Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
737
Поени од реакции
660
Зошто не закажете ферка на кантер?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Аха, значи можеш и знаеш да збориш убаво кога треба. Тоа беше цела поента.

Никој тебе не ти забрани да си бидеш горда охриѓанка, она ние што го бараме и очекуваме е всушност релативно универзално да ги почитувате нашите традиции, начини на живеење и пред се комуникација. Тоа не е ништо трагично или тешко бе Ема. Не те терам ко на блискиот исток да се забулиш едноставно сакам да комуницирам со тебе на начин каде јас неморам да го дешифрирам твојот охридски, на Петко гевгелискиот на Стојко дебарскиот на Вања кумановскиот дијалект, сепак ти си дошла во мојот град а не обратно и треба да се прилагодиш не само за комуникација со мене него со сите жители. Колку сакаш можеш да бидеш квалитетна и образована ако незнаеш да комуницираш, ако незнаеш да се преставиш а понатака треба и мене да ме преставуваш све паѓа во вода. Ако си работела во странство тоа мислам дека ти е повеќе од јасно.
Саркастичен ми беше постот на охридски o_O

Ама види фаранге, ако очекуваш ти од мене јас да зборувам на литературен јазик, тогаш и ти зборувај чисто литературен, не скопски. Две години живеам Скопје и во секојдневна комуникација употребувам охридски дијалект па никој не ми рекол дека не ме разбира,не зборуваме на различни јазици мајку му. Толку ни е мала државава шо и поделбава на провинцијалци и скопјани е небулозна ама ајде..
Секако дека во деловна комуникација понатака би се служела со литературен јазик, ама вака за секојдневна комуникација ќе си го користам мојот дијалект, греота е толку убав дијалект да не се употребува :D
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ако е Скопје метропола, или претендира да биде, излишни се повикувањата на традицијата или било какви псевдостандарди.

Мене ми е јасно зошто постои вечен анимозитет - го читавме и на други теми и премина во ad hominem препукувања - дел би го припишал на носталгија по минатите времиња, дел на страв од промени, или ми ти - паланечка психологија.

На крајот на краиштата, скопскиот сленг кој се зборува денес во Скопје не е изворното скопско наречје, ами сленг кој се создал минативе неколку децении (после земјотресот, најверојатно).

Кој вели дека денес истиот тој сленг, под дејство на „легитимни“ влијанија не претрпува нови измени и не го создава скопскиот сленг на следната генерација?

И кој има супериорен авторитет да го поттикне/спречи тој процес?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Емкаа
кажа „ луѓето немаат работа,немаат пари“ (мислејќи на другите градови)
а што мислиш сите во Скопје имаат работа,или сите имаат пари, значи збориме за жители кој припаѓаат на некој град.Ти викаш дека таму немаат работа и пари и ај патот па ваму,тоа ли сакаш да кажеш. А може ли некој од Скопје да оди пак таму некаде да отиде да работи.Колку ги има и во Скопје без работа и без пари,семејства со деца, Млади семејства,обично се тие деца на кој татковците не им се директори,бизнисмени или политичари,и во Скопје има бравари,чувари и пекари.А не некој си тазе матуранти кој може и да бидат кај мама и тате,а доаѓаат тука и се запослуваат и им го земаат лебот на овие први набројани,во фирми а ги има такви каде повеќето вработени се од некој град,а од тој град најчесто е и директорот или министерот или неговиот заменик.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Скопје како град го создаваат лугето кои живеат во него.Е сега ако се обидувате да ги донесете со себе вашите навики од дома,градот нема да биде тоа што бил.Не можеш со себе да ги донесеш своите навики.Тоа важи дома.Тука се други правила на игра.Кој ги почитува останува,кој не си оди.Едноставно,нели!!
Целиот твој текст е ЛОЛ, ама посебно на ова се изнасмеав. Какви се тие навики што ги имаат скопјани, а што ги немаат луѓето од другите градови? Јас сум дојден во Скопје да студирам, и имам доста пријатели од Скопје, но не се сите скопјани исти. Никој не може да генерализира Скопјани се најкултурни, Битолчани некултурни, Прилепчани неписмени и слични глупави рабои. Во секој град има различни луѓе, али тоа што некој е скопјанец не значи дека е нешто повеќе од на пр. еден Охриѓанец, само заради тоа што едниот е од Скопје, а другиот од Охрид. Најлошо е што "скопјаните" кои што мислат дека се над сите, и презираат се живо што е од помалите градови во МК, обично се некои неписмени, што немаат излезено подалеку од Скопје, и мислат дека единствено што им преостанува е да се гордеат со тоа што се од Скопје. :icon_lol: Жално е тоа, за нив. Јас обично таквите луѓе ги баталам, оти и нема за што да паметно да се разговара со такви луѓе. Тоа им го препорачувам и на сите останати "провинцијалци". Додека другиот дел скопјани, кои што се образуваат, се имаат смешано со цивилизација, знаат да ги ценат вистинските човекови вредности, се ок.

А што се однесува до Скопје, еве јас иако дојден во Скопје, ќе кажам дека Скопје е, реално, најзагаден град во МК, има најмногу нафурани а неписмени луѓе, воздухот е најзагаден.. Но, ете ќе останам во Скопје дури јас сакам така, а си го задржувам мислењето дека Скопје е најгрд град во МК.

И овој што го пишувал текстот да е некој паметен, воопшто не би му било гајле што некој мисли за неговото "родно" Скопје. Мене гајле ми е некој што ќе каже за мојот град, битно е мене да ми се допаѓа, а секој има право да си каже впечаток за Скопје и за било кој друг град.
 
F

FARANG

Гостин
Саркастичен ми беше постот на охридски o_O

Ама види фаранге, ако очекуваш ти од мене јас да зборувам на литературен јазик, тогаш и ти зборувај чисто литературен, не скопски. Две години живеам Скопје и во секојдневна комуникација употребувам охридски дијалект па никој не ми рекол дека не ме разбира,не зборуваме на различни јазици мајку му. Толку ни е мала државава шо и поделбава на провинцијалци и скопјани е небулозна ама ајде..
Секако дека во деловна комуникација понатака би се служела со литературен јазик, ама вака за секојдневна комуникација ќе си го користам мојот дијалект, греота е толку убав дијалект да не се употребува :D
Во Скопје скопски или литературно е ОК. Исто ко и во Охрид, охридски или литературно. Проблем е кога во СК фурате ваши дијалекти кој некогаш се и тешко разбирливи. Сепак ако живееш веќе во СК треба да не ти е проблем да се прилагодиш да зборуваш ко нас. Тоа е тоа. Јасно ми е дека никој не ти рекол ама тоа не значи дека твојата постапка е правилна или дека ете ни е сеедно. Иначе нема везе скопјани/провинција повеќе удира на некултура и непочитување бар јас го гледам од тој аспект.
--- надополнето: 25 март 2013 во 03:55 ---
Ако е Скопје метропола, или претендира да биде, излишни се повикувањата на традицијата или било какви псевдостандарди.

Мене ми е јасно зошто постои вечен анимозитет - го читавме и на други теми и премина во ad hominem препукувања - дел би го припишал на носталгија по минатите времиња, дел на страв од промени, или ми ти - паланечка психологија.

На крајот на краиштата, скопскиот сленг кој се зборува денес во Скопје не е изворното скопско наречје, ами сленг кој се создал минативе неколку децении (после земјотресот, најверојатно).

Кој вели дека денес истиот тој сленг, под дејство на „легитимни“ влијанија не претрпува нови измени и не го создава скопскиот сленг на следната генерација?

И кој има супериорен авторитет да го поттикне/спречи тој процес?
Нормално, секој јазик мутира под одредени влијанија. Сепак не го дискутираме тоа. Работата не е чие е подобро или поправилно него прилагодување кон местото каде што си. Значи не финтава чија паланка е подобра тоа нема везе јас сваќам дека СК е далеку од најубавно место во МКД или најсредено или што јас знам. Она што јас го зборам е дека ако веќе за Х причини си се доселил во Скопје треба да се адаптираш соодветно. Истото важи и за обратна миграција ако/кога се случува.
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Во Скопје скопски или литературно е ОК. Исто ко и во Охрид, охридски или литературно. Проблем е кога во СК фурате ваши дијалекти кој некогаш се и тешко разбирливи. Сепак ако живееш веќе во СК треба да не ти е проблем да се прилагодиш да зборуваш ко нас. Тоа е тоа. Јасно ми е дека никој не ти рекол ама тоа не значи дека твојата постапка е правилна или дека ете ни е сеедно. Иначе нема везе скопјани/провинција повеќе удира на некултура и непочитување бар јас го гледам од тој аспект.
Не може никој да ми каже ниту мене, ниту на било кој друг на каков дијалект да зборува во Скопје, како што ни јас не можам да му кажам на некој. Јас веќе 1 година живеам во Скопје, и ми се гади кога мои пријатели од Скопје ќе ми речат нешто како " пеер, шо ке праиме за вечер... пеер ке идеме ли у ванила" и нешто слично. На некои веќе и им имам кажано во комуникацијата со мене зборот "пеер" да го заменат со моето име, "у" да го заменат со "во", "он", "она" со тој, таа.. итн.. значи тоа доколку сакаат да ми се обраќаат на мене, а не дека ги приморувам, исто и ти можеш така доколку те нервира некој што ти зборува со дијалект од местото од каде што доаѓа да го замолиш.. Значи смешно е кога ќе се најде некој како тебе па дури и на форум, и ќе кажува како некој доселеник во Скопје треба да зборува. :icon_lol: Стварно нема смисла. Некои скопјани треба да сфатат дека Скопје не е нивно, и дека тие можат да кажуваат и да поставуваат услови само и само во рамките на нивниот дом. :)
 
Во ред тоа си е твое размислување кое не се совпаѓа со моето. Слободно мисли си што сакаш за мене и остај ме да си мислам што сакам јас за тебе. Немам намера веќе да се расправам ако не ја свати до сега поентата џабе е.:tapp: Продужи си како мислиш дека треба да правиш мене ми е сеедно само немој да кукате кога ве викаме сељаци или дискриминираме врз база на тоа што ете сте си можеле така да се понашате. Едноставно јас тоа твое „право“ да збориш како сакаш а живееш во Скопје го гледам како твоја неспособност да се уклопиш во средината во која се наоѓаш или дека си голем инаетчија - сељак. Во секој случај не го гледам како позитивна особина.

Иначе Скопје е мојот дом, ти само проаѓаш овде ако така размишљаш
--- надополнето: 25 март 2013 во 06:37 ---
СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ
Кога полетал првиот авион од Скопје
Скопскиот аеродром е прогласен за најдобар во Европа за 2012 година. Тоа ми даде идеја да се навратам на интересната тема - кога од Скопје полетал првиот авион? Скопје ја имал честа да биде меѓу првите градови кај нас од почетокот на 20 век од каде што полетувале првите авиони од военото и цивилното воздухопловство. За тоа постојат податоци, кои се малку познати. Имено, на 27 ноември 1912 година се случило вистинско чудо.
Од тогашниот Скопски аеродром полетал првиот, и тогаш единствен воен авион од марката "дукс", произведен во Москва. Приказната околу тоа прво полетување е многу куриозитетна. Авионот, спакуван во делови, бил донесен од Русија, најпрвин во Белград, а потоа во Скопје. По многуте перипетии, првиот лет го направиле двајца домашни пилоти, обучени во Франција. Летот бил само над Скопскиот аеродром. На првиот лет присуствувале многу скопјани, меѓу кои и претседателот на Општината Спиро Хаџи Ристиќ, кој одржал пригоден говор. Утредента, на 28 ноември, рускиот пилот Агафонов направил вистинска сензација. Тој го надлетал цело Скопје, на височина од 1200 метри, предизвикувајќи вистинска бура од одушевување кај граѓаните.

Скопје многу брзо се вклучува и во авионскиот патнички сообраќај, кој во светот поинтензивно започнува да се развива кон средината на '20-тите години од минатиот век. Пред да полета првиот патнички авион од Скопје, на иницијатива на аероклубот "Наши крила", се отвора првата домашна авиокомпанија "Аеропат". Тоа се случило во истата 1927 година кога Чарлс Линдберг го прелетал океанот. Таа компанија ги купила првите патнички авиони од марката "потез 29", и била отворена воздушна линија Белград - Загреб. Наскоро, а тоа за Скопје претставувало исклучителен настан, профункционирала и линијата Скопје -Белград. Тогаш од Скопје полетал и првиот патнички авион, на 27 мај 1928 година.

Се обидов да ги истражам сите тогашни записи и објави во печатот, во кои се открива вистинско богатство од факти сврзани со патничкиот воздушен сообраќај кај нас, посебно со првиот лет. Цело Скопје било на нозе по повод тој свечен чин. Се организирал специјален превоз за граѓаните до Аеродромот. Во присуство на високи политички, но и свештени лица, се извршило крштавање или осветување на патничкиот аероплан од типот "потез 29". Како и аеродромската зграда, и тој бил наречен "Скопје". Еве што пишува во главниот запис: "Нашето прво друштво за воздушен сообраќај, со отворањето на оваа нова линија, која на најбрз можен начин ќе ги спои Скопје и Белград, направи акт од исклучителна важност. Летањето од Скопје до Белград за само 2 часа не е веќе бајка туку реалност, во која секој може да се увери. Воздушниот сообраќај ќе се одвива редовно, а станицата ќе биде на овдешниот воен аеродром. За свеченото одбележување на оваа историска епоха ќе се изврши свечено крштавање на аеропланот во месноста Јурија. Пристапот на свеченоста е дозволен за секој граѓанин. Посебно за младината. По свечениот чин на крштавањето, патничкиот авион ќе изведе 6 летови над Скопје. Во авионот можат да се сместат 5 патници. Патниците првпат ќе видат еден луксузен патнички авион". Ова било пробно и свечено полетување, додека, официјално, првиот авион слетал и полетал од аеродромот на 15 јуни 1928 година. Некогашната Јурија била дел од денешната населба Аеродром. Специјално возило за до аеродромот, ги земало патниците од пред кафеаната "Маргер" на Плоштадот.
Ех, да се патува со авион, какво задоволство и какво доживување. Во еден запис од тоа време, духовито се вели: "Да појадуваш во Солун, да ручаш во Загреб, да вечераш во Париз, и истата вечер да присуствуваш на претстава на Париската опера". Аеродромот во Скопје наскоро станал и меѓународен. Во 1930 година, британското Кралство воздухопловство воспоставило врска меѓу Лондон и Индија. Слетувањето во Скопје било задолжително. Еве што се вели за тоа: "Од 13 април 1930 година, друштвото за воздушен сообраќај 'Кралската авијација' ќе започне авионска служба меѓу Лондон и Индија. Авионите ќе слетуваат во Скопје и во двата правца. Целиот пат од Лондон до Њу Делхи ќе трае 7 дена". И повторно еден куриозитет поврзан со Скопје. Патниците за Индија, слетувале во Скопје, а потоа со воз биле префрлувани до Солун. Оттука, со хидроплан до Египет, и понатаму до Индија. Може само да се замисли каква била егзотиката на ова патување. Градските власти во Скопје тогаш преземале генерално чистење и дотерување на градот за странските гости и патници. Посебно бил реновиран патот кој водел до аеродромот. За сето ова, и за нашите патници што патувале во странство, се грижел господинот Сизар Хокинс. Ете, такви биле почетоците на воздушниот сообраќај. Во една белешка, духовито се вели: "Патувајќи со авион, граѓаните ќе стават крај на забелешките кои постојано ги упатуваат до Општината поради лошата скопска калдрма. Едноставно, не постои небесна калдрма, па летањето, барем привремено, ќе нè спаси од комуналните проблеми".

пишува Данило Коцевски
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Во ред тоа си е твое размислување кое не се совпаѓа со моето. Слободно мисли си што сакаш за мене и остај ме да си мислам што сакам јас за тебе. Немам намера веќе да се расправам ако не ја свати до сега поентата џабе е.:tapp: Продужи си како мислиш дека треба да правиш мене ми е сеедно само немој да кукате кога ве викаме сељаци или дискриминираме врз база на тоа што ете сте си можеле така да се понашате. Едноставно јас тоа твое „право“ да збориш како сакаш а живееш во Скопје го гледам како твоја неспособност да се уклопиш во средината во која се наоѓаш или дека си голем инаетчија - сељак. Во секој случај не го гледам како позитивна особина.

Иначе Скопје е мојот дом, ти само проаѓаш овде ако така размишљаш
Јас не кукам. Никој до сега не се осмелил да ме нарече сељак, провинцијалец во живо, а и тоа нормалелен, цивилизиран човек не би го рекол само ради тоа шо некој зборува исти јазик, но различен дијалект од неговиот. Тие со размислување како твоето се претежно некои неписмени, кои живеат во Петровец, Драчево, Илинден и сл. места, оддалечени повеќе од 20 км. од центарот на Скопје, и кај нас в центар доаѓаат еднаш на 2 месеци (по потреба) и во тој еден ден додека си ја вршат работата во Центар, им пречат нашите дијалекти, нашата култура (ова никогаш не ми било јасно, каква е таа скопска култура што толку се разликува) и за тоа размислуваат и пишуваат по форуми преостанаите 60 дена, додека поворно дојдат кај нас во центар, и потоа повторно истото... Искрено, мене воопшто не ми е гајле што такви луѓе мислат за мене. А, и одлично се вклопувам во средината, можеби поради фактот што пола Македонија е во Скопје, а и нормално, има и ОК скопјани, не се сите неписмени. :)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Дечко јас моментално сум у Австралија а имам бизниси на повеќе места у азија. Имам работено/живеено во Лондон.
Ти сигурно си избегал од Лондон поради преголемиот притисок на старите Лондончани врз тебе. Те гледале како сељак со потсмев и презир па си морал кај дивтарите да бегаш во Австралија.
 
F

FARANG

Гостин
Ти сигурно си избегал од Лондон поради преголемиот притисок на старите Лондончани врз тебе. Те гледале како сељак со потсмев и презир па си морал кај дивтарите да бегаш во Австралија.
Кај затворениците у Австралија ;)... Австралија повише си ја сакам него Лондон Сити остај ти староседелци таму
--- надополнето: 25 март 2013 во 08:15 ---
Јас не кукам. Никој до сега не се осмелил да ме нарече сељак, провинцијалец во живо, а и тоа нормалелен, цивилизиран човек не би го рекол само ради тоа шо некој зборува исти јазик, но различен дијалект од неговиот. Тие со размислување како твоето се претежно некои неписмени, кои живеат во Петровец, Драчево, Илинден и сл. места, оддалечени повеќе од 20 км. од центарот на Скопје, и кај нас в центар доаѓаат еднаш на 2 месеци (по потреба) и во тој еден ден додека си ја вршат работата во Центар, им пречат нашите дијалекти, нашата култура (ова никогаш не ми било јасно, каква е таа скопска култура што толку се разликува) и за тоа размислуваат и пишуваат по форуми преостанаите 60 дена, додека поворно дојдат кај нас во центар, и потоа повторно истото... Искрено, мене воопшто не ми е гајле што такви луѓе мислат за мене. А, и одлично се вклопувам во средината, можеби поради фактот што пола Македонија е во Скопје, а и нормално, има и ОК скопјани, не се сите неписмени. :)
Абе ти испадна поголем Скопјанец од Скопјани :pos:
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Абе ти испадна поголем Скопјанец од Скопјани :pos:
Зборот ми беше дека не може некој шо не знае што да прави во животот, и единствена "гордост" мисли дека му е тоа што е роден во некое село оддалечено на + 20 км од центарот, кое денес се смета за скопска населба, да поставува услови за тоа ако некој сака да живее во Скопје. Тоа си го може во неговиот двор, да кажува кој може да влезе а кој не, но не и подалеку.
 
Ти сериозно мислиш само од периферија на СК мислат така? Дечко мање више СИТЕ мислиме така во помала или поголема доза само не секој сака да ти го каже тоа. Ова не е само скопски феномен ова е НОРМАЛНА работа кај и да си у свет. Нормално е да очекуваш тој што дошол од надвор да се адаптира на условите во локалното место.

Нормално е и локалното население да поставува услови за емигрирање затоа постојат визи и во некој случај отворени/затворени градови.
 
Јас не сум пошол во Хамбург па да се вклопувам во тамошната средина, туку сум се доселил во Скопје кое е на час и половина оддалечено од мојот град, кое што е во истата држава со мојот град и во кое што се зборува ист јазик но малку различен дијалект, како оној јазик во мојот град. И повторно ќе кажам, не можеш да генерализираш како мислат сите скопјани, и не можеш на некој да му поставуваш услови. Ете јас живеам во Скопје, зборувам на дијалектот којшто се зборува во местото од каде што доаѓам, сите ме разбираат и сите ги разбирам, и ќе живеам во Скопје дури јас сакам и ќе зборувам како шо јас сакам. Толку. :coffee:
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Емкаа
кажа „ луѓето немаат работа,немаат пари“ (мислејќи на другите градови)
а што мислиш сите во Скопје имаат работа,или сите имаат пари, значи збориме за жители кој припаѓаат на некој град.Ти викаш дека таму немаат работа и пари и ај патот па ваму,тоа ли сакаш да кажеш. А може ли некој од Скопје да оди пак таму некаде да отиде да работи.Колку ги има и во Скопје без работа и без пари,семејства со деца, Млади семејства,обично се тие деца на кој татковците не им се директори,бизнисмени или политичари,и во Скопје има бравари,чувари и пекари.А не некој си тазе матуранти кој може и да бидат кај мама и тате,а доаѓаат тука и се запослуваат и им го земаат лебот на овие први набројани,во фирми а ги има такви каде повеќето вработени се од некој град,а од тој град најчесто е и директорот или министерот или неговиот заменик.
Чичко Анчо, немој те молам. Скопје има каде каде повисоки плати и повеќе можности за работа. Мислиш стварно дека младите би го напуштиле Охрид, златен град, ако ги имаат истите можности за работа како Скопје? Дека би се откажале од мирно,спокојно место за џунглата во Скопје? Па во Охрид нема фабрики, еве на пример каде да се вработи дипломиран машински инжињер? Градот постојано се шири ама можностите за работа и палетата на работни места е статична со години.
Луѓето од внатрешноста не им го земаат лебот на Скопјани бе чичко Анчо, таков е пазарот, работодавецот го бара најдоброто за неговата фирма. Ако тоа е човек од внатрешноста добро, ако е Скопјанец пак добро. Не знам стварно зошто толку се комплексирате од луѓето од внатрешноста, тоа старо Скопје за кое зборуваш изумрело пред многу години,за тоа не сум јас крива нити ти,едноставно состојбата во државата е таква.

Во ред тоа си е твое размислување кое не се совпаѓа со моето. Слободно мисли си што сакаш за мене и остај ме да си мислам што сакам јас за тебе. Немам намера веќе да се расправам ако не ја свати до сега поентата џабе е.:tapp: Продужи си како мислиш дека треба да правиш мене ми е сеедно само немој да кукате кога ве викаме сељаци или дискриминираме врз база на тоа што ете сте си можеле така да се понашате. Едноставно јас тоа твое „право“ да збориш како сакаш а живееш во Скопје го гледам како твоја неспособност да се уклопиш во средината во која се наоѓаш или дека си голем инаетчија - сељак. Во секој случај не го гледам како позитивна особина.

Иначе Скопје е мојот дом, ти само проаѓаш овде ако така размишљаш
Не фаранге. Пак го вртиш истиот муабет. Една работа е прилагодување на средината, тоа што ти го бараш е сосем друга работа. Многу е глупаво да зборуваш за различни традиции и различна култура од град во град во земја во која двете најоддалечени точки се 5 часа возење. Глупости. Зарем ако ти речам јас зш или можиш наместо зошто или можеш ти нема да ме разбереш? Дај бе аманте.
Мене ме интересира што е тоа во културата или начинот на живот во Скопје што толку се разликува од останатиот дел од државата? Дали дел од таа фамозна скопска култура од која јас треба да учам според тебе, вклучува и нарекување сељаци на сите луѓе од внатрешноста и нивно дискирминирање?Јас не кукам ако не нарекуваш сељаци пошто во дискусијава тоа ми оди мене во прилог, едноставно ти си го покажуваш твоето ниско ниво на култура. Затоа малце чукни ја главата и види на кое ниво е твојата култура а после зборувај за останатите. На темава никој не те навредил а ти упорно неколку постови поназад отворено навредуваш, во недостиг на аргументи претпоставувам.
И не, скопски не е литературен јазик, затоа ако веќе сите на темава ти реплицираме на литературен јазик а не на дијалект ќе те замолам и ти да пишуваш така, а не со скопски сленг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom