то ти е како да го тешиш таткото на силованото дете дека на педофилот нема да му се суди оти доказите се прибавени незаконски и тој слободно ќе си шета пак по улиците
Само ПИМ се докази, и си има зашто е така во правниот систем на сите најсилни правни држави во светот, а тоа е од причина што во денешно време многу лесно и вешто се едитира електронски материјал. Затоа, само со наредба од соодветен Јавен Обвинител, кога има ИНДИЦИИ за сторено кривично дело и за истото треба да се прибават судски докази, се пристапува кон примена на некоја од ПИМ и тоа во законски утврдена постапка и процедура за да не може да се манипулира со истото и се што е прибавено со ПИМ е судски доказ. Советувај со правник или обвинител, ќе ти го каже истото. И пред да се обидеш уопште да се направиш паметен и да ми реплицираш со тезата „па може да се вештачат и да се докаже дека се автентични и да се применат како судски доказ“ унапред да ти кажам НЕ, неможе поради тоа што во тој случај се отвара опасност од однапред монтирани случаи и можност за потпкупување на вештаци и затоа како такво не е прифатено во правните системи на најсилните држави а секако и кај нас.
Во однос на твојата паралела со силОваното дете и педофилот, ќе ти обрнам внимание дека во старт ти е промашена...Прво тргнуваш како демек со факт дека некој е педофил, второ тргнуваш со факт како демек тој навистина го силувал детето, трето велиш нема да му се суди (може да има судска постапка но неможе да осудиш некого без докази) и четврто доказите се прибавени незаконски каде што самиот си ја рушиш тезата...со незаконски постапки сакаш да спроведуваш законска процедура...малце контрадикторно ти дојде сеа нели? Океј, нејсе, еве ти ја мојата паралела - „силуваното девојче“ кажува дека ја силувал особа Х (на пример некој ценет господин професор кој давал приватни часови по физика на девојчево“), приложува како докази пораки на фб/смс/вибер итн извадени од реалниот контекст и нема врска ок, у обвинителство викаат хммм овде има индиции за можно сторено дело и отвараат истрага...при истрагата се утврдува дека дотогаш „осомничениот“ нема кривични дела што значи се отфрла квалификацијата педофил е прерана и намерна, тенденциозна, потоа се пристапува кон испитување на брис од половните органи таму се гледа дека нема нишо, значи нема дело и не е тој силувачот. Арно ама, во меѓувреме случајот добива огромно медиумско внимание и угледот на ценетиот професор постојано се руши. Одредена група медиуми и луѓе продолжува да ја форсира и врти приказната со т.н. „докази“ од електронските комуникации кои пак судот и јавноста ги немаат во целост него само делот кој го приложило семејството на девојчето кое пак постојано дава изјави, прави пресови, го носат девојчето на психијатри му вадат потврди дека психичко нарушување има итн итн и резултатот е дека иако нема докази, сепак одреден дел од јавноста ќе загриза на приказната. И на тоа коа ќе додадеш претходно форсирана приказна дека братучед од мушка стрина на професорот бил вработен како хигиеничар во судот и затоа судот бил корумпиран и не го осудува добиваш приказна која добар дел од јавноста ќе ја „купи“. Е, ти си во тој дел од јавноста....