Кајганеро
Немој не ме радуј!
- Член од
- 3 јули 2010
- Мислења
- 2.868
- Поени од реакции
- 2.748
Boban Nonkovik feeling meh.
7 hrs ·
Операција „Понтонски мост“ (за нанесување на смртоносен удар на ВМРО-ДПМНЕ ... и на Македонија)
ДЕФИНИЦИЈА: Понтонски мост или лебдечки мост претставува мост кој е составен од меѓусебно поврзани лебдечки делови (понтони) и е наменет за транспорт на луѓе или возила за премин преку некоја водена површина. Понтонските мостови обично се привремени објекти, а најчесто се користат во војна заради преминување на река. Откако ќе ја исполни целта, ваквиот мост обично се уништува (со цел да се спречи непријателот да го користи) или се демонтира за повторна употреба.
Во периодов на трансфер на политичката власт во Македонија, „Понтонски мост“ е наречена операцијата на шпионско-разузнавачкиот тим од „длабоката држава“ на САД во американската амбасада во Скопје, како завршен удар во распарчувањето на единствената македонска политичка партија што е претставена со пратеници во Собранието - ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, уште од осамостојувањето на Македонија, како национална партија ВМРО-ДПМНЕ е постојано таргет и цел на обработка на домашните, но и на странските шпионско-разузнавачки центри. Сите се сеќаваме на стотиците партиички со предзнак ВМРО (ДП, ВЕП, МЕП, ваква, онаква ...) што произлегоа од оваа партија на почетокот на 90-тите години на минатиот век (тренд што трае и до денес), а со цел разделување на македонското ткиво (и гласови, се разбира).
Никола Груевски во 2011 година успеа да ги собере сите остатоци од ВМРО-ДПМНЕ, растурени во секакви удбашки партиички со предзнак ВМРО (или со други Обединети имиња), но единствено што не успеа е да го врати во матицата еден од нејзините основачи и прв претседател на партијата - Љубчо Георгиевски. Да, ВМРО-Народна остана надвор од нуклеусот, нанесувајќи опасни повреди на избори, одземајќи му во просек на ВМРО-ДПМНЕ гласови доволни за меѓу три и пет пратенички места.
Пред последните парламентарни избори на 11. декември 2016 година, соросо-удбашките медиумски сервиси на СДС ги фати паника од информацијата (потврдена, 100%) дека Љубчо Георгиевски и неговите „народњаци“ договориле да одат на листи заедно со својата матична партија – ВМРО-ДПМНЕ. Со загрижување ја објавија оваа вест сите либертаси, пљусинфовци и заробени печати!
Информациите се дека било се договорено за ВМРО-Народна да добие две сигурни пратенички места (плус уште едно многу веројатно) и едно силно министерско место во новата Влада што би била предводена повторно од Груевски. На ден пред да се објави ова конечно обединување на вмровското политичко ткиво, на сцена стапуваат Бејли, Дејвид Стивенсон и ЦИА-шите од американската амбасада во Скопје, кои преку висок чиновник од Македонската црква (духовник на половина од македонскиот политички врв) го носат Љубчо Георгиевски во амбасадата и со познатите методи (кај бугарскиот гражданин тоа се неговите сметки по странство со милиони евра заработени додека ја предводеше македонската Влада) го уценуваат да се откаже од коалиција со Груевски и повторно да оди сам (добро, овојпат со ќерамидната партија на ЦИАшкиот наемник во Ирак и со политичката сестра Љуба) на избори, со што уште еднаш му нанесе удар на ВМРО-ДПМНЕ, одземајќи му со своите 25 илјади гласови околу четири пратеници (според Д’Онтов модел, а не севкупен број!).
Знаеме како мина ВМРО-ДПМНЕ на режираните избори и што се се случува(ше) во постизборниот период со Тиранската платформа и телеком-уцените врз ДУИ да не оди во коалиција со нив. Со изборот на Таљат Џафери за претседател на Собранието, веќе е распослан патот за избор на Влада по вкус на „длабоката држава“ на ЦИА во САД и тоа, сакале или не, ќе се случи наскоро.
Но, тука не завршува сценариото. Живо ВМРО-ДПМНЕ, со 51 пратеник и кохезивно членско-поддржувачко тело, наспроти трета албанска Влада на Балканот устоличена во зградата на ЦеКа на кејот на Вардар е опасност за сценаристите и режисерите. Потребно е распарчување на ВМРО-ДПМНЕ, како што деновиве со апсењата се распарчуваат Македонските патриотски здурженија (МПЗ), а за да може да се комплетира и одигра филмот до крај. И тука повторно на сцена стапува Љубчо Георгиевски и неговата ВМРО-Народна, за што се враќаме на насловот текстов, односно на операцијата.
ВМРО-Народна ќе биде претставена во новата Влада на Република Македонија, предводена од Зоран Заев. И тоа преку министер! Идејата е тоа да биде Никола Димитров (човек без идеологија, но на целосна услуга на западните разузнавачи и на партиите со анти-македонски чувства) на позиција министер за надворешни работи или некој друг (можеби и Љубчо Георгиевски), на позиција, на пример - министер за администрација.
И тука доаѓаме до Понтонскиот мост. Инсталирањето на ВМРО-Народна во Владата на Заев ќе биде со цел премин на членството на ВМРО-ДПМНЕ од државната администрација во партијата на Љубчо (под уцена со бркање од работа, се разбира), но и на големиот дел од високо-позиционираните државни чиновници, познати по честите прескоци од партија во партија (посебно на големиот број „народњаци“ што изминатите години се стекнаа со добри државни позиции како резултат на нивното враќање во ВМРО-ДПМНЕ). Овој премин се очекува да ги ослаби внатрешните позиции на Никола Груевски во партијата, но и тука не е крајот!
Идејата на ЦИА-шите од „длабоката држава“ во американската амбасада е преминот преку Понтонскиот мост од ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО-Народна да заврши со пратеници! Бејли и Стивенсон на Заев му имаат обезбедено 69 гласа во македонското Собрание (СДС плус сите албански партии), но им треба двотретинско мнозинство (81 пратеник) за менување на Устав со цел имплементирање на Тиранската платформа и што е најважно - за менување на државното име, симболите, химната и ... импичмент на единствениот неконтролабилен за странците елемент во македонската држава – претседателот Ѓорге Иванов!
Преку разно-разни уцени, подмитувања, застрашувања, притисоци, блескави понуди итн., сценаристите и режисерите на оваа операција планираат да придобијат најмалку 12 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, колку за потсетување, осум од сегашните 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ се од партии од коалицијата (претставници на малцинствата, плус ГРОМ-овци)!
Со 81 пратеник или двотретинско мнозинство во македонското Собрание, по легален пат (преку законодавниот дом), најпрво ќе се реконструира македонскиот Устав (воведување на бинационалност, двојазичност, промена на знаме, химна и др.), но, што е најважно – ќе се смени уставното име Република Македонија. Пресметките се дека колку и да се менаџира, референдумот за ова прашање може да излезе од контрола и да пропадне (случај со британскиот референдум за излез од ЕУ), па на сценаристот и режисерот на македонското сценарио не му се потребни такви стресови. Затоа, со 81 глас ЗА во македонското Собрание, ќе се изведе оваа операција која до крајот на годината треба да обезбеди влез на Македонија во НАТО и отпочнување на преговорите за влез во Европската унија.
Се разбира, со 81 глас во Собранието ќе се обезбеди и импичмент за тврдиот и жилав Ѓорге Иванов од функцијата претседател на Македонија, промена на принципот за именување на прв човек на македонската држава (ќе се избира во Собрание, не на непосредни избори), по што Собранието за нов претседател ќе го избере академикот од МАНУ, Абдулменаф Беџети, кој е човек на услуга на тетовската фирма „Еколог“ (која работи за НАТО и американската „длабока држава“ во Ирак и Авганистан) и нивен почесен претседател на ФК Шкендија.
За оваа операција „Понтонски мост“, потврдено веќе се разговара и делува и во самата ВМРО-Народна, а наводно знаат и во ВМРО-ДПМНЕ. Сценариото и алатките за негово изведување се подготвени, се чека само избор на Владата на Зоран Заев!
Од (не)успех на оваа операција зависи иднината на ВМРО-ДПМНЕ, но најмногу иднината на македонската држава и на македонскиот народ, култура, јазик, историја, идентитет, фолклор ...
Јас прекинав кај болдираното, друг некој да ми објасни у кратки црти?