Од рано рано ја оправаме држвата а
Аххххх, се правиме свесни над свеста сега. Не е многу комплицирана сложувалката за да коцките можат многу лесно правилно да се постават. Притоа апсолутно сите се во прилог на дпмне.
- преговарал - не прифатил, преговарал - прифатил ... постои разлика. Дали и што таа разлика значи ние можеме да погаѓаме според некои претходни акции на луѓето, конкретно никогаш не можеме да знаеме што било поставено на тие преговори.
Повеќе од комплексна е сложувалката, ако сакаме да бидеме објективни, коцките одат во прилог на дпмне затоа што така ги реди медиумскиот наратив, нивниот кој е доминантен, е сега за преговарањето, каде беа овие домобраните додека се преговараше, комитрагично е да се води ваквка дебата, истата таа платформа е ставена на маса за сите, до моментот кога се обзнани дека нема старата добра коалиција повторно да биде власт, немаше загрозување на никакви интереси, затоа што власта е единствениот интерес.
- дпмне не најавуваше во предизборието, туку предупедуваше на реториката на зајо, сликањето со јатаците на Кумановската група, испадите за двојазичност, договорот во Берн, грдото лице на Македонецот, дилот за Албанските гласови и така натака.
- Ставот со којшто се прикажува Тиранската платформа како непостоечка или во најмала рака нешто што е нормално да се прифати.
- Играњето на чувствата на оние кои беа разочарани (патриотите што се дистанциираа од дпмне во 2008) од коалицијата на дпмне со дуи (браќата по криминал)
- Злоупотреба на престрелката во Диво Насеље.
- Играњето со чувствата на народот за егзекуцијата во Смилковци
Е сега, ајде кажи ми како мрдна со прст Груевски, кога Заев буквално за све ова сам си се намести
Го знаеш ли вицот, „Абе комши што и да ти кажам, нема да ми веруваш“. Е буквално на тој виц ме подсетува.
Делумно си во право, еве одма да кажам дека во овие услови јас сум против било какво преговарање за било што од таа платформа а се однесува на целосна двојазичност, промена на државни симболи, а за кантонизација и сл не ни размислувам, сеуште е ова Западен Балкан, меѓутоа тука е симптоматично што сите тие несреќни изјави дадени во некој полет од страна на Заев, се документирани, било внатрепартиските или оние кај Албанската дијаспора, не е тоа малку индикативно?
Наместен, саботиран, на некој не му се допаѓа тоа што го прави....т
Инаку истиот аргумент кој го искористи ти за преговарањето јас ке го искористам тука, рекол или одрекол, не знаеме што е договорено, па со истата теза се најдовме повторно на различни партиски страни, а во суштина браниме исти национални интереси? Медиумскиот наратив е креиран од ликови кои голтаат се што ќе им се сервира, а тој медиумски простор воглавно им е даден поради нивните измеќарски к-ки, што ги сведува на обични дебели гомнари.
Значи кристално е чиста ситуацијата, нема инсинуации, нема погрешни толкувања, нема вадење од контекст, нема сечено лепено.....
Е сега и од мое гледиште нема никаква разлика во водството по националните интереси во последните 27 години, ама ете види неколку страни наназад што ми вика батеман, дека тоа не е патриотска изјава туку се „само фрази за да го бранам паторот“. Што сакаш повеќе, 2 ипол години на сила ме буткаат во дпмне. И еве после сесрдниот нивни труд, со натчовечки напор на Заев да ме сместат во таборот на дпмне, мене што ми преостанува друго ?!?!?
Никогаш не била, и не може да биде кристално чиста ситуацијата, имаш корупција, партизација и што уште не, и сега ќе браниме што? Од реториката за името не го даваме сега се сведуваме на албано/македо-фобија помеѓу истите тие кои делеа како браќа? Проблемот е што притегнатите партиски врхушки, инкриминирани и компромитирани своите теснопартиски или лични интереси се обидуваат да ги постоветат со националните, или државните затоа што тоа се прави и од страна на албанските партии. Е сега во вакви услови не значи дека по автоматизам треба да се прифаќа наметнатата распределба, ако веќе си свесен дека и едните и другите немаат проблем со истото што ти и еве јас имаме проблем, не значи дека треба партиски страни да браниме, оставки од инкриминраните раководства до судска разрешница, а во меѓувреме може ќе се најде да напрви добар политички центар кој недостига во Македонија, па може и леви и десни со добри, чесни и искрени намери ќе се најдеме на иста страна
Се согласувам со кажаното, со тоа што ние не знаеме што е точно прифатено а што не, има четири различни верзии, на СДСМ дека не е прифатена во целост, на ДПМНЕ дека СДС ја прифатиле цела и две разни верзии од албанските политичари, во зависност дали се поблиски до ДПМНЕ или СДСМ. Ако албанските политичари искрено сакале промени на подобро немаше вака да се постават, но користат ситуација, и на еден или друг начин нешто ќе добијат, по мене самата платформа им е преговарачко средство со максималистички барања, тие се свесни дека ниту некој ќе ја прифати во целост ниту може да се имплеметира, но ќе ја користат сега во сите идни преговори и за оваа и за наредните влади.
Е затоа и ги сметам за лажни овие протестиве, оти сите се свртеле кон СДСМ, а не кон креаторите на платформата, кажав неколку пати, и да се прифатат барањата на протестантите, да се откаже Заев од правење влада и да се оди на избори платформата пак ќе биде тука, ДМПНЕ пак ќе преговара (или СДСМ да нема забуна) за неа и пак ќе испреговара како што беше во јануари кога сите овие силни патриоти ги немаше нигде и тогаш ќе се виде дека заднината на протестите била друга, оти вакви слични работи се имаат случено и порано. Обвинувањата сега се дека платформата не била спомната во предизборието и сега гласачите се прелажани, но зарем гласачите не беа прелажани и со амнестијата на хашките случаи, со мајскиот договор, со законот за јазици и еден куп други работи кои се случија во време на власт на ДПМНЕ, кога имаше многу покомотна позиција во поглед на број на пратеници, тогаш ќутенка, немаше административци и директори по протести, немаше патетични здруженија на Ќосевци и Александровци да се закануваат со насилство кон „предавниците“.
Притисокот треба пред се да биде насочен кон албанците, сакале да признаеме или не, нивното вразумување ќе доведе кон некаков почеток на стабилизација на состојбите.
Прво и јас сум за да се изврши притисок за повлекување на т.н Тиранска платформа, очигледно е дека Рама во моментот е човек со агенда и секој медумски битен момент го користи за зголемување на тензиите преку провокативни изјави, од тука мислам дека целта е на истата е консолидација на националните трла. Инаку за се друго постои закон во оваа налик држава, од употреба на јазици до знамиња, кај беа патриотите да се замараат со тоа последнава декада? Де факто федерацијата беше супер во поделбата на пленот, сега не знам што се брани и од кого? Они го направија Талат Џафери министер за одбрана, сега протестираат против него...уствари не е дпмне загрижени домобрани се тоа.Хашките случаи да не ги споменувам. Комитрагедија со тенденција да прерасене во чиста трагедија...