Слободни стрелци

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Го фатиле Васила го е*але насила.
Абе неам нишо против муавње или па пчелање доколку девојката е по медот али ипак би избрал ФИФА.Моеш кариера да играш.
 
Член од
6 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
1
Mene licno porano mi bili interesno da se muvam,mi bilo ubavo no nesum se zamarala za licnosta sto bila togas so meme ne sum gleala za nikakva idnina ednastavno cista zaebancija.No toa muvanje postoelo i ke postoi i nekoi ke se zaebaavaat se dodeka ne ja najdat pravata osoba za niv.Za mane licno sea mi e bitno samo vrska normalno so tip so ke go sakam i ednostavno ke sakam da gradam i idnina so nego i dami bide podrska vo site momenti kade sto ke mi treba a ne samo radi zadovoluvanje na sopstvenoto zadovolstvo i tolku.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Поентата на темата не ми е дали сакате соло или врска,туку одговор на прашањето:Каде се изгуби желбата за партнер,каде се изгуби довербата помеѓу луѓето?Нели со текот на времето се изживуваат некои работи,нели е досадно од кол на кол?
Изјава на човек од 34 години:несакам врска сакам да се мувам.
Мислам дека дилемава ти е фалична. :)

Желбата за партнер не се променила, туку достапноста до секс се зголемила.

Комерцијализацијата на сексот, рушењето на табуата од минатото заедно со технологијата која ни овозможува едноставен контакт меѓу себе го прави своето.

За да имаме доверба во другиот, треба да имаме доверба во себе. А поради сопствените слабости и предиспозиции истото го мислиме за другите.

Во една таква мешаница, најлесно е да си се признаеш дека си карактерно послаб и да се предадеш да те изедат искушенијата на кои и не е така тешко да им се одолее. Меѓутоа изговор секогаш ќе се најде.

Сексот, количински залажува, ни го мами духот, а физичкото задоволство никогаш нема да биде силно како емотивното. Емоциите ја прават разликата, а за да си допуштиш емоции треба да имаш храброст.
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Слободни стрелци, да! За жал во последно време така функционираат работите. Не сум сигурна поради што, но гледам дека е така. Можеби е во право Bratot кога вели дека не се изгубила потребата од партнер, туку само се зголемила достапноста на сексот. Можеби па така е од икс други причини.
Гледано од женски аспект, жените се повеќе се еманципираат и осамостојуваат, па ете мислат дека можат се сами и немаат потреба крај себе да трпат цела свиња поради една кобасица. Сметаат дека можат да живеат сами, како што сакаат, да не полагаат сметки никому, да се слободни, а сепак кога и да посакаат да имаат некој покрај нив, па макар тој некој бил постојано различен за еднократна или неколкукратна употреба. Дури некои размислуваат во правец никогаш да не се мажат, а сепак да имаат дете од некој, кое ќе го чуваат сами. А сето тоа од причина што биле многупати повредувани, немаат доверба во никој, па веќе не си го дозволуваат тој луксуз да помислат на сериозен заеднички живот со некој.
Мажите па, гледајќи како слободоумно се однесуваат жените, нормално уште помалку се заинтересирани за сериозна партнерка, кога се свесни дека во секое време ќе најдат некоја што ќе им е достапна и ќе ги задоволува нивните апетити. Дел од нив исто така биле повредени, па не сакаат и тие да се впуштаат пак во таков ризик. И се се врти во круг.
Факт е дека е изгубена довербата меѓу луѓето, само не знам зошто. Веројатно сето тоа поради самиот начин на живот во современото општество. Секој се свртува кон себе, секој во секого гледа непријател и секој е целина сам за себе. А и модерниот начин на комуникација, преку милион средства, колку ги доближува, уште повеќе ги отуѓува луѓето. Наместо да излеземе некаде со некој, ќе се најдеме на нет..и готово. Па така и ако немаме партнер крај себе, не се ни замараме многу да побараме некој со кој ќе уживаме долгорочно. Едноставно ќе најдеш некој на нет, ќе договориш некоја секс-комбинација и тоа е доста.
Се е извртено, се е поместено, разместено... Изгубени морални вредности, изгубени принципи, нарушена етика. Брзото темпо на живот и неможноста или несакањето да му се спротивставиме или прилагодиме, сепак дава и вакви резултати.
 
M

MIL

Гостин
Тоа кај секој е различно , јас најпрво сакам да ја запознаам девојката карактерно за да почнам нешто со неа :back: после се следува едно по едно :pipi:
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Поаѓајќи од мене би се изјаснила дека-еднаш се сака вистински втор пат заблуда...Сум сакала премногу ,сум одела долго време,сум се трудела максимално и ме повредиле дупло ...Зарем после сета бура јас повторно да пловам?Зар после се јас да верувам дека нема да бидам повредена?Тешко, следниот партнер би бил сакан но не како сум го сакала првиот,не со истата доверба и не со истиот труд...Сакам врска не мување но не сум запната да имам дечко туку пред се кариера,школо,забава и друшство а љубовта ако дојди арно ако не ко че треба че се побара и толку..Искрено незнам дали воопшто постои љубов денеска затоа што се ми изгледа како од корист(не ми е целта да го навредам некого туку зборувам за поголема маса од примери што ги знаам) ....
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Еден мој пријател вели

Ќе мењам женски додека не ја најдам онаа што е добра во кујна и што сака да готви - ете тоа е машката психологија - денес 2010 година (21 век). Без второто се можело, ама без првото ич.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Поаѓајќи од мене би се изјаснила дека-еднаш се сака вистински втор пат заблуда...Сум сакала премногу ,сум одела долго време,сум се трудела максимално и ме повредиле дупло ...Зарем после сета бура јас повторно да пловам?Зар после се јас да верувам дека нема да бидам повредена?Тешко, следниот партнер би бил сакан но не како сум го сакала првиот,не со истата доверба и не со истиот труд...Сакам врска не мување но не сум запната да имам дечко туку пред се кариера,школо,забава и друшство а љубовта ако дојди арно ако не ко че треба че се побара и толку..Искрено незнам дали воопшто постои љубов денеска затоа што се ми изгледа како од корист(не ми е целта да го навредам некого туку зборувам за поголема маса од примери што ги знаам) ....
Не само што ќе пловиш повторно, следниот пат едрата ќе бидат полни со топол јужен ветер додека ти стоиш на кормилото гледајќи во далечината и размислувајќи дали е можна таа убавина која се случува или сонуваш. Секако, ако се решиш да не се качиш веќе на брод, нема да доживееш бродолом, но нема да го почувствуваш ни јужниот ветер во твојот грб, туку ќе се вадиш дека се е од корист. Тоа можеби и не е далеку од вистината, но ако тоа го прифатиме, тогаш подобро е веднаш да се фрлиме од највисоката зграда без да оставиме ни проштално писмо.

Вилинско Коњче напиша:
Еден мој пријател вели

Ќе мењам женски додека не ја најдам онаа што е добра во кујна и што сака да готви - ете тоа е машката психологија - денес 2010 година (21 век). Без второто се можело, ама без првото ич.
Твојот пријател е прилично неамбициозен и прост па се задоволува со премалку. Или треба да го смениш или да се надградуваш менатлно и самата па потоа да го смениш. :wink:
п.с. Кажи му баба ми е ѕвер у кујна и обожава да готви. Сингл е. Да му даам бројче? :pipi:
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
se e do vremeto ako si napred od vremeto ne si normalen primer lepa brena caricata na balkanot ona ima najuspesna kariera ama pazite bila izbrkana od doma zatoa sto peela i po kafani
a sega e the best i bila the best se e do vremeto porano koga ce idis zena vo kafana begaj be taa e ttiiiiittt a sega e normalno
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Слободата на жените зависи од слободата на мужите у секој поглед. Се додека мажите се понашаат како “слободни стрелци“ и трчаат наоколу да устрељаат некоја така послободоумна стрелкиња, другиве сакале или нејкеле имаме штит на градите.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Па, во теорија е супер ако може човек да има постојана врска. Во пракса, тоа значи прилагодување на човекот со кој се има врска. Не секој е спремен да се одвикне од своите навики, за да се прилагоди на навиките на другиот (и обратно).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom