Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Честитки за Next Time за победата, нека се забавуваат во Москва. И онака се знае како се гласа таму....
Битно е што Скопскиот фествал и МРТ продолжија со старата пракса-скандал до скандал...
Калиопи уште пред фестивалот првеше атмосфера(притисок) со изјавите дека има вистинска песна за Евросонг, и ако не отиде, ќе се откаже од понатамошно учество. И сега сите требаше да плачат, да ја молат, аман немој, дај ќе те пратиме...легендата мора да живее...страшно...
Навистина, очекував одлична песна од Калиопи, оти навистина има одличен глас и е способна да направи хит. Ама песната со Наум, беше навистина за прашањето: Калиопи, WTF?
Се потсетив на една пранешна идеја од двајца професионалци од Бугарија - Елица Тодорова и Стојан Јанкулов со песната Вода, кога направија модерна верзија на една стара народна песна , благодарејќи на Рум Дум Дум инструнменти...
Направија еден импресивен настап, Калиопи нека го погледне ова:


и ќе види дека за жал напрви блед обид да изведе нешто слично...
Сепак и тогаш се покажа дека такви песни не поминуваат на Евросонг. Таму очигледно е правилото, што пооткачено, поинтересно ( пак мала паралела од порано- Словенија со еден прекрасен оперски глас и прекрасна балада против Украина и Верка Сердочка, нормално перверзните Украинци отидоа понапред)
Затоа гледајќи го фестивалот, мислам дека најдобри шанси за добар пласман имаа Сленг со Генгста оро и Рок Агресори со Динг Донг...
Лично, мене најповеќе ми се допадана настапота на Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев- една одлична балада која ќе биде хит сигурно, но за жал не е песна за да импресионира на Евросонг.
Имаше добри песни, но сепак еден мора да оди..
Гласањето кај нас е секогаш скандал по дефиниција, па најдобро е можеби во иднина да се бира победникот само со гласови на публиката, докажано дека е многу пообјективен избор од потплатено жири и договерни поени по принцип-ја тебе, ти мене..Се покажа тоа со Џокси кој се издвои со своето мислење, и бидејќи не се вклопи во договореното мнозинство, го снема во финалето, а на негово место ставија “подобен“ член на жири-скандалозно...
Секоја година се помизерно-за жал...
Уште еднаш им посакувам на Next Time да имаат добар настап во Москва, а ние тука како и секоја година ќе гледме сеир от циркусот наречен
EUROSONG 2009...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Иако бев за Калиопи,дечкиве од Сленг ги добија моите симпатии,така слатко ме насмеаа:)Искрено сакав они да одат,дефинитивно најинтересни беа вечерта.А за победнициве но комент:smir:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Еден осврт на целата ситуација...
-организација голема 0,како можеше онаа водителка да биде :tapp: кога не знае да направи една просто проширена реченица,камерите и преносот како на Валандово 87 беа!
-кое е тоа жири што ќе каже кој да оди,лапаат пари за секоја 12-ка и јас треба со нив да се согласам :tapp: и тоа се некои од МРТВ,те радио те телевизија,па и балет имаше :tapp:,уште некои што наплаќа радиодифузна такса им фалеше!
-кој е тој со мислата Евровизија е сериозна работа? Абе оди таму шетај внуци уште им го земате местото и лебот на оние кои стварно сакаат да работат и нешто да постигнат во животот
-за песните...јас лично гласав за Влатко Лозаноски-убедливо најлежерен настап без посебни тоалети како другиве :pos2: певлива песна и мислам дека беше одлично да го пратиме него ама...
-Генгста оро...одлично доловена песна баш како што ги замислував ама вампирине од МТВ не мислеа така,сепак можеа и они баш ќе беа освежување од сите што ги праќаме
-Калиопи..до кога бе со изјавите ако не одма сега нема никогаш,мисли ако е претседателка на ЗАМП никој ништо не и може? Тој дует сестро не оди,можеби беше посебна песната ама да земела некој друг можеби и поубаво ќе звучеше :toe:
-Некст Тајм...се гледа дека гласале сите тинејџерки во држава,штознам фина е песната ама имаше подобри погоре наведени
...али тоа е тоа,сепак ќе навивам во Москва не по моја воља туку затоа што ја представуваат Македонија :vozbud:...со среќа дечки :smir:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Pesnata na Bugarija 2007 bese tehno verzija na Pavle mi pie,ah lele tolku kradat Bugarcinjata,to ne e fer.Gengsta oro trebase da odi na Evrovizija.
 
Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Pesnata na Bugarija 2007 bese tehno verzija na Pavle mi pie,ah lele tolku kradat Bugarcinjata,to ne e fer.Gengsta oro trebase da odi na Evrovizija.
Точно дека е плагијат, потполно се согласувам, ама спреди ја од технички аспект изведбата на Бугарите со наша песна Павле ми пие во стил Рум Дум Дум и Калиопи и Наум со ова Рум Дум Дум- мислам дека можеа и подобро да смислат...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Pesnata na Bugarija 2007 bese tehno verzija na Pavle mi pie,ah lele tolku kradat Bugarcinjata,to ne e fer.Gengsta oro trebase da odi na Evrovizija.
Нормално дека покрај територијално блиски култури, ќе ти личи на Павле ми пие, а не на Frozen од Мадона... Ама не ми е криво бе и да е украдена, пошто што не ни текне на нас да ја преработиме така? Него ние си онадиме и понатака на оваа ,,сериозна" манифестација, со ,,сериозни" изведувачи, џиткаме пари за даноци, кои (С)МРТ ги дава за лобирање. П.С. И нормално дека никој не презема ништо во смисла на тужба кога Елица и овој ја преработија песната така? Тоо Македонијо! Дисапојтинг!
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Toa e.Ni treba dobra ideja.Mora da pustame etno,ama mnogu dobro napaveno etno.Toa ni e adutot sto bi rekle nie.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Вчера гледав некој 73% од финалето (на А1 го имаше глуп и поглуп).
Евровизија последниве 10 години е неозбилна работа, па така најдобро ќе беше да отидеа или дечкине од Охрид или Рок Агресори-кој што според мене најубаво го дофатија моментот на исмејување на целата манифестација со глумење на ментално ретардиран настап...маестрално.
Песнана на Калиопи и оној другион беше озбилна работа, но кога мислиш дека си повисоко од највиоскиот тогаш баш тој ќе те спушти на земја каде што ти е и местото.

Некст Тајм се уште се срање, но некако не глумеа дека го фатиле бога за мода, и мислам дека не ни очекуваа вакво нешто да им се случи па затоа нека им е со среќа.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
И не само тоа, изгледаа како да им е криво што не отишле Сленг... Како исплашенки ми беа...
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127
Како се викаше таа што ќе ја претставува црна гора на евросонг ???
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Како се викаше таа што ќе ја претставува црна гора на евросонг ???
Андреа Демировиќ
Страшно ми е жал шо не успеавме да видиме каква и беше фацата на Каљопа синоќа,а и неофицијално дознав дека штом почнало свиркањето на жирито Каљопа и Наумче ја напуштиле салата и заминале во непознат правец па прашувам дали се живи и дали го преживеаа синоќешното цунами?
А што се однесува до Некст Тајм мислам дека горе-долу имаа најхитовска песна која ќе се слуша по радијата,а Сленг беа свако чудо за три дана.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
До кога ке има жири бе? Не ја знам другата причина зашто постои жири освен за местење победи. :toe:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
До кога ке има жири бе? Не ја знам другата причина зашто постои жири освен за местење победи. :toe:
Јас не знам зошто воопшто го вратија жирито. Арно беше 2006-та и 2007-ма без жири.
Кој се тие 10-12-15 члена да одлучуваат 50% за победникот? Па нели ние треба да го бираме него?
Добро барем што годинава тој што доби 12-ка од публиката отиде на Евровизија.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
и се стручњаци бе во тоа жирито....ја ставиле претседателката на комисија за антикорупција:tapp::tapp::tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom