Сладоледот како летно задоволство

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Еве нешо интересно за неговото височество сладоледот. :mrgreen: :wink:

- Императорот Цезар ги испраќал своите робови во високите планини да собираат снег и лед кои потоа ги консумирале зачинети со овошје, мед и сокови.

- Благодарение на своите патувања во далечниот Исток, Марко Поло ја пренел тајната за сладоледот од кинеска на италијанска почва. Според ова, познатиот италијански сладолед всушност има кинеско потекло.

- Од Италија, сладоледот бил пренесен во англискиот дворец, каде што кралот Чарлс 1 му понудил огромна сума на пари на својот готвач за да го држи во тајност рецептот за сладоледот.

-Сладоледот за првпат станал достапен на широката јавност во ресторанот Cafe Procope во Париз во 1686 јаде што се служел сладолед од чоколадо, ванила и јагода.

- „Ледениот крем“, како што тогаш го нарекувал, своето прво комерцијално производство го доживеал во 1851 год. во Балтимор, Мериленд, Jacob Fussel се смета за татко на американската индустрија за сладолед.

- Сладоледот на стапче е измислен во 1920 во Охајо. Harry Burt Jr. својот производ на муштериите им го носел во нивните домови со украсни бели автомобили.

- Во 1904 на ден панаѓур во Сент Луис бил измислен корнетот. Заслугата му припаѓа на Ermest Hamwi, продавач на вафли. Кога продавачот на сладолед чија тезга се наогаѓа веднаш до тезгара на Хамви му снемало садови за послужување сладолед, тој веднаш свитканл една топла вафла во форма на корнет. Вака послужениот сладолед веднаш станал хит на панаѓурот.

- Продавницата за сладолед во Венецуела, Helados Coromoto, се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди бидејќи служи најголем број видови сладолед: дури 550!

- Меѓу најнеобичните видови на сладолед спаѓаат сладоледот од авокадо, лук, азуки грав, туна, сенф, кечап, пире, сланина и тиква. Но, најчудниот од нив е сладоледот од кисели краставички, кој се рекламирал како корисен за идните мајки. Се разбира, продажбата на ваквиот сладолед била разочарувачка.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
- Најпопуларен сладолед е оној со вкус на ванила.

- Најпопуларен прелив е преливот од чоколадо.

- Во неделите се продава повеќе сладолед од колку во било кој друг ден во неделата.

- Консумирањето на сладолед е најголемо во јули и август. Во 1984 американскиот претседател Роналд Пеган го прогласи јули за национален месец на сладоледот.

- Најмногу сладолед јадат децата на воздраст од 2 до 12 години и возрасните над 45 години.

- 98% од сите домаќинства купуваат сладолед.

- Една од главните состојки на сладоледот е воздухот. Без него, сладоледот би бил тврд како камен.

- Еден од пет луѓе кои јадат сладолед својот десерт го делат со своето куче или маче.

- 13% од мажите и 8% од жените признаваат дека ја лижат чинијата откако ќе го изедат својот сладолед.

- Во Њу Џерси официјално се` уште е на сила законот кој бил донесен во 19 век со кој се забранува јадење сладолед после 18 часот без дозвола од лекар.

- Според Гинисовата книга на рекорди, најголемиот сладолед на светот бил направен во Канада во 1988. Неговата тежина била 25.000 килограми.

- Во август 1977 Деннетт Д`Ангело поставил светски рекорд кога изел 1 килограм и 530 грама сладолед за 90 секунди.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Помина летово, а јас успеав само два сладоледи да изедам :(
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Е помина летото, а јас секој дневно јадев сладоледи... само Best и Magnum јадев (башка со Magnum даваа гратис уште еден сладолед у корнет) и така да по 2 сладоледи дневно... :pos:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
FortunE напиша:
Помина летово, а јас успеав само два сладоледи да изедам :(
Јас да сум на твое место не би кажала дека сум од Охрид :))))))
ихихихи..
 

Retardinjo

Хакер
Член од
11 мај 2006
Мислења
51
Поени од реакции
0
Кои сладоледи се најубави?

:baeh:"Delta" сладоледите се дефинитивно најдобри:baeh:
 
Член од
10 мај 2006
Мислења
92
Поени од реакции
6
Пошто сум од Куманово одам директно у фабриката на КриКри, таму го продаваат на точење, си пунам кофа од 5 кила и терам месец дена.. Боље нешто нема...
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Carte D'Or - најдобри сладоледи.
Значи, Аlgida!
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Релативно е тоа,сите фирми имаат по некој сладолед што е супер
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Delta i algida!Ali definitivno onoj koj go proizveduva bratuced mi e najnajnajsladok!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom