
Закон си жими се.Уживам кога те читам.
Сега околу твојот пост.
Се кажа,ама скрос ја промаши поентата.Ништо не кажа уствари.
Толку ли е тешко бе човек да се освестите,малку поразумно да размислувате ?
Зошто ја негирате реалноста ?
Гледаш дека на повеќето луѓе им се скрос детерминирани животите.
Повеќето луѓе патат од просечна интелигенција,да не речам глупавост.
Повеќето луѓе не се ни мотивирани да живеат,а камоли да бидат подобри личности,да креираат,да бидат корисни за останатите...
Луѓето се заглавени во моменталниот интерес,гледаат тука и сега да си ги задоволат ниските интереси,страсти.
Што се криви што се како такви создадени ?
Каква шанса имаат да се воздигнат над нивната мизерна психолошка природа ?
Нели гледате што се дешава илјадници години наназад ?
Не знам како може до толку да се нема контакт со реалноста.
Многу ме интересира ако си циганче дали ќе си верувал во Христијанскиот Бог ?
Или психопат,закоравен криминалец на кој не му функционира амигдалата,кој нема капацитет за љубов и совест,дали и во овој случај би верувал во Бога ?
Каква шанса имаат овие луѓе да се променат,да станат подобри личности ?
Па дури и да ја добијат,колку ќе биде тоа,1 случај на 100.000 ?
Кој е виновен тука ?
Незнам на која поента мислиш, јас не видов никаде поента. Можеби е невидлива поента.
Ок прочитав неколку твои постови, општо се согласувам со твоите увиди во „видливата реалност“.
Не детерминизам, туку немање самосвесност и ред други работи.
Сите си патиме од просечна интелигенца, да не речам глупавост.
Која надеж, кој инцентив и која мотивација очекуваш да имаат тие луѓе во таква средина полна со нарцисизам, клетост, проклетост, завидливост, оговараштво и општ простатлк?
Повторно, немање надеж, вера и љубов, токсична животна средина, мочуриште бе, животински начин на живеење, поточно кучкарско-демонски...
Што мислиш дека се случува во годините од новата ера во Христендомот, во западната цивилизација и пошироко? Кој се лишавал од ниските интереси и страсти и постел по 40 дена и учел дека најголемиот лидер мора да биде и најголем слуга, кој е бил идеалот, Господарот, пред кого коленичеле и кралевите и царевите? Зошто во сите подобри филмови, на пример Терминатор, Титаник, Гран Торино, Дизни, Марвел, ДЦ, херојот е откупителна жртва, самопожртвуван спасител? Зошто ги сметаме тие филмови за добри и ги славиме нивните херои? Што мислиш од каде иде тоа, тој повик на виша волја, на виша љубов, на несебичност и на надминување на егото и телесните нагони за преживување? Кој е двигателот за издигнување над декадентната мизерна човечка природа? За кого граделе огромни катедрали, проекти кои траеле со векови, портали кон еден друг, возвишен и благороден свет? За кого бијат камбаните?
Вие детерминистите сичко сакате да фиксирате, шо сте ригидни море. Човекот е регенерарибилно, репрограмабилно суштество, имаш Евангелие, имаш Јунгова психологија, имаш невропластицизам, се е обновливо и трауматизирани умови и трауматизирани амигдали. Исто така на вики пишува дека ризик фактори за „психопатија“ се суровоста на родителите, општа сиромаштија и општо безгрижни роди-тели...
Инаку математика у психологија малку терсене... Ама ај да кажеме шансите се поголеми ако околу некој „закоравен психопат“ се најде некој „човек со капацитет за совест и љубов“, човек кој ќе му биде огледало на неговото автентично себство, човек кој нема да го смета како „закоравен психопат“, туку како изгубена душа на која и треба егзорцизам и спасение и обнова на умот...
На пример сигурно ја знаеш сторијата за апостолот Павле, претходно „психопатот“ Савле, кој ги прогонувал, мачел и убивал првите ученици на Христос, кој се обидувал да го истреби тоа учење, исто како Хепта денес, но после средба со Христос настанува тотална конверзија и тој станува највлијателниот ученик на #Христос и учител во #Црквата и го шири учењето низ целата империја, и денес во сред Лондон има огромно катедралиште кое го носи неговото име, абе #бесмртенинфлуенсерпарекселанс, повторно каков што Хепта сака да биде
Еве и јас не се сметам за многу емпатичен лик, не сум таков по природа и знам да бидам и доста суров и одмаздлив кога сум испровоциран, често сум склон кон гнев и сум го користел тој гнев (или сум бил користен од гневот) да повредам луѓе и живи суштества и сум добивал и задоволство од тоа но сега сум свесен за тој дел од мене и можам да го ставам под контрола, гнев под волја. Несвесен неконтролиран гнев и резентмент се омилената храна на демоните...
Ти на пример се декларираш како атеист во однос на рисјанството и мухамеданството (ок и јас сум атеист спрема овие две), но однесувањето не ти е толку далеку од Христовото, еве спрема твоите искуства реалистично согледуваш и им соопштуваш на твоите сонародници дека се лицемерни и површни, сточни и добиточни, отровни и злобни, и секако тоа не се приема баш добро, бидејќи тие се такви но и не се само тоа, си свесен за духовниот пат на човекот, за виша волја, потоа си малку сџв па велиш да не се мавало туку така со камења кон грешниците, абе целиот си нешто као „прости им Боже не знаат што прават“
Така ако копаш подлабоко во човечката психа ќе видиш дека и тие „психопати“ се всушност само духовно корумпирани и емоционално тешко повредени човечки суштества кои преминале кон темната страна, суштества на кои им е потребна светлина, екзорцизам, будење, покајание, обнова и развој...
Еве гледаш, јас ја правам и „невидливата реалност“ видлива

#магичар