Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
Boban Nonkovik feeling meh.
7 hrs ·
Операција „Понтонски мост“ (за нанесување на смртоносен удар на ВМРО-ДПМНЕ ... и на Македонија)

ДЕФИНИЦИЈА: Понтонски мост или лебдечки мост претставува мост кој е составен од меѓусебно поврзани лебдечки делови (понтони) и е наменет за транспорт на луѓе или возила за премин преку некоја водена површина. Понтонските мостови обично се привремени објекти, а најчесто се користат во војна заради преминување на река. Откако ќе ја исполни целта, ваквиот мост обично се уништува (со цел да се спречи непријателот да го користи) или се демонтира за повторна употреба.
Во периодов на трансфер на политичката власт во Македонија, „Понтонски мост“ е наречена операцијата на шпионско-разузнавачкиот тим од „длабоката држава“ на САД во американската амбасада во Скопје, како завршен удар во распарчувањето на единствената македонска политичка партија што е претставена со пратеници во Собранието - ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, уште од осамостојувањето на Македонија, како национална партија ВМРО-ДПМНЕ е постојано таргет и цел на обработка на домашните, но и на странските шпионско-разузнавачки центри. Сите се сеќаваме на стотиците партиички со предзнак ВМРО (ДП, ВЕП, МЕП, ваква, онаква ...) што произлегоа од оваа партија на почетокот на 90-тите години на минатиот век (тренд што трае и до денес), а со цел разделување на македонското ткиво (и гласови, се разбира).
Никола Груевски во 2011 година успеа да ги собере сите остатоци од ВМРО-ДПМНЕ, растурени во секакви удбашки партиички со предзнак ВМРО (или со други Обединети имиња), но единствено што не успеа е да го врати во матицата еден од нејзините основачи и прв претседател на партијата - Љубчо Георгиевски. Да, ВМРО-Народна остана надвор од нуклеусот, нанесувајќи опасни повреди на избори, одземајќи му во просек на ВМРО-ДПМНЕ гласови доволни за меѓу три и пет пратенички места.
Пред последните парламентарни избори на 11. декември 2016 година, соросо-удбашките медиумски сервиси на СДС ги фати паника од информацијата (потврдена, 100%) дека Љубчо Георгиевски и неговите „народњаци“ договориле да одат на листи заедно со својата матична партија – ВМРО-ДПМНЕ. Со загрижување ја објавија оваа вест сите либертаси, пљусинфовци и заробени печати!
Информациите се дека било се договорено за ВМРО-Народна да добие две сигурни пратенички места (плус уште едно многу веројатно) и едно силно министерско место во новата Влада што би била предводена повторно од Груевски. На ден пред да се објави ова конечно обединување на вмровското политичко ткиво, на сцена стапуваат Бејли, Дејвид Стивенсон и ЦИА-шите од американската амбасада во Скопје, кои преку висок чиновник од Македонската црква (духовник на половина од македонскиот политички врв) го носат Љубчо Георгиевски во амбасадата и со познатите методи (кај бугарскиот гражданин тоа се неговите сметки по странство со милиони евра заработени додека ја предводеше македонската Влада) го уценуваат да се откаже од коалиција со Груевски и повторно да оди сам (добро, овојпат со ќерамидната партија на ЦИАшкиот наемник во Ирак и со политичката сестра Љуба) на избори, со што уште еднаш му нанесе удар на ВМРО-ДПМНЕ, одземајќи му со своите 25 илјади гласови околу четири пратеници (според Д’Онтов модел, а не севкупен број!).
Знаеме како мина ВМРО-ДПМНЕ на режираните избори и што се се случува(ше) во постизборниот период со Тиранската платформа и телеком-уцените врз ДУИ да не оди во коалиција со нив. Со изборот на Таљат Џафери за претседател на Собранието, веќе е распослан патот за избор на Влада по вкус на „длабоката држава“ на ЦИА во САД и тоа, сакале или не, ќе се случи наскоро.
Но, тука не завршува сценариото. Живо ВМРО-ДПМНЕ, со 51 пратеник и кохезивно членско-поддржувачко тело, наспроти трета албанска Влада на Балканот устоличена во зградата на ЦеКа на кејот на Вардар е опасност за сценаристите и режисерите. Потребно е распарчување на ВМРО-ДПМНЕ, како што деновиве со апсењата се распарчуваат Македонските патриотски здурженија (МПЗ), а за да може да се комплетира и одигра филмот до крај. И тука повторно на сцена стапува Љубчо Георгиевски и неговата ВМРО-Народна, за што се враќаме на насловот текстов, односно на операцијата.
ВМРО-Народна ќе биде претставена во новата Влада на Република Македонија, предводена од Зоран Заев. И тоа преку министер! Идејата е тоа да биде Никола Димитров (човек без идеологија, но на целосна услуга на западните разузнавачи и на партиите со анти-македонски чувства) на позиција министер за надворешни работи или некој друг (можеби и Љубчо Георгиевски), на позиција, на пример - министер за администрација.
И тука доаѓаме до Понтонскиот мост. Инсталирањето на ВМРО-Народна во Владата на Заев ќе биде со цел премин на членството на ВМРО-ДПМНЕ од државната администрација во партијата на Љубчо (под уцена со бркање од работа, се разбира), но и на големиот дел од високо-позиционираните државни чиновници, познати по честите прескоци од партија во партија (посебно на големиот број „народњаци“ што изминатите години се стекнаа со добри државни позиции како резултат на нивното враќање во ВМРО-ДПМНЕ). Овој премин се очекува да ги ослаби внатрешните позиции на Никола Груевски во партијата, но и тука не е крајот!
Идејата на ЦИА-шите од „длабоката држава“ во американската амбасада е преминот преку Понтонскиот мост од ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО-Народна да заврши со пратеници! Бејли и Стивенсон на Заев му имаат обезбедено 69 гласа во македонското Собрание (СДС плус сите албански партии), но им треба двотретинско мнозинство (81 пратеник) за менување на Устав со цел имплементирање на Тиранската платформа и што е најважно - за менување на државното име, симболите, химната и ... импичмент на единствениот неконтролабилен за странците елемент во македонската држава – претседателот Ѓорге Иванов!
Преку разно-разни уцени, подмитувања, застрашувања, притисоци, блескави понуди итн., сценаристите и режисерите на оваа операција планираат да придобијат најмалку 12 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, колку за потсетување, осум од сегашните 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ се од партии од коалицијата (претставници на малцинствата, плус ГРОМ-овци)!
Со 81 пратеник или двотретинско мнозинство во македонското Собрание, по легален пат (преку законодавниот дом), најпрво ќе се реконструира македонскиот Устав (воведување на бинационалност, двојазичност, промена на знаме, химна и др.), но, што е најважно – ќе се смени уставното име Република Македонија. Пресметките се дека колку и да се менаџира, референдумот за ова прашање може да излезе од контрола и да пропадне (случај со британскиот референдум за излез од ЕУ), па на сценаристот и режисерот на македонското сценарио не му се потребни такви стресови. Затоа, со 81 глас ЗА во македонското Собрание, ќе се изведе оваа операција која до крајот на годината треба да обезбеди влез на Македонија во НАТО и отпочнување на преговорите за влез во Европската унија.
Се разбира, со 81 глас во Собранието ќе се обезбеди и импичмент за тврдиот и жилав Ѓорге Иванов од функцијата претседател на Македонија, промена на принципот за именување на прв човек на македонската држава (ќе се избира во Собрание, не на непосредни избори), по што Собранието за нов претседател ќе го избере академикот од МАНУ, Абдулменаф Беџети, кој е човек на услуга на тетовската фирма „Еколог“ (која работи за НАТО и американската „длабока држава“ во Ирак и Авганистан) и нивен почесен претседател на ФК Шкендија.
За оваа операција „Понтонски мост“, потврдено веќе се разговара и делува и во самата ВМРО-Народна, а наводно знаат и во ВМРО-ДПМНЕ. Сценариото и алатките за негово изведување се подготвени, се чека само избор на Владата на Зоран Заев!
Од (не)успех на оваа операција зависи иднината на ВМРО-ДПМНЕ, но најмногу иднината на македонската држава и на македонскиот народ, култура, јазик, историја, идентитет, фолклор ... 

Јас прекинав кај болдираното, друг некој да ми објасни у кратки црти?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Вупивиршло , до тука не донесе глупата идеа на Австрија да измислуе албанци и албанска држава од шипатарски ќерпич, да ја имавме бе ние Италија на запад до сега ќе бевме Словенија и ќе бевме раат со 220.000 администрација...., ако под тоа се подразбира секој вработен кој е платен од Буџет......, колку реално ни требаат, а не тука да се распрааме без веза со самоходни комплекси пуни чувство на мала вредност..и големи лични желби .:cool:
Што збориш бе?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тоа е таа перцепција на просечен жморовец дека ако некој мети улица или коси трева - тоа е работење, а ако седне да програмира (ама стварно, не као џокса нашиов шизо) тоа е мрза.

Има у Словенија, една фабрика ТАМ - Творница аутомобила Марибор, која кај нас е позната е по чувените тамчиња пред 50 години. Епа едно такво, пребогатата општина Кочани отстапи на братската (ваљда соседна) општина Чешиново Облешево, приспособено за гасење пожар, пошо овие вториве немале такво. Настанов се случи прошлата недела и живо чудо како самозваниот патор-премиер во заминување не отиде да пресече лента на овој свечен чин.

http://www.komarec.com.mk/?p=11496



И додека мрзливите Словенци тонат у мизерија и се распаѓаат, вечна Маќедонија на Александар Маќедонски се вивнува се' повисоко во облаците и бескрајот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Словенците имаат три пати поглеми просечни плати и ќе си увезуваат работници. Невработеноста е намалена под 10%
Овој истиот уште каде нема пишано дека во Словенија народот е поделен на два дела, јавен сектор и магариња што ги јава јавниот сектор. Добро разбравме дека знаеш што и како е во секоја земја, абе нашетан и информиран човек.

Јас како што знам Словенците се нација кои важат за работливи луѓе и имаат висококвалификувана работна сила. Најразвиена пост-комунистичка држава плус се наоѓа на приморје и под алпите. Да не беа доселениците немаше кој да го развива туризмот и економијата.


Се сложувам комплетно, баш би ме интересирало овие од администрација да ги пратиме на 6 месечен гурбет во странство, со истата професија.. да видиме дали ќе издржат такво темпо, значи парите треба да ги заслужиш а не овде нишај врата земи плата, или земаш повеќе пари да лепиш плакати, него некој што умира од работа му даваат 150 евра плата.

Леле бе шта речи коју послуту порати...
Два дена нема да издржат, а не пак 6 месеци. Истите тие по дома не работат, а не пак на друго работно место и ги мрзи газот да си го избришат. Видат малку повеќе гужва и "Системот не работи, дојди после една недела."
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
Словенците имаат три пати поглеми просечни плати и ќе си увезуваат работници. Невработеноста е намалена под 10%
Овој истиот уште каде нема пишано дека во Словенија народот е поделен на два дела, јавен сектор и магариња што ги јава јавниот сектор. Добро разбравме дека знаеш што и како е во секоја земја, абе нашетан и информиран човек.

Јас како што знам Словенците се нација кои важат за работливи луѓе и имаат висококвалификувана работна сила. Најразвиена пост-комунистичка држава плус се наоѓа на приморје и под алпите. Да не беа доселениците немаше кој да го развива туризмот и економијата.



Два дена нема да издржат, а не пак 6 месеци. Истите тие по дома не работат, а не пак на друго работно место и ги мрзи газот да си го избришат. Видат малку повеќе гужва и "Системот не работи, дојди после една недела."
Што ќе ти кажат на шалтер/ што ти рекле на шалтер?

а) Системот не работи, дојди после една недела,
б) Пауза
в) Пауза
г) Пауза
д) Оди таму и таму и врати се
ѓ) д)

..........
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Доаѓа посветла иднина?



Добра колумна, начнува интересно прашање за што навистина се случуваше...и се случува.
Савевски.., мислам дека е тој искрена дилеа , се чини дека верува во тоа што го зборува и застапува , ама мислам и дека никогаш во животот не морал да обезбеди плата бар за 10 вработени, а пред тоа и да смисли и што ќе работат и каде тоа ќе се продаде...За 100 да не збориме. Колумнава ме потсеќа на размислувањето на еден париски клошар под мост на Сена во предвечерјето на првата светска војна..
-ќе има војна или не??, ..ако има страшно е, но сепак има два излеза ..или ќе ме соберат во војска или не.
-ако ме соберат, страшно е , ама пак има два излеза .., или ќе одам на фронт или не...
...и така со дилемата на два излеза , до што ќе се случи , ако загине.., па или ќе го изедам јас Луцифер или тој мене, ..........еее, ако ме изеде тој, тогаш има само еден излез...низ Луциферовото дупе...:sneaky:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Тоа е таа перцепција на просечен жморовец дека ако некој мети улица или коси трева - тоа е работење, а ако седне да програмира (ама стварно, не као џокса нашиов шизо) тоа е мрза.

Има у Словенија, една фабрика ТАМ - Творница аутомобила Марибор, која кај нас е позната е по чувените тамчиња пред 50 години. Епа едно такво, пребогатата општина Кочани отстапи на братската (ваљда соседна) општина Чешиново Облешево, приспособено за гасење пожар, пошо овие вториве немале такво. Настанов се случи прошлата недела и живо чудо како самозваниот патор-премиер во заминување не отиде да пресече лента на овој свечен чин.

http://www.komarec.com.mk/?p=11496



И додека мрзливите Словенци тонат у мизерија и се распаѓаат, вечна Маќедонија на Александар Маќедонски се вивнува се' повисоко во облаците и бескрајот.
За овие времето застанало таму некаде 67ма.... Разбирам дека кога немаш никакво возило и тамиќот од 67ма е добра работа, ама неможам да ја разберам потребата од сликање и свеченост за негово предавање во употреба. Се собрале таму во одела, градоначалници, директори, па се вратат околу кутриот крш, па отвораат врати, се восхитуваат на високата технологија и секако отпосле имало и убава софра за аирлија а која чинела неколку пати повеке од кршов. Човек да незнае дека ова се случило вчера, ке биде убеден дека сликава е од пред 50 години. Ај догодина па и фиќо-комбе да си добијат...
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.868
Поени од реакции
2.747
Не знам дали беше постирано веќе, ама интересно навистина.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Словенците имаат три пати поглеми просечни плати и ќе си увезуваат работници. Невработеноста е намалена под 10%
Овој истиот уште каде нема пишано дека во Словенија народот е поделен на два дела, јавен сектор и магариња што ги јава јавниот сектор. Добро разбравме дека знаеш што и како е во секоја земја, абе нашетан и информиран човек.

Јас како што знам Словенците се нација кои важат за работливи луѓе и имаат висококвалификувана работна сила. Најразвиена пост-комунистичка држава плус се наоѓа на приморје и под алпите. Да не беа доселениците немаше кој да го развива туризмот и економијата.



Два дена нема да издржат, а не пак 6 месеци. Истите тие по дома не работат, а не пак на друго работно место и ги мрзи газот да си го избришат. Видат малку повеќе гужва и "Системот не работи, дојди после една недела."
nasite lopovi se amateri za slovenskite i moze voda da im nosat. vo poslednite 5-6 god slovenija e zadolzena za takvi teski milijardi kako posledica na kradenjeto i festata vo javniot sektor so vo makedonija ni za iljada godini ne moze da se iskrade.[DOUBLEPOST=1494522884][/DOUBLEPOST]
Тоа е таа перцепција на просечен жморовец дека ако некој мети улица или коси трева - тоа е работење, а ако седне да програмира (ама стварно, не као џокса нашиов шизо) тоа е мрза.

Има у Словенија, една фабрика ТАМ - Творница аутомобила Марибор, која кај нас е позната е по чувените тамчиња пред 50 години. Епа едно такво, пребогатата општина Кочани отстапи на братската (ваљда соседна) општина Чешиново Облешево, приспособено за гасење пожар, пошо овие вториве немале такво. Настанов се случи прошлата недела и живо чудо како самозваниот патор-премиер во заминување не отиде да пресече лента на овој свечен чин.

http://www.komarec.com.mk/?p=11496



И додека мрзливите Словенци тонат у мизерија и се распаѓаат, вечна Маќедонија на Александар Маќедонски се вивнува се' повисоко во облаците и бескрајот.
TAM odamna e zbrisan, kako i ostanatite barem 95% bivsi giganti. Ostanatite poleka isto propagaat eden po eden.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Савевски.., мислам дека е тој искрена дилеа , се чини дека верува во тоа што го зборува и застапува , ама мислам и дека никогаш во животот не морал да обезбеди плата бар за 10 вработени, а пред тоа и да смисли и што ќе работат и каде тоа ќе се продаде...За 100 да не збориме. Колумнава ме потсеќа на размислувањето на еден париски клошар под мост на Сена во предвечерјето на првата светска војна..
-ќе има војна или не??, ..ако има страшно е, но сепак има два излеза ..или ќе ме соберат во војска или не.
-ако ме соберат, страшно е , ама пак има два излеза .., или ќе одам на фронт или не...
...и така со дилемата на два излеза , до што ќе се случи , ако загине.., па или ќе го изедам јас Луцифер или тој мене, ..........еее, ако ме изеде тој, тогаш има само еден излез...низ Луциферовото дупе...:sneaky:
Види, во принцип си во право, меѓутоа ако треба да се избере помеѓу тоа као Здравко да немаш никому обезбедено личен доход, работа итн и да останеш чесен, пред се човек, и да обезбедиш некои мизерни 200 еврулиња за рмбање по 10 сати дневно вклучително и саботи на 100 јадници кои се таму чисто од немајкаде, сиот тој обем на работа обезбеден преку давање фелацио на партиски полуписмена џукелана, попатно краднување од што ќе се стигне, акробации околу даноците и давачките, јас знам што би избрал, знам што би избрал ти, и видиш јас сум јас, ти си ти, кој е што во човечки рамки...;)
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Тоа е таа перцепција на просечен жморовец дека ако некој мети улица или коси трева - тоа е работење, а ако седне да програмира (ама стварно, не као џокса нашиов шизо) тоа е мрза.

Има у Словенија, една фабрика ТАМ - Творница аутомобила Марибор, која кај нас е позната е по чувените тамчиња пред 50 години. Епа едно такво, пребогатата општина Кочани отстапи на братската (ваљда соседна) општина Чешиново Облешево, приспособено за гасење пожар, пошо овие вториве немале такво. Настанов се случи прошлата недела и живо чудо како самозваниот патор-премиер во заминување не отиде да пресече лента на овој свечен чин.

http://www.komarec.com.mk/?p=11496



И додека мрзливите Словенци тонат у мизерија и се распаѓаат, вечна Маќедонија на Александар Маќедонски се вивнува се' повисоко во облаците и бескрајот.
Pa neli so Zaev Makedonija ja cheka svetla idnina, zachekorite hrabro so visoko krenato chelo i ich gajle nemajte.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
569
гледам споредувате со словенија, сдсм и вмро да се однесат во словенија за 2 год има да ја крахираат цела држава,кај нас од 1991 па навака проблемот се овие 2 партии и нивно упорно форсирање лош партиски кадар,баш сега левица кога се појави очекував дека ќе бидат поактивни и ќе просперираат во идна политичка визија ама и тие сами си ги голтнаа јајцата.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
nasite lopovi se amateri za slovenskite i moze voda da im nosat. vo poslednite 5-6 god slovenija e zadolzena za takvi teski milijardi kako posledica na kradenjeto i festata vo javniot sektor so vo makedonija ni za iljada godini ne moze da se iskrade.[DOUBLEPOST=1494522884][/DOUBLEPOST]
TAM odamna e zbrisan, kako i ostanatite barem 95% bivsi giganti. Ostanatite poleka isto propagaat eden po eden.
Све е збришано, само МаЌедонија е вечна!
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Операција: Превртени чорапи
Пишува: Арсим Зеколи
Нетранспарентноста, тајновитоста и селективната информираност за процесите кои се одвиваат сѐ повеќе од доволни за здрав сомнеж дека под плашт на реформите всушност ни се подметнува некаква Операција на Пресвртени чорапи
Сред сите дебати за српски и македонски сценарија, чинам дека една друга споредбена аналогија од соседското минато поадекватно ја одразува тековната состојба кај нас. Со должна резерва кон нијансите (за кои треба да сме благодарни) Македонија во овој момент минува низ своја пост-Ѓинѓиќ шок терапија, но од помал интензитет и длабочина во споредба со она што се случуваше во Белград во март-април 2001 година. Што е пак своевиден логичен расплет по овдешниот 5-ти октомври кој се одвиваше во 2015г., како судир на општеството со заробената држава. Споредбената паралела помеѓу настаните во Србија и овдешните сегашни драмолетки опфаќа и редица други сличности, карактеристики и индикатори, делумно пофални, делумно неславни. Но за тоа во некоја друга прилика.

Една од побитните сличности со кои допрва ќе се соочиме се однесува на следните етапи на развојот на ситуацијата во кои – според искуството од Србија – следи систематски длабочинска деградација на институционализираните партии, отстапувајќи место на трендот на персонификација на претставништвото. Што е сепак дел од сеопштиот глобален тренд, во нашиот случај дополнително нагласен поради состојбата на (се надеваме, блага) анархичност како неминовен пост-авторитарен нус-продукт. Во кој сите оние кои во минатите десетина години чамеле во олекување на сопствениот миг, ќе дадат се од себе да истиот го одологовлечат и до максимум искористат.

Сепак, и покрај сите сличности, секое семејство си е со свои различни среќи и главоболки. Колку и да е неблагодарно да сред популарниот занес за процутот на слободата, демократијата и новиот почеток даваме приземни предупредувања, околностите налагаат да укажеме на малите стапици кои се назираат на хоризонтот. Една од тие неодумици е секако односот кон одговорноста за политичките ставови и дела и реперкусиите по односите во општеството.

Иако илустрации за тој диспаритет има повеќе од што треба, примерот со меѓу-етничките односи е најподатен за разјаснување. Зборот ми е секако за растечкиот тренд на незадоволство или мислење кај Албанците според кој Македонците се борат против сопствениот криминал во власта со помош и награда на албанските криминалци во истата влада. При што, според искуствата од минатото, заклучокот е дека Албанците повторно ќе го извлечат подебелиот крај како искористени, измамени и оставени на милост на сопствените криминалци, подржани од македонските им јатаци или "реформатори”. Се разбира, сумираниот пресек се однесува на односите во бермудскиот триаголник СДСМ-ДУИ-ВМРО и нивните заткулисни игри, потпомогнати – активно или готовански – од страна на помалите партии и странски емисари.

Превентивен пристап

Превентивниот пристап кон оваа опасна реторика подразбира дека на Албанците мора да им се разјасни дека македонските сограѓани не се тие кои ја диктираат или водат таа срамна трипартитна шарада ниту пак треба да бидат сомничени за таквиот однос. Туку, дека тоа е дело на конкретни партиски елити и интереси кои си имаа поединечно или групно име и презиме. Ниту пак Македонците треба, преференцијалниот вкус и мерак на нивните партии за соработка со албански лесно поткупливи и корумпирани политичари, да го префрлаат врз грб на сограѓаните Албанци. Македонското не смее да биде сведено на измаглица во која ќе се кријат конкретните одговорности и трули интереси на Никола и Сашо, Зоран и Радмила, ниту пак албанството смее да биде збег во кој ќе се кријат Али и Муса, Билал или Зијадин и нивните тесно-грди вратоломии во име на Албанците. Сулудо и наивно е да се очекува дека било кој од нив доброволно ќе се откаже од таа вкоренета, исчашена, нечесна и лукративна маша за замаглување на сопствената или партиската (не)одговорност. Замижувањето пред оваа прелесна и неказниво воспоставена пракса гарантирано и понатаму ќе ги дегенерира односите помеѓу заедниците, диктирани според формулата на лажно патриотство во опозиција и квази-граѓанство во власта.

Процесот на ерозија на големите партии и паралелниот подем на персонификација на политиката преку авторитарни лидери дополнително ќе ја подвлече важноста на овој приод. Спречувајќи, судбината на меѓуетничките односи – добри или лоши – и понатаму да бидат ставени во залог и зависност од куклите во главата на Никола, Зоран, Али и нивните меѓу-партиски и лични ситни сметки и пресметки. Секако, ефектот на таа превентивна мерка на инсистирање на конкретна одговорност е најслесно видлива во меѓу-етничките односи. Но подеднакво употреблива во сите други димензии на политичко претставништво и институционална одговорност, транспарентност и отчетност пред јавноста, граѓаните и гласачите.

Реинкарнација на стариот дух!?

Состојбата во која се наоѓаме и настаните кои се одвиваат околу нас упатуваат на тоа дека не станува збор за сувопарни предупредувања и испразнети теоретизирања, туку за сосема реална опасност да завршиме повторно на некој нов почеток на веќе видена приказна или реинкарнација на стариот дух во некое ново тело. А причини за сомнеж дека се соочуваме со рециклирање на ист популизам под различни бои има повеќе отколку што сакаме да замислиме. Нетранспарентноста, тајновитоста и селективната информираност за процесите кои се одвиваат сѐ повеќе од доволни за здрав сомнеж дека под плашт на реформите всушност ни се подметнува некаква Операција на Пресвртени чорапи, во кои само симболите се менуваат, но аромата на трули нозе ни странски дезодоранси не ја корнат.

Во прилог на тој сомнеж одат и распространетите гласини дека во позадина на вревливите партии и замолкнатите медиуми веќе неколку недели се одвива нов "Пржински” процес со учество на ВМРО, СДСМ и (посебно!) ДУИ, а со посредништво на регионално присатен Амбасадор од една од скандинавските земји. Дресурата по конструктивност на која сме подложени со децении налага да таквата задкулисна, нова епизода на "пржинарење” ја поздравиме како придонес кон разумно и мудро разрешување на кризата. Како дипломатско-политичка досетливост за меѓупартиските тензии не се одразат врз мирот и спокојот на недолжното граѓанско стадо. Но некој сепак треба да ја преземе улогата на црна овца за да ја наруши таквата „идилично конструктивна нетранспарентност” преку барање отчет, одговор и објаснување за тоа кој, каде, како и - пред сѐ – за што се договара во тековните „мировни преговори”? Доколку преговорите се однесуваат на распределба на мандати помеѓу партиите, тогаш нека им служи на чест и сласт, посебно на опозицијата. Но доколку преговорите се однесуваат на поделба на парите стекнати преку криминал, од наш џеб и врз наш грб, тогаш попаметно е да се откажат нарачаните победнички торти. За да не им излезат низ нос.
Или Балканфилм продукција представува уште едно продолжение од серијалот „Жедни преку вода“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom