Јас ја сметам работата за доста сериозна по Македонските национални интереси.
Тоа е затоа што некој личните и теснопартиски интереси се обидува да ги постовети со националните, па и джравните затоа што доминантните партии од двата етникума го прават истото.
Ајде вака, според верзијата на СДСМ, ДПМНЕ преговарало за платформата со браќата по криминал и прифатиле све освен СЈО, а браќата по криминал како такви чесни и принципиелни не сакале да прифатат и цврсто застанале позади телото што се бори против криминалот на власта во којашто и тие учествувале. Дали ти најискрено длабоко во себе веруваш дека е ова вистина?
Мислам Монти Пајтон вода да носи..
Монти пајтон вистина, ти сериозно мислиш дека било која поголема политичка партија во МК е среќна со формирањето и постоењето на СЈО, уште помалку фактот што истото ќе постане постојано, формирање на специјално судско и истражно одделение и сл?Ајде? Чест и принципи настрана денес, мислиш дека ова е борба национални интереси? Па Талат Џафери кој го направи минситер, сеа тие истите против него, абе дај не комитрагедија едночинка...
Од друга страна јас уште истиот момент кога се обзнани платформата тука на овој форум повикав влада на национално единство на Македонците, како одговор на таа провокација. Следеше одговор од тука дека влада без Албанци не смее да се прави. Аууу па зошто тогаш го потпишувавме Рамковниот договор и го прифаќавме Бадинтеровото мнозинство. Па нели тие беа демократски решенија за правата на Албанците доколку по некоја случајност Албанска партија не влезе во влада ?!?
Еве и јас сметам дека не смее Влада да се формира без плоточки претставник на Албанците, па сум против т.н Тиранска платформа, зошто бе дпмне не ги напаѓа ДУИ како иницијатори? Проблемот е што максимално валкано изигра дпмне, од една страна преговараше до последен миг, и на крај тргна кобајаги против некој, свесни дека што и да прифатеа СДСМ поради фактот што сака да задржи чист образ кон МФ нема да тргне во ваква валкана игра на креирање етнички тензии...чисто калкуланство.Нека излезат отворено да кажат дека ништо не прифатиле, или што прифатиле, факт е дека преговараа, за шо? Да не испадне како со името не го даваме...
Може некој некогаш документира заради некоја историска анализа во иднината или можеби да собере дневнополитички поени во иднина, но ова не е документирано, ова е во последниве 2 години направено, на сите им е во сеќавање, а интернетот ни дава можност сами да ги најдеме сите тие несреќни (јас би рекол среќни, пошто во денешен контекст доста откриваат за неговите намери) изјави на Заев.
Објавените прислушуваните разговори пак го разголуваат до коска декларативниот патриотизам...шу праиме сеа?Има јамајкански израз за ова bomboclat
Кога станва збор за Албанските национални интереси, поготово со платформи оформени во Матичната држава на Албанцте со потсредтсво на Албанскиот премиер и со активно учество на Косовскиот премиер, јас многу им верувам на Албанските политичари, така ме научила историјата, што договориле, кон тоа и се стремат недвосмислено. Па така и изјавите на сите политички субјекти од Македонија, потписнички на таа Тиранска платформа недвосмислено идат во насока дека без прифаќање на таа платформа, во влада нема да влезе ниедна од нив.
Тие изјави се дадени и објавени и во медиуми на СДСМ и во медиуми на ДПМНЕ. Така да не би се сложил со сервирањето...
Зошто во моментот кога беше објавена, така филмски промовирана ДПМНЕ не повика на национално единство и отфрлање на истата? Филмски и нашите и нивните, ама за власт се работи, затоа. Кај потребата за преговори? Јас напишава дека начинот на каој се промовираше е чиста провокација, настрана содржината.
Матна е ситуацијата од политички аспект само, од национален е кристално чиста, За да видиш кој го создал проблемот, треба да видиш кој има профит од него. А профитот недвосмилено го собраа Албанците. Цела оваа двегодишна шарада, поддржана сесрдно од тие што беа „освестени“ од нивните редови, цело тоа сплотување на знамиња, гласовите на Албанците на СДСМ, пуштањето на муабетите за Смилковци и Диво Насеље... Све сега си има смисла. Заев одработи за Албанските интереси
Матна е секогаш, посебно на Балканот, мешавина од геополитички и ситнополитички интереси, е сега еден момент превиде, тие Албански гласови на контото на СДСМ, мислиш на партиите од албанскиот политички блок посебно ДУИ им е сеедно? Поголем католик од папата не можеш да бидеш, пораката на т.н Тиранска платформа...консолидација на гласачко тело.Национална основа.
Ти се зезаш нели? Има лева и десна опција во Македонија ?1? Ај аирлија од кога тоа ? Кој е левата, а која е десната?
Декларативно барем.
Кога ќе излезеш од светот на бајките ќе сватиш дека притисок за повлекување на Тиранската платформа е само доколку нема поделби во Македонското национално ткиво. Вака кога едната страна отворено ја прифати платформата, зошто би ја повлекле ?!?
Може ќе ги фатиш на сентименталност со заедничкото учество на геј шарадата ?
Гледаш, таму има барем каков таков обид за некое помирување кон заедничка цел, иднина, од друга страна некој сеуште во средниот век, мрачната доба според историјата. Овие катадневни рецитали и приредби на јавната партиска администрација, и тоа по исклучиво етничка основа, чиј сентименти придобиваат?
Значи решение е да ќутиме ?!? Токму оваа платформа ни дава можност во констелација на денешната поларизација во светот и немоќта за активна подршка на Албанците на САД и ЕУ, да ја укинеме таа дефакто федерализација. Нема што веќе да се плашиме од Албанците и нивните услови. Поготово не, што и Грција и Србија застанаа позади ставот на Иванов во моментов.
Не е решение, меѓутоа шовинситички истапи не одат во прилог, инаку нималку индикативно што Србија и Грција застанаа позади Иванов? Од др страна ти сериозно мислиш дека САД и ЕУ се немоќни, не читај се, сериозно, малку поспани ништо повеќе, има некој поместувања од геополитички аспект, ама мислам далеку од тоа како што кај нас некој се обидува да прикаже.
Јас не сум за да се отфрлат сите криминали кои ќе се докажат, и цврсто стојам позади тоа. Вклучително и на ДПМНЕ и на СДСМ. И како што реков, го подржувам СЈО, само доколку не тера селективна правда и ги вклучи и предавствата на Македонските национални интереси во нивните акти.
Тоа мислам дека треба да е јасно доколку ги читаш моите настапи на форумов.
Не може и да сакаш да ја отфрлиш корупцијата, и истата да ја ставиш во ист контекст со заштита на национални интереси, тогаш стануваш дел од мапет шоуто, а за селективна правда, да прашам во последната декада дали можеш да навидеш еден случај покренат од ЈО на РМ за корупција од поголеми размери? Еден, за оние кои стекнаа богатство преку нок, партиски функционери, транзициски тајкуни, се тоа стана инкорпорејтед...после може да прајме муабет за селективноста на СЈО.
А реториката проитв Заев, не ми е од памет, туку ми е логично резиме на цело ова лудило што ни се случуваше во последните 2 ипол години. Што вие тука не убедувавте и нас и самите себеси дека е борба против криминалот, а уствари било борба за остварување на Албанските интереси. И на крајот на краиштата, што е борбата против криминалот ако не е зачистување во сопствените редови.
Тој антикоруптивен момент е изгубен токму поради т.н Тиранска платформа?! Истата не ја создаде СДСМ, првиот момент кога се обзнани требаше да се отфрли од двете страни, ама ете некој почна да преговара...
Прв и основен чекор на СДСМ во борбата за национално единство е елиминирањето на Заев и нивните пулени кои очигледно е дека работеле со задни намери и биле крајно неискрени и нетранспарентни во своите излагања. Значи не ДПМНЕ да го елиминира, туку самото СДСМ да најде брз механизам и да го елиминира од политичката сцена.
Втора работа е тоа ново водство да ја прифати непристојната понуда на Груевски и да го пикне него и сите обвинети во притвор и во најкраток можен рок да ги докаже криминалите за коишто се обвинети и доколку не ги докаже да се извини и да ги обештети.
Трета работа е да се тргне очигледното влијание на Сорос во партиите целосно и недвосмислено, и да се испитаат сомнителните акти во последниве 2 ипол години, кои фактички доведоа до Тиранската платформа.
Четврто, да им се даде до знаење на Албанците, дека Македонците се спремни со крв да ја бранат унитарноста на државата.
Петто, под итно да се направи попис, пред воопшто да има нови избори, со зајакната контрола да се утврди бројот на Албанци кои живеат во Македонија и доколку не се докаже постоење на 20% да се направи ревизија на Рамковниот договор и враќање на уставот од 2001 година.
Види вака, тоа со крв не знам од каде ти е, уште помалку зошто, и јас сум за правење попис, не само поради некој некого да преброи, поради државни интереси и системски анализи на политиките. Е сега проблемот е што раководствата на двете страни се инкриминирани, и секој има основа да вика че си лежите...кај нас сега дали ти сметаш дека постои предуслов судтсвото да поведе правна постапка против некој кој високо котира? И тоа да биде непристрасно?
Према ова ништо од такви брзи филсмки судења и пресудувања, затвори, ништо освен медумски атракции.
Сорос приказната е малку смешна, тоа е чисто за дискредитација на НВО секторот, не дека и тие се сјајни, или пак агендата на Сорос е чисто алтруистичка, ама далеку е од реториката која се наметнува, хистерија.
Да не бидам сфатен погрешно, безрезервно промена на власт, рокада не поддржувам, уште помалку итромански потези како фамозната тиранска платформа, меѓутоа не постоветувам лични и теснопартиски со национални, уште помалку државни интереси, точно е дека постои агенда од соседните држави, ама кај беа патриотите до сега да се спротивстават?