Слободен уметник

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Што претставува овој тип на човек.. Мислам која е психологијата на еден слободен уметник? Како би опишале вие ваква фаца.. Како го разбирате поимот едноставно? Дали некој од вас и се чувствува можеби така?
Ми личи на многу дискутабилна тема.. Многу интересна.. Што јас искрено во последно време ептен ја посматрам.. И да, се чувствувам така. Коа помалце ќе ме мрзи ќе пишам јас како гледам на ова..
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ај нека не те мрзи да пишуваш, односно дообјасни ја темава.:smir:

Пред се за да видиме дали треба да остане на овој под форум или да се сели у Уметност и култура подфорумот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Кај нас во маало кога невработен ќе го прашаат што работи, тој вели дека е слободен уметник.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Што претставува овој тип на човек.. Мислам која е психологијата на еден слободен уметник? Како би опишале вие ваква фаца.. Како го разбирате поимот едноставно? Дали некој од вас и се чувствува можеби така?
Ми личи на многу дискутабилна тема.. Многу интересна.. Што јас искрено во последно време ептен ја посматрам.. И да, се чувствувам така. Коа помалце ќе ме мрзи ќе пишам јас како гледам на ова..
Веќе има две толкувања за „слободен уметник“, на повидок. Прецизирај дали со темава алудираш на изворното или на преносното сфаќање на изразот, па да дискутираме. Еве, да помогнам малку.
Во изворно значење под поимот „слободен уметник“ се подразбира уметник независен од каква и да било институција, којшто егзистира само од својот креативен труд, а и служи само на уметноста.
Во преносното значење до израз доаѓа луцидноста и духот на нашиов народ (ги обожавам Македонците поради тоа), па за некој кој е невработен, велат дека е „слободен уметник“, бидејќи вистинска уметност е да преживееш без стабилен и постојан извор на приходи.
Со оглед на тоа дека темава си ја отворила во Философија и психологија сигурно ова го имаш предвид.
Ако убаво разбрав треба да дискутираме за животната философија или за психологијата на т.н слободни уметници, така?
 
Член од
21 октомври 2008
Мислења
178
Поени од реакции
3
vo zivotot poznavav eden sloboden umetnik koj se sejkavam kako vo son na nego
bese najdobar drugar na tatko go vikaa ,,glusecot''
bese od romska nacionalnost
zborot umetnik e mala rabota sto moze da se izgovori za taa licnost
samo se sejkavam na nego bese nizok imase bradicka i dolgo kosice
fenomenalen multimuzicar
avanturist i ulicen zivotar
prerano zavrsi negoviot zivot na 28 god vo pijana sostojba napravi sobrajkajka i toa bese del od negoviot film za slobodata ima i uste eden ama ne go spomnuvam toj (ne sum jas)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе нема некое посебно објаснување на темава.. Што е поимот Слободен уметник за вас?..
За мене конкретно претставува нешто многу повеќе од да речеме уметник што не зависи од некоја институција или слично..
Јас го гледам како психа.. Незнам..
Слободен, нескротлив дух на креативец, оупен мајндед но на начинот на кој што ти сам треба да сватиш нешто.. Вечен солист.. Не дека не е за друштво и се.. Ама е сам во тоа друштво како индивидуа а не како дел од мнозинството.. Се прави сам.. На многу егцентрични и фрики начини за останатите..
Сакам да кажам.. Фрики, поинаков, поопуштен како класичен уметник без разлика дали е буквално тоа или не..
Ама слободен за се во животот.. Авантурист, склон на ризици, нескротлив..
Е така ја го разбирам и гледам поимот..
Појасно е малце? :pipi:
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Исто ко да ме прашуваш што е за мене архитект.
Или како јас ја сфаќам таа професија. Убаво објасни Ајанта.
Кај слободниот уметник можеме да се повикаме само на денотативното значење на поимот.
Апстрахирањето е сосема излишно.
 

rkalo88

Били Талентиран
Член од
26 август 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Слободен уметник ... ја го разбирам ко човек со абнормална психа ... онака ... не е адаптиран на секојдневните општествени норми и си тера по свое ... и што е најважно од се ...

ДОБРО МУ Е ТАКА .

кажете шо мислите за ова :)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Слободен уметник? Човек кој е независен од другите, со свој разум, талент и фантазија создава уметност :)
 
M

makedon^

Гостин
Слободен уметник - човек кој создава уметност која е уникатна, без влијание на другите, искрена и од срце, бесплатна, уметност преку која си го претставува внатрешното јас.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Хејјј мајката, ако има слободен, онда има и неслободен.

Какви се тие неслободните, некој успат да ни објасни како под тема на оваа тема.

Уметникот де факто е слободен, затоа што е уметник и уметник е затоа што е слободен.
 
M

makedon^

Гостин
Хејјј мајката, ако има слободен, онда има и неслободен.

Какви се тие неслободните, некој успат да ни објасни како под тема на оваа тема.

Уметникот де факто е слободен, затоа што е уметник и уметник е затоа што е слободен.
Не е баш така, голем дел творат за слава и пари. Слободен уметник значи да не си зависен од тие 2 нешта
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Темава е сепак повеќе за во подфорумот Уметност и култура.

Инаку, ако збориме за слободен уметник, онда се наметнува претпоставката дека има и уметник што е неслободен.
Па, мене живо ме занима кои се одликите на тој неслободниот?

Затоа што, поимот уметност со поимот роб (т.е немање слобода), не идат заедно.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
На грл изглеа почињаат да и се свиѓаат слободни уметници па сеа отвора тема за тоа.

Он топик: слободен уметник, хмм-па курт сакаше да се пензионира од музика и да се бави со сликање, вајарство и слично. Идејата му беше да си работи за свој мерак по дома и од време на време да прави по некоја изложба и нешто во тој стил.

Тоа би требало да е близу до идејата за слободен уметник.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Живемее во систем со свои запчаници. И дури и уметниците, ако сакаат да бидат некаков дел од другите во општеството, односно да им ги пренесат своите дела, мораат да се ушалтаат у некој запчаник. Тие не може да се одделат од услугите кои ги нудат институциите, јавните објекти итд.

Поинаку, ликовниот уметник има потреба од галерија во која ќе ги изложи своите дела, куратор кој ќе ги пренесе истите на публиката...Музичарот има потреба од дискографски куќи, концертни хали...Писателот од издавачки куќи, печатници, книжари...итд.

Се на се, ако сакаш твоите дела да имаат било какво влијание врз другиот, мора некако да ги експонираш пред спектатори. И од тој процес, институциите/организациите се неодделив дел.

Идејата пак за уметник кој твори само и единствено за себе, и себично ги чува делата за свои очи, е романтичарски мит.
И тогаш се доведува во прашање самата вокација уметник.

Дури и хард кор концептуалистите, кои фураат анти-институционализам, чуваат фотографии и други записи од своите дела.
Затоа што и тие се свесни дека уметноста добива вистинска тежина дури кога ќе допре, барем на момент, нечиј светоглед, нечиј живот.

Оттаму, ако идејата за слободен уметник е некој што твори сам за себе, без притоа да го експонира плодот на своето творешво, онда имаме сериозно мал број на такви уметници, ако не и непостоечки, односно нула.
Всушност, фактот дека си поврзан со институции и публика, не те прави помалку уметник, или помалку слободен/неслободен уметник. Баш напротив.

Поради тоа, пак ќе го прашам авторот на темата:
Што подразбира под "неслободен" уметник?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom