Скопје низ призмата на еден Скопјанец

Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
А бе преку таквоето ми е од провинцијалци бе.....Мака ми е да гледам покондурени копуци кои го продале бостанот на пазар,и се к..чат со нови коли.....Мака ми е да гледам белосветски к...ња кои доагаат само за да кажат дека се во Скопје....А бе мака ми е да слушам дијалект бе по Скопските улици....А бе мака ми е што Скопскиот диајлект е на изумирање бе.......Мака ми е да ве гледам како се шетате низ Скопје,небаре сте го ослободиле.......Мака ми е кога не нарекувате пед..ња,а самите сте поголеми.....Мака ми е што го валкате градот со вашите глупости........

Како што знаете да ги навредувате Скопјани со секакви зборови....педе..ња,лигуши,скопски шмизли,тогаш не реагирајте на тоа дека сте провинцијалци од свирепичино итн кои се додјени во големиот град.Вие самите намерно ја создавате таа слика за Скопје.А зошто?Поради вашата неспособност(продадени 2 ниви за стан во Скопје) или можеби е нешто друго во прашање,а?

Што мислите вие можете туку така да се довлечкате од некаде и да кажувате басни за спиење?Тие приказни можеби важат од каде што сте дојдени,ама во Скопје не......
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 09:11 ---

Е па ако ти пречи да те нарекуваат провинцијалец,сељак од свирепичино тогаш зошто ги нарекуваш Скопјани педе..ња,а?Ти го дал тоа право некој,или сам на своја рака си заклучил дека е тоа така.Значи лугето ти ги делиш според тоа кој каде живее,нели?Значи Скопјани педе..ња.А врз основа на која теза си дошол до тој заклучок,а?Ајде еве на темата образложи како ти дојде до фрапантен заклучок дека Скопјани се педе..ња.

Тоа дека се делиме е факт,зошто како што тебе те боли кога ке те наречат провинцијалец,тогаш и лугето кои живеат во главниот град на државата ги боли кога некој ке ги нарече Скопски педе..ња...

Јас најмалку сум искомплексиран од некоја работа,едноставно ми е преку таквоето да слушам такви глупости....А бе да не измисливте топла вода,мајката?Е сега за твојата неспособност е криво Скопје?Значи за се што се случува е криво Скопје и Скопјани...А да си го побарате решението за вашиот проблем на друга страна,а?

Скопје не е на татко ми,ама сакам да остане како што го памтам.За жал се претвори во едно гооооооолемо село.И тоа сигурно не од Скопјани.Скопјани не зборуваат на тетовски,битооолски,охридски дијалект

А ти пријателе ако веке планираш да останеш во Скопје,симни ги опинците и облечи ги чевлите.Барем да бидеш граганин 103%
Ајде ооо ти најпаметен и најплеменит ГРАЃАНИН во нашава ни држава, наброј ги провинциите во Република Македонија. Тоа за скопски пе**рчиња е генерализирано, не викам дека се сите исти, ама ги има. Не можи некој мекуш шо нема кренато во животот нешто потешко од глушецот на компјутерот или од паричникот ко че вади пари за кафето да не спајџа во таа категорија. Е сега ако е интелектуалец, во ред, ама не се сите интелектуалци. Тоа ние како заработуваме за леб надвор од Скопје ти појма немаш, оти очигледно е дека немаш мака видено во животот, освен тоа шо те нервираат акценти на улица и загадена околина. Дај олади, најди си работа, спечали за живот нешто, не си ја тупи глата со вакви работи.
Поздрав.
 
L

Luki Junior

Гостин
За 2 ниви стан у Скопје, 1 шлепер бостан, е46 330ци АЦ Шницер и една цистерна бензин да се курчам на Партизанска... Парите од грозје, праски и сливи у Швицарска Банка..



А ти црнчи по Авганистан.. Ама кажувај се Скопјанец.....
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 11:14 ---
пс. Посериозно, кои навики те нервират? Чисто информативно, и без зајадувајне и нервоза.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А бе преку таквоето ми е од провинцијалци бе.....Мака ми е да гледам покондурени копуци кои го продале бостанот на пазар,и се к..чат со нови коли.....Мака ми е да гледам белосветски к...ња кои доагаат само за да кажат дека се во Скопје....А бе мака ми е да слушам дијалект бе по Скопските улици....А бе мака ми е што Скопскиот диајлект е на изумирање бе.......Мака ми е да ве гледам како се шетате низ Скопје,небаре сте го ослободиле.......Мака ми е кога не нарекувате пед..ња,а самите сте поголеми.....Мака ми е што го валкате градот со вашите глупости........

Како што знаете да ги навредувате Скопјани со секакви зборови....педе..ња,лигуши,скопски шмизли,тогаш не реагирајте на тоа дека сте провинцијалци од свирепичино итн кои се додјени во големиот град.Вие самите намерно ја создавате таа слика за Скопје.А зошто?Поради вашата неспособност(продадени 2 ниви за стан во Скопје) или можеби е нешто друго во прашање,а?

Што мислите вие можете туку така да се довлечкате од некаде и да кажувате басни за спиење?Тие приказни можеби важат од каде што сте дојдени,ама во Скопје не......
Маката се решава со мотика не со молитва, ако тебе ти го мрзи газот да работиш, нека ти ја мрзи и устата за јадење и жалење. А што мислиш, дека ако сите сите провинцијалци си отидат и скопје ќе биде светска метропола, ќе биде поголема паланка од сега.
Првите модерни кафиќи во Скопје се отворени од Гевгеличани и Струмичани, а не од скопјани, скопјани како тебе само се жалат и гледаат кај има гага, тоа се скопјаните што ти толку се фалиш со твоето потекло.
Седи и уживај во различноста и разноликоста на цела Македонија во Скопје, а не во твојата самобендисаност.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Acid Молба да се заклучи темава.Пак стара приказна ,навреди и препукнувања.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
За 2 ниви стан у Скопје, 1 шлепер бостан, е46 330ци АЦ Шницер и една цистерна бензин да се курчам на Партизанска... Парите од грозје, праски и сливи у Швицарска Банка..



А ти црнчи по Авганистан.. Ама кажувај се Скопјанец.....
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 11:14 ---
пс. Посериозно, кои навики те нервират? Чисто информативно, и без зајадувајне и нервоза.
Од каде да почнам,хмммм....Ајде од почеток како што е редот....
1.Кога ке се доселиш во поголем град каде важат други правила на игра,своите навики ке си ги оставиш дома.Никоја не ти го оспорува фактот дека си од друг град,ама однесувањето треба да биде како што доликува....
2.Живеете по 15-20 години во Скопје,а дијалектот не го менувате.Па добро мајко му барем да се зборува Скопски не е тешко,нели.....Не е некој извитоперен дијалект па да не може да се научи....Не личи
3.Знаете да го омаловажувате Скопје и лугето кои живеат во него.Значи ако ги нарекуваш Скопјани педе..ња тогаш и ти спагаш во таа категорија,живееш во Скопје.
4.Кажи ми што Скопјани ти згрешиле тебе толку лично?Од кого си имал мака,па сега да ги ставаш сите во ист кош.Сите знаете да зборувате против Скопје и Скопјани а трчате на првиот автобус да дојдете во Скопје.Мислам дека не доликува на еден човек да плука по своите сограгани без разлика од каде се.
5.Скопјани имаат против провонцијалци многу,зошто доагаат тука да учат,работат,студираат или што уште не,а себе се сметаат за поголеми Скопјани од другите.Кажи ми зошто Скопјани никој не ги сака?Зошто сите велат...еве ги живеат во голем град...Никој не го гледа каков е како личност,туку дека е од Скопје.Тоа за мене е етикетирање кое за жал трае долго.А зошто?Знаеш да ми одговориш или не?Никоја не знае
6.Да, црнчам во Авганистан да обезбедам подобро утре за мојата фамилија.И не кажувам дека сум Скопјанец,туку сум Скопјанец од Дебар Маало роден и израснат.Туку само ми сметаат фрустрирани мангупи кои мислат дека ке се појават од некаде и дека се главна шема во градот.

Тоа мене ми пречи или смета во Скопје....
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 13:14 ---
Маката се решава со мотика не со молитва, ако тебе ти го мрзи газот да работиш, нека ти ја мрзи и устата за јадење и жалење. А што мислиш, дека ако сите сите провинцијалци си отидат и скопје ќе биде светска метропола, ќе биде поголема паланка од сега.
Првите модерни кафиќи во Скопје се отворени од Гевгеличани и Струмичани, а не од скопјани, скопјани како тебе само се жалат и гледаат кај има гага, тоа се скопјаните што ти толку се фалиш со твоето потекло.
Седи и уживај во различноста и разноликоста на цела Македонија во Скопје, а не во твојата самобендисаност.
Првиот кафич во Скопје 1970-ПАРИЗ...денешно име не му знам во ГТЦ
Првата дискотека во Скопје ТУРИСТ 1971-денешна коцкарница или флиперница што е не знам
Е сега каде биле Гевгелија и Струмица во тој период можеш на гоогле да побараш....
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 13:18 ---
А бе има ли Скопјани на форумот или не?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.325
Поени од реакции
11.164
колку и да има вистина, ме нервираат вакви теми. се ствараат безпотребни препукувања и на крајот што од ова?
ништооооо(y)
секој си гледа на работите како му одговара:)
затоа ако ти смета што е провицијалец или скопско педерче стај го на игнор, никој не ве тера да се дружите.
и несакам ради вакви некој да ме прави педерче, па јас да му возвратам со тоа донеси ја дадати да видиме дали навистина сум :)
глупава тема, со уште поглупава цел (n)
 
L

Luki Junior

Гостин
Од каде да почнам,хмммм....Ајде од почеток како што е редот....
1.Кога ке се доселиш во поголем град каде важат други правила на игра,своите навики ке си ги оставиш дома.Никоја не ти го оспорува фактот дека си од друг град,ама однесувањето треба да биде како што доликува....
2.Живеете по 15-20 години во Скопје,а дијалектот не го менувате.Па добро мајко му барем да се зборува Скопски не е тешко,нели.....Не е некој извитоперен дијалект па да не може да се научи....Не личи
3.Знаете да го омаловажувате Скопје и лугето кои живеат во него.Значи ако ги нарекуваш Скопјани педе..ња тогаш и ти спагаш во таа категорија,живееш во Скопје.
4.Кажи ми што Скопјани ти згрешиле тебе толку лично?Од кого си имал мака,па сега да ги ставаш сите во ист кош.Сите знаете да зборувате против Скопје и Скопјани а трчате на првиот автобус да дојдете во Скопје.Мислам дека не доликува на еден човек да плука по своите сограгани без разлика од каде се.
5.Скопјани имаат против провонцијалци многу,зошто доагаат тука да учат,работат,студираат или што уште не,а себе се сметаат за поголеми Скопјани од другите.Кажи ми зошто Скопјани никој не ги сака?Зошто сите велат...еве ги живеат во голем град...Никој не го гледа каков е како личност,туку дека е од Скопје.Тоа за мене е етикетирање кое за жал трае долго.А зошто?Знаеш да ми одговориш или не?Никоја не знае
6.Да, црнчам во Авганистан да обезбедам подобро утре за мојата фамилија.И не кажувам дека сум Скопјанец,туку сум Скопјанец од Дебар Маало роден и израснат.Туку само ми сметаат фрустрирани мангупи кои мислат дека ке се појават од некаде и дека се главна шема во градот.

Тоа мене ми пречи или смета во Скопје....
1. Објасни ги правилата на игра. Изгледа сме од 2 различни држави, шом толку правилата за игра се разликуват толку ногу од Подареш и Скопје...
Кои мои навики? Да си го сортирам ѓубрето? Да ми е среден дворо, за да ми е пријатно местото дека шо живејам?
Да правам маабет со мојте комшии, насабајле и сите да се смешкат добродушно додека се поздравувам со постари човеци и пензионери?
Ајде аргументирај се кои навики точно сметат, за да расчистеме, шо е општоприфатливо у скопје, шо не е општоприфатливо у скопје.
Ама мен ме е страх оти на крајо, ќе испадне оти сите навики шо ќе ги напишеш важат за сите населени места, и ќе излезе оти сите сме говеда без разлика дали сме скопски педерчиња, или ебани провинцијалци..

2. Никојпат не сам живеал у Скопје. Дијалекто е народно богатство и е срамота да го снема. Прочитај малку шапкарев, цепенков, миладиновци. Тогај охрид и Битола и солун са биле центри. Шо ќе е било ако они са ги искасапиле дијалектите, и собраните дела са пишани на охридски/битолски.. Олабави малку за дијалектите. Се додека се разбираме е супер... А дали личе или не личе е прашање на вкус, не општоприфатено правило или навика. Ако на тебе не ти се ареса мултикултуризмо, на некои им се ареса... Секој втор човек тука ме омаловажува оти си пишам на јазик как шо ме е ќеф. И сега јас да зеам да се обесам, оти на некој трајко од Скопје не му се аресало како пишам, и по автоматизам мојте идеи са помалку важни, само заради шо не са напишани на скУпски wanna-be београџански дијалект..

3. Не живеам, не спаѓам у таа категорија.

4. На мене Скопјани ништо не са ми згрешиле. Ако ме почитуват, јас ќе ги почитувам. Тава важе за сите градове. Ама, јас носам опинци, работам земјоделие, работа шо е незамислива, шо е гадна, и сам половин човек заради неа, смрдам на пот, и најмодерната играчка шо сам ја имал е мотика.. И тава се користе како начин на деградација, дека сам помалку вреден само заради тија причини. Шугав сам оти сам од село, никој не го гледа човеко у мене. Сите запнале да го презентират селото у мене... Е брат, ако ти си запнал да презентираш село у мене (справка, постовето твои у оваа тема), јас ќе запнувам да го презентирам скопскио педер у тебе (не сексуална ориентација, а начин на размислувајне).. нема љутиш... реципроцитет...

5. Скопјани никој не ги сака, оти си придават значење и перја за нешто шо со прст не са мрднале. Од кај си брат, од Скопје сум. Бре мајката од големото добро утро... Пример, иде на мајка ми стара пријателка на госќе... Живее у Скопје (мажена е за Скопјанец професор на факултет). И сега идат со некакво џипче на лизинг.. И се шеткат по дворо (имам убав двор, со трева, со дрва, овошки, и патеката е поплочена со бехатон плочки).. и одат понадоле кај гаражите, и оваа гледа и вика.. Маре (така се вика мајка ми) абе вие убаво живеете и тука (изненадена)... Е не, тука нија френките со рачките ги јадеме... Јас си стојам со покерфејс ( а у главата си мислам :facepalm:) О боже... Возрасна високообразовна жена, сопруго некаква академска елита, она изненадена оти и не живееме толку лошо у селата со опинците, тракторите, мотиките, и потта. Ако македонскио скопски крем (как шо љубат да се презентират повеќето) така мисле, шо е останало за средно-статистичкио скопјанец. Шит ролс даунхил. Барем тава са те научиле американците у Авганистан.

6. Нема ништо поарно од поштени заработени пари. Јас ти се восхитувам шо си го ставаш живото на коцка, само и само твојте деца да имат поарна иднина, и да не трпат за леб. Ама брат, запамни оти колку и да си фраер и шемаџија, секојпат ќе дојде некој пофраер и пошемаџија (без разлика од место на потекло), и ќе ти туре тапа на твојто шемаџиство.. ТИја работи нема потреба да те дразнат.. И мен ме дразне некој земјоделски инжинер коа почне да ми објаснува за како да орам... ама јас сам љубезен и го исслушувам до крај...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
А бе има ли Скопјани на форумот или не?
Има ама не се замараат.
-Што е важно како зборуваат секогаш ќе има некој што нема да научи или нема да сака да научи да зборува на скопски дијалект.
Може да се смени ова?
Не може па што се замараш.
-Колку што провинцијалците употребуваат грд речник за Скопје исто толку и Скопјани употребуваат грд речник за луѓето од провинција.
Тука не е проблем некултура на поединци туку општо на цела нација.
-Со самото тоа што ги групираш како провинцијалци ти го правиш истото што велиш дека не сакаш да ти го прават тебе т.е да да ги гледаат сите Скопјани исто.


Можам до утре да пишувам, но не ми е јасно зошто воопшто се замараш кога не можеш ништо да смениш.
На крај краева однесувањето,манири,свест се индивидуални карактеристики на секој човек и ти ако сакаш цел роман испиши тука пак се ќе си остане исто.

Можам само да ти кажам не барај нешто од другите што не си спремен самиот да го направиш.
 

dsc

Член од
3 ноември 2012
Мислења
16
Поени од реакции
17
Скопје низ призмата на еден Скопјанец е топикот нели?Не гледам тука ништо спорно.Човекот си напиша што му смета,а што не.Е сега на кого му одговара нека чита,кој не не мора.....

А за Скопјани се зборувало и ке се зборува и понатаму....Караванот ке си помине,кучињата ке лаат
 

StringerBell

Rules change. The game remains the same.
Член од
13 септември 2012
Мислења
120
Поени од реакции
132
Незнам како да ти го напишам ова без да те повредам ама твоите дефинитивно ја заебале некаде работата кога си бил мал.


<provokacija>Типично скопско педерче</provokacija>
 
T

tinkerbelll

Гостин
АGAIN ???? Абе преку таквото со овие теми провинцијалци скопјани јанко петко аман. Прво и прво темата е на ниво искомплексираност до даска, второ ти очигледно не го ни разбираш значењето на зборот провинција па се служиш со истиот во обид за блага навреда, но грешка си и тоа голема. Ако не си од главниот град (Скопје во случајов) си од провинција, ок. Зашто, не ми е јасно, кога ќе се спомне провинција одма си поврзувате ниви чување кокошки свињи и сл.? Исто е како и во Ск, верувај, со таа разлика што е помало место по површина како и по жители. Секако со исклучок на селата приградските населби можеби и така... Но сепак место за навреди НЕМА!
Кој иде во Скопје, хм. Многу грешиш и ставаш на срце некои работи, многу. Од чиста мира не би дошла да живеам поготово биди сигурен. Идат луѓе (според мене) некој што му треба да заврши некоја работа пошо се е таму нели, ако си за у болница недајбоже сериозно прво те праќаат таму (сакал нејќел идеш) за факултет исто на кој му е близу, кога ќе завршат пак исто пошо у градовиве и да сакаат не можат да си ја искористат дипломата поради мизерните плати пред се.
Е сега има и такви (обично малоумни) кои се мажат таму со цел да останат да живеат, не велам не, дури тоа го прават по секоја цена и со кој стигнат, но сами се понижиле на тој начин јас така го сфаќам тоа. Значи едно е да тераш со таа намера друго е судбината да те однесе или да си бараш чаре. А додека не профункционираат и другите општини ќе има луѓе во Скопје и ќе доаѓаат за себе пред се, никој нема да те праша тебе.
И да си појаснам, мене лично не ми смета Скопје воопшто, ни скопјани ни скопјанки, јас тие што ги знам и живеам убаво со нив ми се ок... Ако тебе (претпоставувам) те повредил некој од друг град не е во ред да се истураш на сите и да го навредуваш народот од кој всушност живееш ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom