Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
http://kurir.mk/makedonija/vesti/43671-Video-Mostot-Oko--idna-turisticka-atrakcija

Незнам како може мост од 50 метри, изграден во 2011, со 5436574 скулптури и една фонтана на него да стане туристичка атракција.:tapp:
верувај многу помали мостчиња ширум светот па и кај нас се не атракција ама омилено место за фотки.

текстовите на курир се од прв до последен промашени, најверојатно заради младиот нестручен и неискусен кадар. - никакви специфики за проектот. како а1 да ги слушам ама од другата страна
--- надополнето: Sep 27, 2011 6:11 PM ---
p.s
со оглед на осветлувањето, фонтаната на средина спомениците и застаклените отвори преку кој ке се гледа реката - реално е дека ке привлекува внимание
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
http://kurir.mk/makedonija/vesti/43671-Video-Mostot-Oko--idna-turisticka-atrakcija

Незнам како може мост од 50 метри, изграден во 2011, со 5436574 скулптури и една фонтана на него да стане туристичка атракција.:tapp:
Како што може Шмизли од 2,20цм висина да бидат атракција и секој странец да се слика со нив,така да мостот ќе биде со сигурност атракција...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
http://kurir.mk/makedonija/vesti/43671-Video-Mostot-Oko--idna-turisticka-atrakcija

Незнам како може мост од 50 метри, изграден во 2011, со 5436574 скулптури и една фонтана на него да стане туристичка атракција.:tapp:
модерен мост ке биде, со фонтана и други работи и ке наликува на око, дали има некој друг во државава што е како него па овој да не е атракција? Нема!
така да ке биде атракција
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку си само у право, а колку ме боли да знаеш:(
Немој да плачеш само :( Ако ти е за утеха, во Велес со прст не е мрднато.
Туку какви се овие згради за администрација во строг центар?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Добро, се надевам имаат план каде вработените во тие институции ќе паркираат... Поправо, како ќе се движат помеѓу сите тие колони-колонади, објекти, згради... Дали е добро да се централизираат (покрај тоа што требаше да се дисперзираат и државните институции...ама тоа е друга тема-попрво економска) сите овие објекти, амфитеатри, шадравани на толку мал простор и во само една општина? Зошто дел од овие објекти (не мора споменици) не се изградеше и во другите општини кои се послабо развиени дури и замрени?
 
секоја зграда има подземен паркинг за вработени + гости + се градат 7 катни гаражи+зонско+новите центри (веро рамстор александрија) се градат со сопствен паркинг, паркингот ке биде решен за нредните 2-30 години

дисперзијата е најнеефикасна по милион точки, секаде администрацијата илибизнисот е сконцетриран на едено место, досега беа дисперзирани. не само што интерно не функционира не можеш да замислиш што значи цел град да го трчаш во гужвите , пет пати паркинг да плакаш, не еднаш и не само јас туку добри неколку стотина возлила дневно. непрактично е.

ПРЕДЛАГАМ ТЕМАВА ДА СЕ СПОИ СО СК14

да не го заборавиме ефектот врз локалните бизниси
--- надополнето: Sep 28, 2011 10:12 AM ---

Ќе се подигнат спомен-обележја на Кузман Јосифовски-Питу, Павел Шатев и Христо Татарчев.
-Споменикот на Питу ќе се постави во паркот Жена-борец во непосредна близина на спомен обележјето на Македонските бранители. Спомениците на Шатев и Татарчев ќе бидат поставени во близина на Порта Македонија, велат од Општина Центар.
Спомен-обележјето на Татарчев ќе се најде на аголот од улиците „11-Октомври“ и „Димитрие Чуповски“.
Шатев ќе биде поставен на аголот од подземниот излез на Градскиот трговски центар.
Деновиве ќе биде распишан конкурс за идејно решение за овие споменици. По конкурсот ќе се одбере и леарница каде истите ќе бидат излеани во бронза.
Кузман Јосифовски-Питу (1915-1944) бил еден од главните организатори на антифашистичкото движење. Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат вториот Гоце Делчев.
Павел Шатев (1882-1951) бил македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО(Обединета), а по ослободувањето на Македонија - прв министер за правосудство.
Д-р Христо Татарчев (1869-1952) е македонски револуционер, основоположник и прв претседател на Македонската револуционерна организација во Солун.
Со поставување на овие три споменици, македонците ќе им одадат почит на овие славни имиња од македонската историја.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Го префрлив постот во темата Скопје 2014 пошто ми се виде посоодветно за таму, но ...

дисперзијата е најнеефикасна по милион точки,
не сакам да праам проблем пошто сме опоменати за офтопици...само накратко ...не би рекол дека е неефикасна, освен во поглед на навиката на централистичко управување на власта.
И Холандија, Португал, Италија и Шведска и скоро секоја земја кај сум одел, имале разместено државни институции низ државата. Од Оребро Шведска неколкупати одевме на пример кај колеги во Јонкопинг или Стокхолм, зависно од потребите (ретко пошто во денешни услови на техника и комуникации и нема некоја потреба од физичка комуникација).
Со тоа ќе се развијат и други региони рамномерно (посебно за Македонија каде државните институции се главни работодавци), како вработеноста така и други параметри (трговија, рентање, превоз...), општо џидипито во Македонија, а не само во Центар.

Онтопик, би сакал погодностите и парите инвестирани но објектите за Скопје да го осетат и другите скопски општини и населби, а не само општина Центар (и исклучок Аеродром можеби). Ова е попрво Центар 2014 отколку Скопје 2014
 
он топил си е муабетот - 90% од проектот се државни институции - иако се коментира обратно.

кога ке те вратат од едно министерство во друго,па од таму на нотар, па од нотар во централен..не зезајте...ти иде да задавиш некој на шалтер...досега е дисперзирано, не иде веруј ми...особено што пази сеа ЕДНО министерство е пример на 4 локации под кирија - кој кошмар е интерното нормално функционирање башка странките

1.примерот со шведска не ти е за тековниот век - ако ние ( а можеме ) дојдеме на тоа ниво, каде ке се вработат 90% од администрацијата ???

2. да не сте биле во некоја подрачна единица-обично централите се на едно место, замисли посета на дипломат - го носиш во скопје на средба со МВР па ај трк до штип на средба со МО???
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:51 PM ---
Карев на коњ се искачи пред Собрание

поделете ја веста со Вашите пријатели

После 15 дена откако седуметарскиот бронзен споменик на Никола Карев во повеќе делови се донесе пред Собранието, денеска конечно екипата од уметничката италијанска леарница „Маринели“ го кренаа на постаментот.
Уште на стартот се најави дека склопувањето и монтажата нема да се изведат брзо, бидејќи, како што информираа од општина Центаr, пред сé, се работи за голем споменик чии делови се спојуваат и обработуваат на лице место.
Во моментот се прават подготовки за монтажа, се средуваат техничките детали, а не се знае дали коњаникот ќе остане на постаментот од денеска, или пак се работи само за пробно поставување.
Долгиот период на склопувањето на спомeникот рашири гласини во јавноста дека одолговлекувањето на неговата монтажа е поради наводно малите димензии на постаменот, кој требало да се поправи, но од општина Центар ги демантираат шпекулациите. Посочуваат дека постаментот е направен според претходно изготвен и утврден проект и не постои никаков проблем.
Постаментот е веќе обложен со декорација од бронзени релјефи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
кога ке те вратат од едно министерство во друго,па од таму на нотар, па од нотар во централен..не зезајте...ти иде да задавиш некој на шалтер...
Тоа со враќање на граѓанинот не е поврзано со дисперзија на централните институции туку со шалтерските служби на тие институции за кои постои соодветно решение ако се сместат во седиштата на општините.

2. да не сте биле во некоја подрачна единица-обично централите се на едно место,
не, се работи за државни органи или нивни сектори, кои се дел од државните/јавни институции. Тие обично не работат со граѓани, освен ако имаа развиено и издавачка дејност (публикации, книги од нивна област). За работа со граѓани и деловни субјекти постојат сосем трети служби.

Кај нас дури и обичните административни услуги кон граѓаните ги концентрираме во речиси еден центар...услуги кои може да се извршуваат во локалната самоуправа, а централните државни органи да се ослободат од шалтерски активности...и самите корисници да одморат од малтретирање, ем да се развие и друга општина/регион.
Таман (пошто е тема уредување на простор) ќе се уредеа и други простори во други места.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
нигде не успеав да најдам...глупо е концентрација на градбите скоро исклучиво во Скопје-центар. Као да им е проблем ако се изгради мин. за култура, музеј или Уставен во некоја друга општина
Поглупаво решение немам слушнато. Во строг центар нема воздух, а не место за згради за џаболебарите.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Поглупаво решение немам слушнато. Во строг центар нема воздух, а не место за згради за џаболебарите.
Тоа не се џаболебари, по ново се викаат патриоти:D
 
П

Паспарту

Гостин
Тешка е работата во администрација, во 9 почнуваш, 9ипол пауза за кафе, во 10 доручек, фејсбук до 13ч, пауза за ручек од 13 до 15, собирање на парталите и во периодот од 16ч до 16:01ч започнуваат игрите со наслов "кој прв до паркинг/автобуска", а таму се жалат на сите познати фаци колку е тешка нивната работа. Треба нови згради за нив, греота е да се мачат јадните во онакви бедурии од згради што ги оставиле бугарите кога бегале од партизаните, а невработените, земјоделеците и текстилците имаат право на ќутење, не се криви тие што завршиле факултет, требало на време да си мислат и да не се запишуваат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Мене и не ми се гледа голем просторот за дури 2 објекти...ме интересира како ќе изгледаат овие 2 згради и како ќе го спојат изгледот на градски ѕид со овие две градби (патем во позадина е музејот на град Скопје, а малку понатаму Рамстор). Дали може да се најде негде нацрт, изглед на зградите карши Бристол?
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Тешка е работата во администрација, во 9 почнуваш, 9ипол пауза за кафе, во 10 доручек, фејсбук до 13ч, пауза за ручек од 13 до 15, собирање на парталите и во периодот од 16ч до 16:01ч започнуваат игрите со наслов "кој прв до паркинг/автобуска"... Треба нови згради за нив, треба, невработените, земјоделеците и текстилците имаат право на ќутење, не се криви тие што завршиле факултет, требало на време да си мислат и да не се запишуваат.
Да треба и згради за земјоделците,текстилците и невработените :pos:Божеее

Новите згради носат заштеда од 14 милинои евра/годишно што досега се плаќаше кај чичко Костов за кирии.Новите згради се централниот дел од СК2014 , а не спомениците.Новите згради се по најнови стандарди за заштеда на енергија со што ќе се заштеди на греење/ладење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom