Не би се сложил...мојот бизнис или ајде да речеме мала фирма, а и на многу клиенти со кои соработувам, во последниве 5-6 години се движеа во нагорна линија...не велам како ракета, меѓутоа стабилно нагоре...од 2015 летото се забележа грчење...а трае и ден денес, меѓутоа со оглед на политичката состојба, сепак сеуште не сме (и на мое лично изненадување) не сме дошле до фазата на crises management...во време на сдс ликвидиравме фирми повеќе него муви по дома...И не, немаме се што ни треба, но се движевме натаму пред кризата од заев
Во ред, значи си знаел нормално да реплицираш. Драго ми е.
Кои фирми, кој капитал, која криза од заев, што збориш? Се' што вредеше и носеше пари дојде под „закрила“ на фамилијата, односно го купија со „милом или силом“ принцип. Се' останато труе, пропаѓа и оди у бајбок. Те оставаат без работа, те вработуваат за 12к и треба да им бидеш благодарен, пошто те вработиле. Ти пропаднала фирмата, зошто пред 10 години есдеес биле на власт. Муабет за мали деца.
Како и да е, мило ми е што твојата оди во нагорна линија. Се надевам дека и на татко ми ќе почне да оди, само што татко ми има книговодствено биро и знам колку можеле да плаќаат порано за тие услуги а колку плаќаат сега. Плус, да додадам сите давачки што му ги залепија, плус лиценци, плус семинари, плус да мора да има уште еден вработен, па да му одредува плата колку да му биде.
Според мене, мали и средни претпријатија има се' помалку и помалку, затоа што се' потешко и потешко можат да бидат во позитива. Народот нема пари, нема одржлив раст, нема капитал. Капиталот е закржлавен, секој секому должи, едноставно е.