Груевски: Без поделби на антички и словенски Македонци
Коментари (4)
17.02.2009 19:16
Да престанат делбите во Македонија на антички или словенски Македонци, побара денеска премиерот Груевски.
На граѓаните им е премногу што се делат и партиски, премиерот пораката ја насочи кон опозицијата.
„Македонија има само Македонци и мислам дека е крајно време политичарите да престанат да го делат народот на антички, на словенски или на не знам какви“, рече премиерот Груевски.
„Сите ние сме Македонци и сите ние треба заеднички да продолжиме да ја градиме Македонија без такви поделби. Малку му е на народот што длабоко е поделен партиски и уште како ли не, па сега уште да ги делиме на антички или на словенски Македонци“, додаде Никола Груевски.:bravo:
Опозицијата пак, ја обвини власта дека е генератор на поделбите и на изолациона политика. Таа била резултат токму на антиквизацијата.
„Сите претставници од Меѓународната заедница жестоко се противат на серијата преименување, дури и на сите последни анкети се забележува дека расте бројот на граѓани кои се противат на антиквизацијата“, изјави Емилијан Станковиќ, СДСМ.
:pusk::blabla:„Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го избра најлошиот можен начин за водење на оваа политика. Вака не се брани македонскиот национален идентитет, напротив, се загрозува“, додаде Станковиќ.