Заев е виновен колку и сите други градоначалници во Македонија,дури од некои од нив и помалку.Амнестијата од Бранко можеби е токму поради парите како личен интерес ставени како главен аргумент.
Сепак да се гони кривично еден градоначалник чии резултати се навистина видливи и евидентни е само блед обид на власта чии градоначалници потрошија огромни средства без да видиме резултати.Во Прилеп на пример имаме потрошено можеби и повеќе од 20 милиони евра ама нема ни улици со палми,ни Глобали,дури нема ни вода иако е најскапа во светот,а централното подрачје е исполнето со ѓубре од секаков вид.Зоран не потрошил државни пари за Глобал зошто не ги ни добил како Марјан кој ги добива континуирано и ги троши за “проекти“ ако така можат да се наречат третокласните фонтани кој го нагрдија центарот со нивната неквалитетна изработка или со заградените и лошо-портокалово исфарбани игралишта,токму поради изборот на човек-фирми,кој појма немаат од архитектура или градежништво и само го сакатуваат изгледот на градот.
За иронијата да биде поголема и овој градоначалник го избра истиот инвеститор како и Заев па ископа една огромна дупка на среде град која можеби ќе остане со децении затоа што изведувачот е фирма многу блиска до власта и од референци има изработено само една приватна куќа и бехатон плочки за поплочување на тротоарите во градот,работа која се разбира е добиена на наместен тендер.
Трговскиот центар со катни гаражи се изведува со инвалидизирани вработени лица,кој прв пат гледаат бетон и железо во животот,додека вистинските мајстори останаа без работа или заминаа некаде на друго место да си го вадат парчето леб.Ете прилика на власта уште на почеток да спречи уште еден криминален “Глобал“ во што не верувам, зошто камен-темелникот лично го ставија Миле и Гвујо,па сега не би било згодно да се презентира целата постапка вака јавно и транспарентно.Значи лошо е кога се одбираат само случаи каде е загрозена власта од популарноста на еден градоначалник а оние другите случаи во кој исто така се перат пари дури и со истата фирма инвеститор за Глобал,воопшто не се ни споменуваат како криминал.
Ткому тоа е реалноста во Македонија од која некој како да сака да избега иако да се надеваме дека кога-тогаш ќе излезе на видело.