Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
на форумов има доста теми отворени за градот Скопје,има и тема за земјотреси,но во оваа тема
сакам како главна содржина да и биде од наведениот наслов„преживеаните и очевидците раскажуваат“ за земјотресот Скопје“63 год.
кое и го нема и што недостасува во другите теми.Секако за тоа може да раскажуваат постарите скопјани и гостите кои се затекнале тогаш во тоа време во градот.Јас за тој настан ќе раскажам од
еден детски аспект како го доживеав страшниот земјотрес за многу мој сограѓани и кобен.Ќе изнесам и некој општи податоци за земјотресот,спасување на затрупаните,евакуација на децата,прва помош на ранетите,за загинатите,штетите од земјотресот,расчистување на урнатините,снабдување на градот,
животот во градот и шаторските населби,борба против епидемии,обнова и изградба на Скопје.Секако ова ќе го надополнувам и со податоци од некои книги, а кои сега и ги нема,но интересни за пошироката јавност и помладава генерација која и не го памети мое-наше старо убаво предземјотресно Скопје.

Скопје 26 јули 1963 година во 5часот,17минути и 15 секунди
Беше петок,сончев ден,без ниедно облаче на небото.Но,одненадеш од земјината утроба се чу морничав татнеж кој траеше десетина секунди и кој беше катастрофален за градот.Огромните новоградби и масивните повеќекатници како кули од картон се распаѓаа,затрупувајќи илјадници деца,жени,старци и трудбеници кои се затекнаа во постела во утринскиот сон.Наеднаш потоа втор,па трет удар.Градот беше обвиен во густа магла,од правта на урнатините.Неколку минути потоа кога правта се слегна,се виде вистинската катастрофа. Настана ужас. Од сите страни се слушаа викотници,писоци на затрупаните и лелеци за своите блиски. Од силниот подземен татнеж и од тресењето и кршењето на зградите граѓаните рипнаа од своите постели и во долна облека или полуголи бидеиќи времето беше топло, бегаа надвор од зградите и барајќи спас по паркови и широки улици. Немаа време ништо да земат или да се облечат и покријат. Многу родители само ги грабнава своите деца и така необлечени излегоа надвор.
Многу семејства не можеа да излезат од своите домови,било затоа што вратите не им се отвараа,или затоа што скалите им беа урнати,или излезот им беше затрупан. Некои од нив рипаа од прозорците, некои и од поголеми височини и се повредија,а некои загинаа во подоцнежните земјотреси и рушења.

Хотел „Македонија“ - во центарот на градот ( на плоштадот )
...За паркетарот од хотелот „Македонија“ појавата на глувци околу 4,30 часот било само разбудување од сон. Но, цела сурија глувци во паничен бег ја напуштале зградата. Паркетарот не бил ни суверен,
ни набожен, но излегол надвор од „ С* клет“. Потоа веднаш бил сведок на катастрофата.
...За време на земјотресот во хотелот „Македонија“ се наоѓале околу 200 гости. На 25 јули во Скопје допатуваа 152 странски државјани,од кои 50 беа сместени во хотелот „Македонија“. Од овој хотел екипите спасија само 42 лица.Меѓу нив имаше и странски државјани. Но многу и загинаа.
...„Пред хотелот „Македонија“ се наоѓаа двајца воени лекари чија задача беше да дежураат и да
укажат прва помош на евентуално извадените живи, а распаднатите трупови да ги полеат со хлор,
и да го дезинфицираат местото од каде што е изваден трупот. Војниците од скопските касарни со заштитни гас-маски и ракавици ги расчистуваа урнатините и се пробиваа кон собите на хотелот. Но собите ги најдоа празни. По се изгледа дека гостите ги напуштиле собите и се стрчале да излезат. Меѓутоа, во ходниците биле затрупани и таму загинале најголем број. Тие што пропаднале во барот, кој беше сместен во подрумот, останале живи и беа спасени. Неколку дена траеше спасувањето на
овие преживеани од страна на рударите од Костолац и екипа од Планинарскиот сојуз на Србија.“
еве едно кажување на очевидците;
...“Војниците кои расчистувале од хотелот „Македонија“ чуле повик за помош на француски јазик.
Меѓу две бетонски плочи, две францускињи.Едната жива бара помош, другата мртва.Еден водник и даде вода и ја тешеше.Водникот не се иставаше од неа,додека другите војници итно работеа да ја ослободат од бетонската прегратка. На францускињата најтешко и било што го чуствувала ледениот стисок на својата мртва пријателка која умирајќи ја фатила нејзината рака и така се вкочанила.
И дадоа инекција за да издржи.Војниците ја тешеа. Но смрта беше појака. По 11 часови страшна
агонија непознатата Французкиња умре.Војниците се сторија,но успеава да ја откопаат мртва,и тоа другиот ден заедно со својата пријателка.“
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Хотел „Македонија“ - 28 јули 9 часот 30 минути
Екипите на рударите и по два дена уште работат на расчистување
на урнатините на хотелот „Македонија“. Трет ден како ја вршат оваа работа испотени,испрашени и веќе омалаксани од топлото време
но со сиот жар да спасат уште некој живот.Тие се научени да копат
длабоко во утробите на земјата во Костолац.Одненадеш од подрумот
чуле слаби гласови.Но на тој дел немало како да се пријде се било
потрупано со масивни плочи. Под раководството на еден инжињер,
екипите веднаш на тротоарот ископале дупка и во правец наподрумот
продолжиле со тунел и по 4 часа неколку рудари од екипата влегла во подрумот на хотелот. Тука бил полн мрак. Се служеле со нивните батериски ламби. Под слабата светлина се наѕирале скршени бетонски носачи, пропаднати подови, од сите страни, железо,бетон, штици и скршени маси и столеви. Еден од рударите кои одел-ползел напред наеднаш возбуден им довикува на другарите.
„ Најдов човечка нога, пригмечена но топла ,изгледа дека човекот е жив,но не се гледа телото“.
- „ Дали сте живи прашал друг од спасителите“
„ Ние сме овде “- се чул женски глас на француски јазик.
и повторно “ Ние сме Белгијанци“.
Било тоа изненадување; се јавил женски глас, а ногата била на маж.
- „ Сами ли сте“, прашал сега еден од екипата на француски јазик.
- „ Не со мене е мажот ми “ одговорила од некаде жената.
- „ Дали е и тој жив“?
„Да“ се чул истиот женски глас.
-„ Што беше ова, вулкан или атомска бомба “ запрашал машкиот глас.
Лекарот кој бил со екипата му одговорил дека било земјотрес.
Со дигалка му ја ослободиле ногата која била многу повредена но тој
не офнал ниту еднаш. По еден час работа младата Сизи Жакмер, била речиси неповредена изнесена од подрумот. Таа одвај успеаа да
му се насмевне на насобраниот народ пред хотелот и падна во бесознание. Продолжи борбата за спасување на Жак Жакмер, при неговото вадење издробените делови од зградата го пополнија тунелот што го ископаа рударите. Затоа тоа се продолжи уште неколку часа и тој беше изнесен надвор на сигурно.
_„ Благодарам“ - им рече на спасителите „Знаев дека ќе дојдете“
Под урнатините останал над 50 часа. Рече дека е биолог и дошол да
ги проучува музејските вредности во нашата земја.
И тој радосно им мавна на насобраните луѓе, а потоа го однесоа во
болница на лечење, едната нога му беше згмечена и искршена.
--- надополнето: 27 април 2012 во 11:30 ---
- имам уште кажувања-раскажувања на преживеани и очевидци
од урнатините на хотелот „Македонија“ и од цело Скопје, а тек и
јас мојте кога ќе ги почнам како сведител на тоа страшно утро ќе
ми требаат 2 години,затоа ја почнав сега темава да раскажуваме
до другото лето на 50 годишнината од оваа страшна несреќа .
.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Чика гледај да ја надопунуваш константно темва ;)
Фала.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Тоа кобно утро мојот дедо се нашол во својата канцеларија каде што бил да остави некои документи бидејќи тој ден требале да заминат на одмор...кога го осетил првиот потрес, со трчање сакал да излезе надвор, но за жал објектот во којшто бил почнал да се руши...една цигла го погодила во глава, а друг дел од таванот паднал врз неговите нозе. За среќа неговиот колега којшто бил надвор успеал да го извлече...дедо ми бил во кома...она на што се сеќава следно е дека се разбудил во авион и повторно паднал во кома. После неколку дена се разбудил во воената болница во Белград, целиот заврзан во завои и тотално неподвижен. Главата оперирана, а бидејќи нозете му биле згмечени докторите биле принудени едната да му ја скратат за 6 сантиметри, а другата за 3. Но, желбата за живот му била многу голема, поради неговата упорност и упорноста на докторите, дедо ми по една година проодел и еве го со 85 години тој сеуште се движи.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
многу ме радува сознанието дека на многумина им се допадна
оваа тема за земјотресот и јас секојдневно ќе надополнувам,
а еве се јавија и други, а секако ќе има што да кажат преживеаните

Скопје 1963 година 26 јули 5 часот 17 минути и 15 секунди
се случил првиот потрес, кои траел 10 ина секунди потоа
веднаш втор па трет удар и се така до 5 часот 57 мин. и 56 сек.
еве го вкупниот број на земјотреси во Скопје тие денови;

На 26 јули - 67 земјотреси
на 27 јули - 22 ......“.........
на 28 јули - 25 ......“..........
на 29 јули - 25 ......“..........
на 30 јули - 18 ......“ .........
на 31 јули - 13 ......“..........
на 1 август 28 земјотреси и т.н.
или вкупно до 26 август т.с. за 1 м се случија 322 земјотреси.

За денес толку а колку ли кажувања само имам да ви напишам
еве што ќе следува;
мојте сеќавања за утрото на 26 јули
„прошетка“ по градот дента
прва вечер
неколку дневна евакуација
животот во шаторската населба на Водно
црвено-жолто-зелено, на секоја куќа
разделба со родителите
на пат за север,возовите со скопските деца
животот во Марибор - Словенија
враќањето дома
почнува школската година
писмо од непознато другарче
повторно земјотрес
Еврејското маало по земјотресот
изградбата на Скопје, прва етапа до 31. 12. 1963.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
уште сме пред хотелот „Македонија“ на плоштадот во центарот на Скопје
Молба до модераторите.
Од сега со наслов ќе ги давам овие раскажувања на преживеаните Скопје “63 , и може да бидат
ден -два во нови теми, а тие после нека ги преврлат и спојат со истата.За да имат увид оние членови кој се уште не ја отвориле оваа тема.
Еве уште едно раскажување како е спасено од урнатините едно лице од село Соколарци.
„Земјотресот ме затече на спиење во собата 329,на трети кат. При првиот удар видов како врз мене паѓа таванот. Ги ставив рацете на лицето и тоа многу ми помогна. Вториот потрес беше посилен. Тогаш врз креветот падна ѕидот што гледаше кон плоштадот.Бев затрупан,но не пригмечен.Од носот ми течеше крв. Во ваква состојба бев се додека спасувачката екипа не ме извади од урнатините.
Иако бев во незавидна состојба, сепак бев сосема присебен. Дури на спасувачите им соопштив од каде да копаат кон остранување на ѕидот за да не ме повредат. Во собата веднаш до мене, имаше странско семејство. Ми се чини беше четиричлено. Некое време слушав тапи удари во ѕид.Имаше значи некој од нив жив. Бараа помош. Но наскоро ударите престанаа.
Немаа повеќе сила.
Не издржаа. Смрта беше посилна. “
Да го оставиме сега хотел „Македонија“ - ќе се навратам друг пат
Еве едно раскажување за Најнесреќната зграда во разурнатото Скопје.
„ Карпош 2 “, зграда 13. Од оваа зграда е извлечен само Е Д Е Н неповреден.
Извлекоа 195 мртви и 102 ранети. ... а до утрово биле живи и здрави.
Рудари од Пробиштип копаат. Тажна руда..мртви... мртви ...и пак мртви...Војници помагаат.
Под еден блог пригмечен човек со бела коса, гушнат со мало девојче.
Татко и ќерка. Мртви...заедно.
Гушнати како во клешти. Ковчегот е мал-тесен не ги збира. Не можат да ги раздвојат.
Две жени од блиските урнатини носат шивоњер.
„ Земете го,мој е. Сахранете ги. Тука ќе ги збере“ - им вели на рударите.

На истата зграда други пак војници длабоко во урнатините навлегле и се веќе таму цели 5часа.
Командирот им наредува да се повлечат, постои опасност и тие да бидат затрупани, а тие и понатака со дупчалка и раце го пробиваат патот напред од каде се слушат лелеци.
Тоа им беше првата наредба што тие не ја извршија.
Го пробија ѕидот и еден војник викна во темнината: „ Бабо кај си, јави се“
„ Не сум јас баба, млада сум “- набрзо ја извлекоа надвор, веднаш се обесвести.
Други двајца војници, дојдоа до едно младо момче кое беше пригмечено меѓу две бетонски плочи.
Неподвижно.Кога ги виде им рече.
„ Не ме оставајте ме браќа, дајта ми го револверот да се отепам.“
Но тие не го слушаа.Седум часа копаа.И го извлекоа. Ранет, но жив. “

„ Војниците извлекуваат маж и жена мртви. Потоа пелени ..пелени..пелени....
Па нивното доенче, мртво,машко. Доенчето никој нема да го крсти.
Цело младо семејство.“

„ Од урнатините вадат уште еден повреден млад човек. Погледот бесцелно му луташе,
а зборовите му беа бесмислени.
„Не ќерка ми не ја давам. Ќе ја чувам ,два,три дена во визба.Таму е ладно но не ја давам:“
Тој остана жив. А паметот му остана таму каде што беше двегодишната ќерќа затрупана.“

Преживеаните раскажуваат „..На кревет бевме јас, мојот маж и мојата едногодишна ќерка.
Зградата се урна и врз нас падна таванот. Така останавме. Подосна со билдужер и дупчалки отворија простор и почнаа да не откопуваат. Мажот ми го извлекоа и како потешко повреден беше
преврлен во болница.Јас бев полесно, имав само гребаници. Меѓутоа детето не издржа.Се задуши.
Ми умре во прегратка, на креветот додека бевме затрупани. Чуствував како се ладеше.....“
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Молба до модераторите.
Од сега со наслов ќе ги давам овие раскажувања на преживеаните Скопје “63 , и може да бидат
ден -два во нови теми, а тие после нека ги преврлат и спојат со истата.За да имат увид оние членови кој се уште не ја отвориле оваа тема.
Ставај наслов, ама држи ги во истата тема. Нема потреба од нова тема за секоја приказна.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
-О.К. - Ацид, чим ти така викаш, ќе слушаме
Скопје “63 - хотел „Македонија“
Сакам да го опишам тоа утро,тој ден во градот,во мојот град,а сега и
семакедонски град па и ваш град..Ќе пробам да ви пренесам и со мој зборови,како очевидец да ви раскажам сеќавања,многу страшни многу.
Но вие дали и можете да си замислите како беше тоа јулско утро “63 год.
Да ви помогнам, сте гледале секако вилмови,журнали или слики од втората светска војна.На пример како изгледаа Варшава или Сталинград после бомбардирањата,ете таква слика замислете си и за на 26 јули, Скопје беше т.с. изгледаше како да е бомбардирано. На сите страни разурнати куќи.Оние згради што не беа паднати,или беа навалени или им ги немаше ѕидовите или беа распукани. Некои згради не беа паднати-урнати,но затоа пак беа пропаднале во земја за еден или два ката.
А имаше и згради чии два ката се слеале во еден,затрупуваиќи ги жителите од двата ката,кај овие и имаше многу жртви.Кај некој згради пак надворешните ѕидови се урнале и
од улица се гледава собите,мебелот или купатилата,па и станарите.
Јас се најдов во една ваква ситуација тоа утро и незнам во која тема баш тоа го опишав, кога почнав пред некој месец.
Е колку е сега тоа сликано со камери незнам, ама Плоштад Слобода кога би го дале баш изгледа како 2 С.В. Се вртиш во круг и гледаш само рушевини.( младиве ќе речат каде е тој плоштад) Има само една разлика по земјотресот сите беа на улица, а при бомбардирање улиците се празни.Ќе раскажуваме уште за Плоштадот Слобода, а сега уште нешто од;Хотел „Македонија“
Очевидецот војник, кој ги вадеше мртвите и ранетите од разурнатиот
хотел,кои се опишани претходно еве што раскажува.
„ Еден ден пред катастровата пристигна мајка ми во посета.Бев цел ден со неа и вечерта побаравме соба за ноќевање на мајка ми во хотелот
„ Македонија “. Но, се било полно.Потоа го молевме портирот од хотелот
„ Скопје “, но и таму залудно.Се беше пополнето. Одвај потоа мајка ми ја
сместив во хотел„ Турист “, а јас заминав во касарна на Калето. Утрото
веднаш после земјотресот нашата единица се симна во градот. Јас бев во екипата за спасување кај хотел „Македонија “. Извлекував ранети а и повеќе мртви од урнатините. Бев како во треска.Ги носам мртвите надвор а мислам на мојата мајка. По некое време дознавам дека и хотелот „ Скопје “ е разурнат. Ме опфати тага.Почнав да плачам но се уште влегувам во рушевините. Си замислувам како други војници ја откопуваат мојата мајка.Дури подоцна разбрав дека „ Турист“ не се урнал
Тогаш сиот во солзи со поголем елан, се наврлив врз паднатите ѕидови на хотелот. Плачев и работев“.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Anco иам едно вечито питање... дали се сеќааш кај Плоштад слобода дали постоеше некој солитер или така нешто? И дали тој се урнал?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
- на самиот плоштад мислам нема, да го замислиме сега тој плоштад
во средина круг со тревник како на овој плоштад во центарот М.Т.
е сега е Аце на тоа место. Значи околу тој тревник улица, кружен тек
па околу тоа згради во круг,кои повеќето ги нема освен стариот дом
на Градежните работници, ние го знаеме како кино градежните.
Има солитери на истата улица, но тие и сега се таму малку подалеку
од плоштадот. Еден назад накај „ Ловец“,еден напред до бул ЈНА.
Воопшто солитерите не се срушија за време на земјотресот, туку
најповеќе страдаа зградите од 4-5 ката ( и тоа оние без рам конст)
Побарај еден зиден календар сосем добро го има на една слика
овој плоштад ( доста бербери,имат вакви слики во своите дуќани)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
- на самиот плоштад мислам нема, да го замислиме сега тој плоштад
во средина круг со тревник како на овој плоштад во центарот М.Т.
е сега е Аце на тоа место. Значи околу тој тревник улица, кружен тек
па околу тоа згради во круг,кои повеќето ги нема освен стариот дом
на Градежните работници, ние го знаеме како кино градежните.
Има солитери на истата улица, но тие и сега се таму малку подалеку
од плоштадот. Еден назад накај „ Ловец“,еден напред до бул ЈНА.
Воопшто солитерите не се срушија за време на земјотресот, туку
најповеќе страдаа зградите од 4-5 ката ( и тоа оние без рам конст)
Побарај еден зиден календар сосем добро го има на една слика
овој плоштад ( доста бербери,имат вакви слики во своите дуќани)
МАлце ги помеша плоштадиве, Слобода е оној сеа кај што е карши ЈБТ. Додека оној големиот е мислам со друго име. И уште нешто ме интересира... Дали имаше солитери од типот на градски ѕид (13 катници - сосе мезанин).
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
МАлце ги помеша плоштадиве, Слобода е оној сеа кај што е карши ЈБТ. Додека оној големиот е мислам со друго име. И уште нешто ме интересира... Дали имаше солитери од типот на градски ѕид (13 катници - сосе мезанин).
плоштад Слобода
го викавме еден поширок реон,така да кажам- значи
улицата од Рубин кармин а карши е Путник кон млин Балкан,т.с. бул.ЈНА
сега натаму гимназијата Ј.Б.Т. а карши е едриличарскиот клуб
тој простор беше плоштад Слобода, пред земјотресот, дури и на оние стари
двокатни автобуси имаше табла „плоштад Слобода“
Мислам ова секој вака ќе го каже, е може да речеме некои да не знае за
плоштад на загинатите од фашизмот каде е зошто и малку или воопшто по
земјотресот не се спомнува по тоа име а и тој плоштад е во центар,
поточно во моето маало кај што сум живеел.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Мајмунот Мики
Зоолошката градина Скопје, на 26 јули 1963 година.
Поради немање на основни услови на живот и страв од епидемии се врши евакуација на неактивното население на Скопје,поточно сите деца до 15 годишна возраст, или вкупно 105.000 илјади лица-деца.
Во цела Југославија беа времено раселени децата на Скопје.За тоа повеќе ќе пишувам во темата за
Скопје „63 - сега овде се задржувам на нашата зоолошка градина.Сите ние деца на Скопје си имавме
љубимци во дел од животните и со нив соживеавме.Како и тиа да не познаваа.Одевме кај големиот слон и нилскиот коњ,лавовите и белите мечки. Но мајмуните ни беа љубов наша.Уште кога ќе влезевме во зоолошка градина од врата ги влечевме родителите за раце кон кафезите кон мајмуните,
го знаевме патот, а и тие како да не чекаа.Имаше стварно доста мајмуни,секакви од шимпанза до оние со голи-газови.Но ние си го сакавме најповеќе Мики. Мајмунот Мики.Разиграниот веселиот Мики.
Кога бевме по Југославија тие месеци ( јас бев во Марибор ) одвоени од родителите,нашиот контакт со нив ни беше преку писма.Телефони немаше, за посета беше далеку 1000 км.
Еве дел од едно писмо од едно скопјанче.
„ Здраво тато и мамо....јас сум добар, се чуствувам како дома, ама не урната дома...овде добро не примија... Како се животните во зоолошка градина,како е мајмунот Мики..“
Родителите му одговориле:
„ ...мораме да те разжалостиме, но мајмунот Мики настрада. За време на земјотресот преградниот ѕид се урнал и мајмунот се нашол во шепите на пумата која го изела..“
прочитајте повеќе за земјотресот во наредните 2 години во темата Скопје„63 год.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom