Скопска култура е термин кој прежно вие го фурате. Значи не станува збор за СКОПСКА него за пред се урбана култура на поголем град со тоа што ете ко секое место си има некој минимални разлики кој со тек на време се менуваат секако. Значи кога сум бил мал нормално било да не се галами и да нема дерење меѓу 1-5 поручек. Нормално било секој да си ги прибере децата дома, тоа било време за одмор. Тоа на други места не сум го затекнал. Скопска култура е и маалскиот живот која ја нема во други помали места. Сепак тоа се мали небитни разлики и не е тоа она што ние го збориме. Нас ни смета пред се немање на онаа општа култура кај мал дел на дошљаци. Дадовме примери и јас и Анчо за тоа. Значи јас сум свесен дека 90% од лугево од провинција се уствари ОК, свесен сум и дека скоро сите што тука на темата го тупите сваќате и се придржувате на се што ние го пишуваме ама ете си тупите пробувате да докажете нешто што нема благе везе. Значи ако дојдеш до куќа во Скопје сељак си ако садиш патлиџани у преден двор. Сељак би бил и во битола и во лондон ако тоа го направиш. Во ред е ако имаш мала градина оградена во задниот двор надвор од погледите на обичните минувачи. Не е во ред да го узурпираш просторот помеѓу две бараки и да го претвараш во нива затоа што ти сега живееш во таа барака. Тоа е простор/зеленило за сите. Не е во ред ако си се симнал од планина и не си видел бетон сега да ни го уништуваш зеленилото за да можеш од балкон да си ја гледаш колата. Тоа ако е нешто тешко или неразбрано тогаш стварно остани у пештера и не доаѓај уопште...
Аааа, да ќе заборавев за малку... Опинци е дозволено само за време на слави и празници и тоа ако си поканет да настапиш во склоп на Танец или некоја друга играорна група...
--- надополнето: 3 април 2013 во 00:25 ---
Сељаци
Сам себе убио x IlijaPecov
Ме мрзи наново да ти читам постови и да те цитирам, ама можам се надевам како надежен провинцијлец во Скопје да ти кажам ти шо кажа, пошо и сам веќе се изгуби.
Кога почнав да те читам се караше за дијалектите шо ти сметале. На улица и секаде.
Креваше прашина за тоа да се направи Скопје затворен град за да можат провинцијалците да си се вратат дома за ти како чистокрвен по 50то колено скопјанец да не бидеш приморан да ги слушаш на секој чекор дошљаците,воедно и величејќи ги твоите сфаќања, како сфаќања на еден урбан човек, сфаќања на модерното време, сфаќања кои можат да ги имаат само луѓето со отворен ум, сфаќања кои можат да ги имаат само луѓе со големо искуство ширум светот итн.
Исто така како еден човек кој се смета за културен и се обидува да ти наметне дел од неговата култура на која секој провинцијалец треба да ја присвои доколку сака да го диши смогот во Скопје, секоја втора реплика кон некој шо мисли различно од тебе беше полна со предрасуди, со навреди на шо и ти укажаа повеќе членови,а ти упорно тврдиш дека и покрај се, ти си културен човек.
А,ако ова е вашата култура, за која патем вие не го усвоиле или вовеле името "урбана",туку комотно можам да кажам скопска, фала јас ќе си се држам до мојата охридска култура.
За на крај сите едногласно установивме, како шо јас не сакам на шалтер да ми се обраќаат со "девојукооо", така и ти нејќиш да ти цепат струмички шо е нормално. И во никој друг град,кога се работи во администрација со странки не треба да се употребува дијалект, туку да се зборува на литературен јазик(незнам дали и ти го имаш учено, јас во 5то одд. го учев).
За на улица постои слобода на говор и движење.
Во однос на тој мал дел дошљаци, јас тој ваш мал дел не го разбирам.
И самиот во еден пост наведе дека постоеле и скопјани идиоти, и рамковни идиоти и провинцијалци идиоти.Ама највеќе ти сметале тие третите.
А, јас не правам разлика помеѓу нив.
И така дојдовме до она шо сега ти го пишиш, однесувањето на дошљаците.
Шо ако ти кажам дека кога пред некоја година под мојот стан беа сместени скопјани туристи, ќе ни ја запалеа цела зграда? Зошто не верувам намерно пред да се иселат вечерта го оставија шпоретот уклучен на 3ка? Не, една плотна или како и да се вика тоа, туку сите 4.
И тоа го приметивме вечерта во 3 саатот. Покрај то шо кујната на газдите беше цела пеплосана, си претрпе штети и нашиот стан, па фино лепо после то требаше да префарбаме.
Еднаш надојдоја урбаните скопјани и почнаа да ги кршат сите коли со охридски регистрации. На тоа бев и самата сведок.
Си фрлаат ѓубре од тераса, не им е гајле, туристи се.
Ја мерат цела Туристичка по купаќи, па не им е гајле.
Скопјани се.
Посебно интересна ми е таа (урбана?) култура на скопските шофери.
Ќе седнат во кафич, мислиш кафичот го купиле,а не едно нескафе од 80, па после ќе почнат да се караат,така слично како тебе, па скапо им било кафето, па било со млеко со 3% масленост,а порачале нескафе со млеко со 1.5% масленост,па почнуваат да зборуваат за култура на однесување на еден келнер,а патем јас рака на срце, освен во Тренд и во турскана чаршија, на ниту едно друго место не сум сретнала културен келнер шо ќе ми донеси кафе на време и после од култура да го молам по 100 пати да ми донеси сметка, иако сум имала прилика да си заминам, па ти се прават нешо паметни демек се разбирале од пијачки(дури се срамам јас за чоекон да ја кажам случкава).
И ред ред други работи.
Ама,аку нас преку лето не ни смета таквото однесување, сезонски е.
Иако јас мислам дека најмногу си кажа кога направи пу пу не се важи за скопската и таа другата категорија идиоти,ама таа пуста провинцијалска..