Категорично сум против оваа примарно сензационална, а вторично-непрактична инвестиција. Двокатните автобуси се убава амбалажа, а лоша содржина.
Аргументи:
1. Еден двокатен автобус собира 90 патници, за разлика од единечниот едноподен кој собира 120 и ,,хармониката"(двоен едноподен), која собира 200 патници.
2. Ќе се вложат 600 000 евра за да се подигнат гаражите и пералните на ЈСП, како и за да се обучат шоферите да го управуваат ова вселенско возило.
3. Линиите ќе бидат подолготрајни, затоа што double-deckerите имаат 2 врати низ кои циркулацијата на народот потешко ќе оди.
4.Двојните автобуси трошат гориво колку една нископодна ,,хармоника".
5.Ќе мора да се донесат измени во законот, бидејќи под мостовите, тие ќе поминуваат на растојание помало од 20 сантиметри, со што автоматски ќе го прекршат законот, кој вели дека возилото треба да помине минимум 20 сантиметри пониско од препреката. Нема да можат да поминуваат под ГТЦ и Влајко.
6. Ке треба да се молиме автобусите никогаш да не се расипат, бидејќи се уникатни и делови нема, а особено не по нормална цена.
7. За истиве пари можат да се купат единечни нископодни автобуси од најреномираните европски производители.
8. Не е познато дали сите автобуси ќе бидат сопственост на ЈСП, со што тоа ќе стане монополистички сопственик. Каде се тука приватните автобуси?