со менувањето на власта?

Во врска со тоа доколку не се казни криминалот, се слагам дека реториката се употребува за доаѓање на власт исклучиво.
На жалост, тоа е реалноста.
Овој народ овде самиот себе се осудува едни криминалци да ги менува со други. Така беше досега, и на жалост извесно така ќе биде и понатаму.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Zoshto da se dislociraat? Ja remetat cirkulacijata na vozduhot? E ajde togash i Kapishtec da go dislocirame. Ama vas vi bode ochi toa shto tie spomenici asociraat na neshto shhto e del od odentitetot na ovoj narod.
Niz Makedonija rovarele i se ustolichuvale brojni imperii, slavni i ne tolku slavni. Ako nie stavime nekoj spomenik na Makedonski Vizantiski vladeteli, Antichki Carevi koi na ovoj prostor bile prisutni i vladeele, zoshto sega nie, koi zhiveeme na tie prostori, da ne mozheme da vozdigneme spomenik na bivshite slavni ili neslavni vladeteli?
Zoshto samo nas toa ni e zabraneto? A da istrtime eden spomenik na Clinton, Bush, Hillary? Dali kje baravte da se dilociraat? Probaj dislociraj gi spomen obelezhjata na Albancite a? Ili probaj da ponishtish Albanska Enciklopedija kako shto napravija so Makedonskta Enciklopedija????Zatoa da si kazheme deka nie Makedoncite sme pritisnati od site strani i so toa shto tolku golema negativna propaganda se vodi okolu Skopje 2014 od samite makedonci, mnogu od nas "vitkaat kichma", vo stapka go sledat svojot duhoven lider
Самоил каква врска има со Скопје? Дислоцирај го во Охрид истиот. Гемиџиите каква врска имаат со Скопје? Дислоцирај ги во Велес истите. Носи ги во ридните краеви или таму каде што дејствувале а не се' да биде во Скопје.

Па уште ми бодело очи тоа што биле дел од идентитетот на Македонија. Пу бе, бруки едни. Хк, пу!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
И ние педофилите имаме право на избор. Ете се здруживме со ЛГБТ заедницата и си нашиот идол Шиндре ќе го бараме нашите права и слободи. Доста беше затвор за нас. Не е доволно само да имам интернет да пишам од затвор. Треба да бидам слободен.
Ако бе биди гласен и барај си ги правата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.512
Поени од реакции
11.575
Мислам дека како граѓани на Република Македонија, треба да си ги бараме назад парите кои досега завршиле на плати и вештачења за потребите на СЈО.

Со оглед на тоа дека сечени, лепени и монтирани материјали објавувани на Интернет не можат да служат како докази на суд, мислам дека СЈО е неисплатлива правна инвестиција.

Слободно нека продолжи СЈО да постои и да работи, но нека си ја бара платата на друго место, а не во буџетот на Република Македонија.

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=121717

Одбраната на премиерот Заев бара ПИМ да не бидат доказ во судската постапката што се води протви него

27.06.2017 14:48:45

Според адвокатот Филип Медарски, спорно е што снимката обезбедена сo ПИ мерка била објавена на „Јутјуб“, а потоа пласирана низ повеќе медиуми со што освен што бил прекршен законот ист така било прекршено и правото на приватност на неговиот клиент, Заев.

Снимката, направена во кабинетот на струмичкиот градоначалник Заев на која разговара со локален бизнисмен, да не биде доказ во постапката за Поткуп која се води против актуелниот премиер, обвинет во времето кога ја извршуваше функцијата градоначалник на Струмица. Ова денеска го побара адвокатскиот тим на Заев на главното рочиште што се одржа во скопска единица.

Според адвокатот Филип Медарски, спорно е што снимката обезбедена сo ПИ мерка била објавена на „Јутјуб“, а потоа пласирана низ повеќе медиуми со што освен што бил прекршен законот ист така било прекршено и правото на приватност на неговиот клиент, Заев. Премиерот пак тврди дека снимката што била пласирана во јавноста на две места била сечена, со цел да се деградира неговата личност.

-За да се покаже комплетното дејствие, требало барем ако се објавува цела да ја објават, барем јавноста да ја знае целата вистина. Така да масакрирањето на самата снимка ја покажува целата грдосија на евент со кој сакаа да се прикаже во јавноста комплетно да се направи мое оцрнување, масакрирање и судење јавно – рече Зоран Заев – претседател на Влада на РМ

Според обвинителството, снимката во кабинетот на градоначалникот е законски прибавена, па оттука нема ништо спорно да биде доказ во постапката. Од обвинителството за гонење организиран криминал велат дека во тек е истрага за утврдување кој ја пласирал снимката на социјалните мрежи. Судот до 27 септември ќе треба да одлучи дали снимката е валиден доказ.

Заев денеска, првпат како премиер, присуствуваше на рочиште во кривичниот суд, каде против него се води постапка за барање наводен поткуп од бизнисмен од Струмица за да добие легализација на градежно земјиште.

Катерина Гетева
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Сега за сега, на новата власт добро и оди. За понатаму ќе видиме.
ОК, факт е дека во споредба со Груевски скоро секој може да биде подобра власт.

Екстерното беше бесполезно и штетно за граѓаните, а доходовно за Груевски, на кого екстерното му беше само уште една алатка за полнење на буџетот кој пак преку икс начини го празнеше во своите сметки, т.е. во сметките на фамилијарните фирми (преку тендери, провизии и сл.).
Така ова го скинаа и фала им.
Ги подобрија односите со Бугарија и Грција. Ќе видиме колку ќе имаме полза од тоа.
Направија и некои други полезни работи и пак ќе кажам доволно е да не правиш ништо и повторно ќе бидеш подобра власт од Груевски, кој цело време дејствуваше за своја лична сметка, а на штета на сите нас.
Добро ќе биде за вистината и правдата тоа што сега полесно ќе испливуваат на површина сите грујови гомна.

Знам, знам, сега СДСМ се спремат да не продадат на вонземјаните, Сорос и илуминатите, ама додека тоа не го направат стварно, бољи се триста пути од предавничконо гомно со рој брбушки што се влечат по него (а кои имаме чест да ги читаме тука).
Малце прерано го кажуваш тоа.
Има добра клима,но подобруване нап'лно се уште ...рано е да се зборува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom