Таа Фатиме јадеше дебакл само затоа што судството ни е во ситуација во која ни е, а тоа е Маријана Тренч, најдлабокото дно во Тихиот Океан, тоа е моментално Македонија.
На СЈО им ги одбиле доказите оти произлегувале од „незаконски снимените разговори.“ Пази, на Обвинителнство кое е формирано заради незаконски снимените разговори, им ги одбиваат разговорите ко доказ. Тоа е исто ко во Судот за човекови права во Стразбур да одбијат некој оти се жалел дека му е забрането правото на живот, и овие да го одбијат.
Ама тоа го прават за да има алиби Уставен да го скине СЈО ако дојде време за тоа. Во 1/4нормална држава сите обвиненија од вчера ќе беа прифатени едногласно. Во полунормална држава, функционерите кои беа фатени на дело како нарачуваат шамари ќе поднесоа оставка. Во нормална, тоа никад не би се десило. Ама за среќа ние сме 100% ненормална држава, а и двојазична и федерализирана од 2001ва.
Најверојатно и последниот од СДСМ ќе биде прифатен. Со тоа ќе се прегласува на две избирачки места. Разликата во количникот за последниот пратеник меѓу ВМРО и СДСМ е само 67 гласа, што значи дека со прегласувањето на тие две места ептен можно е СДСМ ра ги стигне тие 67 и да освои пратеник место ВМРО, со што вкупниот резултат ќе е 50:50.