Абе еден PET скен центар го пуштија преклани и го испотија како бил прв на Балканот, дури и битушанецот го имаа пратено на форумов да искенка а во 2013 кога имав јас потреба за таков скен морав до Загреб да одам. Хрватска има во три града од 2007 (Загреб, Сплит, Задар), Грција има од 2003, другиве држави сигурно исто пред нас имаат, први сме биле ние и тоа во еден град пази
И да го направат тој современ клинички центар за кого дрдаат, ќе се појави друг проблем - ќе нема кој да работи со современава техника која што се употребува во медицината. Баш муабетев со еден наш доктор што работи во Германија, на шала вика за најновава медицинска опрема за дијагностика треба да знаеш да програмираш за да пуштиш скен на пациентов
а и ајде за ракување како така ќе се научиш, упатства, туторијали ама тие резултати некој треба да ги прочита, секоја чест за оствареното нема вечно да живеат Неткоски, Угриновски, Адамова, Ставриќ, Лозанче итн. експерти од областите кои ги имаме.
А нема кој да ги прочита затоа што ете кадарот што е желен за учење и надоградба веќе избега нагоре и тука го комплетираме само еден од магичните кругови кои ги створи фамилијата. Останаа само овие право што гледаат како дотичните бијонс и каталина за чии гледишта за медицината во државава ќе ве упатам на последните 3-4 страни од темата за здравството, мислења кои во нормални држави би биле во ЧДА сектор.
Ама ете, ајде ќе маршираме со камиони и трактори пред Влада, имаме побитни работи
[DOUBLEPOST=1489769129][/DOUBLEPOST]
Не знам ти во која Нарнија живееш ама до 2008 некаде на клиникиве (зборам за Мајка Тереза комплексот) имаше барем материјали за работа. Сега ништо нема.