Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
Не дај боже да се возиш со 57 околу 4 и пол.Толку
 
Не дај боже да се возиш со 57 околу 4 и пол.Толку
Го читаш авторот на темава, или онака општо, да си кажеш нешто во врска со автобускиот превоз? :)
 
Го читаш авторот на темава, или онака општо, да си кажеш нешто во врска со автобускиот превоз? :)
Абе го прочитав јас и баш неам некое конкретно мислење за темава ама сеа пред два три дена се возев и тоа беше не знам крш и не можев да издржам а да не се пожалам.
 
Кога ова бе:pos2: Јас сум за двоспратни,да се искористи максимално у еден трошок се зошто после којзнае кога ќе се купат нови!:pipi:
 
Дефинитивно грешен потег, би рекол капитален грешен потег, кој што не соодвествува со градов, нема најпрво инфраструктура за овие автобуси и тоа е една голема грешка.
Најдобра варијанта беа нископодни автобуси можеби на плин кои што нема да загадуваат.
 
Оф леле, ние немаме место по улициве за фичо да се возит а не за ДВОКАТНИ автобуси. Срамота
 
Скопје коа ќе добие двократни автобуси мене ќе ми дигнат у центар споменик :vozbud: крш град а уште покрш транспорт !
 
Категорично сум против оваа примарно сензационална, а вторично-непрактична инвестиција. Двокатните автобуси се убава амбалажа, а лоша содржина.
Аргументи:
1. Еден двокатен автобус собира 90 патници, за разлика од единечниот едноподен кој собира 120 и ,,хармониката"(двоен едноподен), која собира 200 патници.
2. Ќе се вложат 600 000 евра за да се подигнат гаражите и пералните на ЈСП, како и за да се обучат шоферите да го управуваат ова вселенско возило.
3. Линиите ќе бидат подолготрајни, затоа што double-deckerите имаат 2 врати низ кои циркулацијата на народот потешко ќе оди.
4.Двојните автобуси трошат гориво колку една нископодна ,,хармоника".
5.Ќе мора да се донесат измени во законот, бидејќи под мостовите, тие ќе поминуваат на растојание помало од 20 сантиметри, со што автоматски ќе го прекршат законот, кој вели дека возилото треба да помине минимум 20 сантиметри пониско од препреката. Нема да можат да поминуваат под ГТЦ и Влајко.
6. Ке треба да се молиме автобусите никогаш да не се расипат, бидејќи се уникатни и делови нема, а особено не по нормална цена.
7. За истиве пари можат да се купат единечни нископодни автобуси од најреномираните европски производители.
8. Не е познато дали сите автобуси ќе бидат сопственост на ЈСП, со што тоа ќе стане монополистички сопственик. Каде се тука приватните автобуси?
 
Не се ниту економични ниту еколошки ниту исполнуваат стандардни на инфраструктура на градот ниту има култура и навика за двокатни автобуси ниту може да бидат безбедни едноставно речено капитална катастрофа!
 
Кога ова бе:pos2: Јас сум за двоспратни,да се искористи максимално у еден трошок се зошто после којзнае кога ќе се купат нови!:pipi:
Не секогаш цената оди со квалитетот.

категорично не за двоспратните. Факт е дека на Скопје му се потребни нови, но зошто би биле двоспратни? Поради инаетот на некој на кој му се може. Едноспратните се поекономични во гориво, башка не бараат половина ремонт да се направи низ градот или да се сменат целосно рутите по кои досега одеа старите автобуси. Башка како што рече Новинарка за тоа кога таа ругоба ќе застане на станица. Ќе треба векои и векови да се симне човек до приземјето за да излезе надвор а и фактот дека еден армоникаш автобус повеќе може да збере од двоспратниот.
 
Новите двоспратни автобуси ќе имаат двојно помал капацитет од старите канти на ЈСП. :icon_roll
Да не бидат после како јапонски метроа.
 
metro.jpg

Не може да бидат као јапонско метро. Неаме ние џандари кои ќе буткаат вака, не се секирајте. :wink:
 
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111325
:cuc: :cuc:
Се откажаа од кинеските играчки, порадосна вест нема денес од оваа.


Министерството за транспорт и врски, соопшти дека повторно ќе распише тендер за набавка на двокатните автобуси.

Така да незнам што толку се радуваш :)
 
Министерството за транспорт и врски, соопшти дека повторно ќе распише тендер за набавка на двокатните автобуси.

Така да незнам што толку се радуваш :)

Се радувам дека нема да има кинески играчки по улиците, со двојно помал капацитет од старите автобуси. :icon_roll
Сега нека распишат тендер каде што ќе изберат НОРМАЛНИ автобуси кои ќе ги заменат тракторите на ЈСП. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom