Случај ЗАЕВ - генерална дискусија

  • Креатор на темата drle
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
L

lubenakov

Гостин
Абе јас мислам дека Бранко тоа го направи во корис на државата, затоа што ако така продолжеше парламентот немаше никаде да стигнаме ни ЕУ ни НАТО. Многу народ гледам дека плитко размислува ама нема веза...... секој со својот памет.

И пред некој ден дедо ми расправаше дека вака слично владеење било и во кумонизмот, а сега кој е на владее.... ВМРО или СДС???
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Не само што е значаен како пример за сите локални самоуправи туку позначаен човек во Струмица немало па затоа доколку му се случи портокалова болест следува повикување на државникот според членот 11 :je:
Рековме од државен интерес, тоа значи за цела земја. А луѓето од другите градови, ама баш ги гајле за Зоран Заев. Ни пак е од значење. Зоран Заев е ситен ајдук, штитен од неговите. Ама кога дојде ножот до коската го заштитија, бидејќи знаат дека рибата смрди од главата.

Така да...

Инаку, за увид на партиските бои на оваа досада, погледнете му го профилот и сите негови мислења. Мислам дека 2 до 3 не припаѓаат на политички теми, а пак сите од таму се наклонети кон СДСМ, контра ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа друже SuicideMessiah, ние ако гледаме портокалово, ти исклучиво гледаш сино. Затоа и разликата не е многу голема.
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Според законот за помилување “Сл. весник на Р Македонија” бр.20/93 од 02.04.1993 година, прецеднико нема право да отпочне постапка, значи можи да помилува само по член 11 кое не е оправдано во случајов. И СЕГА????????? :toe:
Ако е ова вака, има основ за одговорност на БЦ?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39

Ајде да не се лажиме

ЗАКОН ЗА
ПОМИЛУВАЊЕ
“Сл. весник на Р Македонија” бр.20/93 од 02.04.1993 година
Член 1
Претседателот на Република Македонија дава помилување на поименично
определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република
Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на
овој закон.

Член 2
Постапката за помилување се поведува по молба на осуденото лице или по
службена должност.
Во корист на осуденото лице молбата за помилување може да поднесат
брачниот другар, роднина по крв во прва линија, брат, сестра, посвоител,
посвоеник, хранител или старател.
Постапката за помилување по службена должност ја поведува министерот
за правосудство и управа.
Член 3
Постапка за помилување за ослободување од кривично гонење се
поведува само по службена должност и може да се поведе во секој стадиум
на кривичната постапка.
Постапката од ставот 1 на овој член ја поведува министерот за
правосудство и управа.
Член 4
Постапката за помилување е итна.
Член 5
Молбата за помилување се поднесува до претседателот на Републиката,
преку судот што ја изрекол пресудата во прв степен.
Кога молбата за помилување е поднесена до друг орган или институција,
тие се должни без одлагање да му ја достават на надлежниот суд.
Молбата за помилување лицето кое се наоѓа на издржување на казна, ја
упатува преку управата на казнено- поправната установа, која веднаш по
приемот заедно со извештај за поведението на осудено лице и други
податоци од значење за решавање, ја доставува до надлежниот суд.
Кога молбата за помилување за лице што ја издржува казната е упатена
непосредно до судот, истиот, извештајот и податоците од ставот 3 на овој
член веднаш по приемот на молбата ќе ги побара од казнено - поправната
установа во која лицето ја издржува казната.
Член 6
Молбата за помилување може да се поднесе по правосилноста на
пресудата.
Молбата за помилување може повторно да се поднесе по истекот на три
месеци од денот на донесената одлука по претходната молба, кога е
изречена казна затвор или малолетнички затвор во траење до една година
по истекот на шест месеци, кога изречената казна е над една до три
години, а кога е изречена повисока казна од три години, по истекот на
една година.
Член 7
Судот со решение ја отфрла молбата за помилување поднесена од
неовластено лице, односно кога помилувањето е недозволено или кога
повторно е поднесена молба за помилување пред истекот на определениот
рок.
Против решението од ставот 1 на овој член дозволена е жалба до
повисокиот суд во рок од осум дена од доставувањето на решението.
Повисокиот суд по жалбата одлучува согласно со одредбите на Законот за
кривична постапка, пропишани за жалба против решението.
Член 8
Во постапката за помилување судот и другите надлежни органи можат да
собираат податоци и известувања потребни за решавање по молбата и од
други органи и институции.
Судот пред да ја достави молбата за помилување до Министерството за правосудство и управа ги проверува фактите и околностите важни за решавање, на кои се повикува подносителот во молбата и извештајот за тоа го приложува кон молбата.
Член 9
Министерот за правосудство и управа веднаш по приемот ја разгледува молбата и другите списи и заедно со свој предлог ја доставува до
претседателот на Републиката.
Член 10
Судот, односно Министерството за правосудство и управа ја запира
постапката за помилување, ако осуденото лице ја издржало казната, или ако престанала правната последица на осудата или мерката на безбедност.
Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа
оправдано.
Член 12
Кога со помилувања изречената казна се заменува со условна осуда,
соодветно ќе се применуваат одредбите на Кривичниот закон за
изрекување на условна осуда, нејзиното дејство и отповикување, со тоа што времето на проверување не може да трае повеќе од три години и што кон условната осуда не се одредува заштитен надзор, ниту на условно
осудениот му се наложува исполнување на посебни обврски.
Член 13
Кога со помилувањето се определува бришење на осудата, бришењето не е ограничено со видот на кривичното дело, ниту со висината на изречената казна.
Член 14
Министерот за правосудство и управа донесува Упатство за постапување на судовите и казнено - поправните установи по предметите за
помилување, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 15
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи
Законот за помилување (“Службен весник на СРМ” број 15/77).
Член 16
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.
Читајте ...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Абе јас мислам дека Бранко тоа го направи во корис на државата, затоа што ако така продолжеше парламентот немаше никаде да стигнаме ни ЕУ ни НАТО. Многу народ гледам дека плитко размислува ама нема веза...... секој со својот памет.
Каква врска има работата на Парламентот - со ослободување на (потенцијален) криминалец од сопствената партија? И Верушевски да не беше ослободен од корист на државата, со цел приближување кон ЕУ и НАТО? Пошто очигледно си дете уште, прашај го дедо ти кој всушност е Верушевски и зошто бил помилуван.

Нема апсолутно никаква поврзаност со парламентот, освен онаа што СДСМ ја направија, со кукавичкото напуштање заради апсењето на нивен сопартиец. Подобро ќе беше да се вратат без луѓе кои засекогаш ќе имаат матно (криминално) досие во нивните редови, отколку со такви. Само сигурно длабоко се загазени за да почнат со позитивни промени. Изгледа некој фрлил доста пари за кампања (7-8 мил. евра?), па мораа некако да го „амнестираат“ потпомагачот. Така ми изгледа на мене.

Стварно е смешно, а ќе стане и уште поинтересно.
Незнам кој ќе потпишува аболиции кога Црвенковски нема да биде претседател...

Размислувал „длабоко“ он, што фино....
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Ајде да не се лажиме
Ама изгледа и тебе не ти е јасен законот. И според првиот член МОРА да се спроведе постапка, а опишано подолу кој и како ја спроведва постапката.
САМО според член 11 можи прецеднико без постапка да помилува.
Препрочитај си сам!!!:salut:
 
Председателот помилува, постапката е ИТНА и стапува во сила ВЕДНАШ но за да добие правно дејство требе да достави молба до судот .. просто ко грав :) :back::salut:
 
Ц Ц Ц Ц Ц :tapp: пак непрочита убо. Пробај ушеднаш!
 
Член од
9 јули 2008
Мислења
13
Поени од реакции
1
Бранко Црвенковски не е претседател на сите граѓани на Македонија, тој исклучиво работи за интересите на СДСМ и манипулира со правата и овластувањата што ги има. Ако е праведен кон сите нека го аболицира и градоначалникот на Аеродром Тодоровски, а на Заев нека му дозволи да ја докаже својата невиност. Не може никој да се става над институциите (судство, парламент). Ова го прави само да го подигне својот беден рејтинг и да си го исчисти патот до претседателската фотелја во СДСМ. Најголемата злоупотреба ја направи досега. Тој работи само за своја корист.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Е исто зборувате де, аман!
По чл.11, Претседателот сметал дека со аболицијата има интерес за РМ (враќање на опозиција, ЕУ, НАТО стандардно какање, виши државни интереси, ЕУ, НАТО, носење закони, Парламент по сите нишани) и готово!
По закон, по Устав и крај!
 
L

lubenakov

Гостин
Каква врска има работата на Парламентот - со ослободување на (потенцијален) криминалец од сопствената партија? И Верушевски да не беше ослободен од корист на државата, со цел приближување кон ЕУ и НАТО? Пошто очигледно си дете уште, прашај го дедо ти кој всушност е Верушевски и зошто бил помилуван.

Нема апсолутно никаква поврзаност со парламентот, освен онаа што СДСМ ја направија, со кукавичкото напуштање заради апсењето на нивен сопартиец. Подобро ќе беше да се вратат без луѓе кои засекогаш ќе имаат матно (криминално) досие во нивните редови, отколку со такви. Само сигурно длабоко се загазени за да почнат со позитивни промени. Изгледа некој фрлил доста пари за кампања (7-8 мил. евра?), па мораа некако да го „амнестираат“ потпомагачот. Така ми изгледа на мене.

Стварно е смешно, а ќе стане и уште поинтересно.
Незнам кој ќе потпишува аболиции кога Црвенковски нема да биде претседател...

Размислувал „длабоко“ он, што фино....
Ocigledno si greska deka sam dete.....I ne go komentiram samo potegot sto e osloboden od Zaev tuku negova cel (Branko) bese vrakanje na site pratenici vo sobranieto za da dobieme podobar parlament i toj samoiot kaza "Ako ima nekoj podobra ideja da se vratat pratenicite vo sobranieto neka ja kaze, nemora da bide negoviot zbor posleden"
VMRO sakat da imat apsolutna vlast pa zatoa ne im odgovara da se vrati opzicijata nazat vo parlament, i zatoa nikoj ne dade "podobar predlog" od pozicijata za vrakanje na opozicijata.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Ахаа, до тоа ли било?

Океј, сега има смисла ослободувањето. :music5:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Каква врска има работата на Парламентот - со ослободување на (потенцијален) криминалец од сопствената партија? И Верушевски да не беше ослободен од корист на државата, со цел приближување кон ЕУ и НАТО? Пошто очигледно си дете уште, прашај го дедо ти кој всушност е Верушевски и зошто бил помилуван.

Нема апсолутно никаква поврзаност со парламентот, освен онаа што СДСМ ја направија, со кукавичкото напуштање заради апсењето на нивен сопартиец. Подобро ќе беше да се вратат без луѓе кои засекогаш ќе имаат матно (криминално) досие во нивните редови, отколку со такви. Ама сигурно некој фрлил доста пари за кампања (7-8 мил. евра?), па мораа некако да го „амнестираат“.

Стварно е смешно, а ќе стане и уште поинтересно. Незнам кој ќе потпишува аболиции кога Црвенковски нема да биде претседател...

Размислувал „длабоко“....
За воља на вистината, аболицијата на Заев не ја бараше СДСМ, туку бараа да се пушти од притвор и да се брани од слобода. Тоа беше и еден од условите да се вратат во парламентот.
Постапката на Претседателот за аболиција, е во согласност со уставот и законите, гледано од правен аспект...и точка.
Друга работа се политичките консеквенци, позитивни или негативни, кои ќе ги сноси Црвенковски како последица на неговата одлука.

Поврзаноста на парламентот ја гледам во тоа што опозицијата се врати во законодавниот дом.
Гледај го тоа вака.
Одлуките кои се носат во парламентот, било тие и да се најдобри за државата, секогаш ќе ја имаат дамката што се вика консензус.
Претендираме да станеме членка на НАТО и ЕУ.
Кој ќе не свати нас сериозно, доколку во собранието ја нема опозицијата.
Има еден интересен момент кој никој не го коментира.
Дали ДПМНЕ со постапките кои ги презема, сака во ова држава да постои опозиција.
Јас велам не.
Па во недостаток на иницијативи и идеи да се разреши овој проблем, постапката на Претседателот со непотпишување на законите кои се донесени со светлосна брзина и без расправа ја оценувам како позитивна.
Дел од тие закони беа коментирани и на овој форум.
Во нив има толку недоречености и толку контрадикторности, што и ние обичните паламудачи на политиката, која се води во државава, дававме повеќе критика и насоки...за разлика од оние кои се платени да дискутираат по нив, и да ги наоѓаат недореченостите и грешките, и истите да ги исправаат.
Ниту еден амандман во собрание.
Личи ли тоа на законодавен дом ?

П.С.
7/8те милиони евра, се скоро ништо во споредба со 25/30те милиончиња, што треба некој да ги плати или компензира за некоја друга кампања.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
VMRO sakat da imat apsolutna vlast pa zatoa ne im odgovara da se vrati opzicijata nazat vo parlament, i zatoa nikoj ne dade "podobar predlog" od pozicijata za vrakanje na opozicijata.
Па...ВМРО има апсолутна власт изразена преку бројот на пратенички мандати, па без разлика дали опозицијата учествувала во парламентот или не :toe:
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
210
lele brane koj ke ti gi gleda makite ama sigurno cel narod ke ti se raduva koga ke bides pozadi resetki
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom