- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.139
- Поени од реакции
- 13.263
Се вратив од Скијатос дечки, па да напишам збор - два за местото и плажите, за да му се најдат на некој што допрва ќе оди.
**Градот Скијатос**
Градчето е убаво, ние бевме сместени во Мегали Амос (меѓу третата и четвртата автобуска станица), почетокот на улицата со дуќанчиња беше на 5 минути, а пристаништето на 10-12. Има една главна уличка со продавнички (магнети, сапуни, ташни/апостолки, рачни изработки, тобако итн), на неа има и таверни, и таа е поширока и пешачка зона (има и веспи чат пат), има уште една улица покрај пристаништето, на неа се повеќе ресторани, останатото е споредни улички. Уште првиот ден ќе ги прошетате сите и ќе ви се здосадат, ама интересно е секој пат на различно место ако седнувате, различна храна да пробувате и слично. Има две интересни места за шеткање, првото е едно како островче одма на пристаништето, другото е црквата после едни скали, од таму има убав поглед и може да гледате бесплатно проекција на филм (проекцијата е одма под црквава). Во градот се автобуските станици од 1-4 и од таму се фаќа автобус до плажите на западната (и централната) страна на островот. Цените за превоз ви се 1.6евра или 2евра во зависност за која плажа се работи (ако поминуваш повеќе од пола од вкупните станици 26 на број ти бараат 2 евра).
**Плажи**
Лаларија
На оваа плажа мора да се оди со брод. Постојат неколку тури, немојте да земате тура преку агенција ако одите секако со агенција, бидејќи дупло ќе ви ја наплатат, земете обавезно во приватна режија кај дечките навечер на пристаниште пред брод што рекламираат. Ако сакате можете да изберете Лаларија 3 часа и ниедна друга плажа тоа е 15 евра (можеби има простор за да се исценкате до 10 ако сте повеќе), може да изберете заедно со Кастро и Цугрија, а на Лаларија да сте 1 час/2 часа за истата цена. Може да ја искомбинирате со Скопелос и Мама Мија, јас оваа ја избрав и ќе ви пишам подоле искуство за целата тура, 20 евра беше. Може да избирате и други опции (5-6 брода се, со по 2-5 тури секој брод, и во 70% беше вклучена Лаларија). Плажата е со кристална вода, со каменчиња што се ништо посебно и појма немам зошто толку се дига фама околу тие камења, јас мислев некој дијамант форма имаат или кујзнае што, ама најобично камче е тоа. Има галеби да ви прават друштво на плажа, водата е веднаш длабоко, просечна температура е, светло сина - тиркизна боја, вреди да се види, не можам да кажам дека е најубава плажа на островот, дека секоја плажа си има некоја своја убавина (приказна), ама можеби таа нијанса на сино ја има само тука, па може да кажеме дека е плажа со најубава нијанса на сино на островот, па прво за неа пишувам. Дали вреди да се види и да се оди на турата? Дефинитивно да.
Мандраки
Ќе пишам второ за неа, бидејќи ме освои патчето по кое се оди за плажава. Се симнува човек на 23 или 24 автобуска станица (ние на 23) и се оди прво 1 минута низ нешто што било населено место, а личи како сцена од Чернобил, сите смештаи празни пропаднати, сите таверни затворени, се затворено пропаднато, изгледа короната го декласирала тотално местото и се е запуштено, не верувам дека во сезона во јули-август ќе процвета, ептен се беше празно. И тука почнува борова шума и патче кое трае 20 минути и се стига по него до 3 плажи. Најлевата е Мандраки. На плажата има лежалки комплет две и чадор за 8 евра (цел остров се 10 евра). Имате таверна на самопослужување, претежно има чипсови, кроасани, има и тост и пржен помфрит (ако ви е да преживеете). Плажата е многу долга, на левиот крај има нудисти. Водата е кристално чиста, нема никакви ѓубренца како и сите плажи на Скијатос, водата беше многу топла тука, плажата е песочна, и немам ништо што да се пожалам. Има вц и пресоблекувална, нема туш. Тоа што е магично на плажите на северната страна (оваа и следнава што ќе ја пишам) е тоа што има премалку луѓе, многу се мирни, прекрасни се, ја имате цела слобода за вас, бидејќи се огромни а премалку луѓе (после 6 останувате 20 луѓе на плажа што е 500 метра можеби).
Мандраки Елиас
На оваа плажа ќе завршите ако одите само право по патчето од 23 и не скршнувате лево за Мандраки од горе. Тука карактеристично е што 50 метра во “длабокото“ на вас уште водата ви е до колена, не знам дали има друга ваква плажа на островот. Во моментот кога престанувате да стоите на песокот, веќе луѓето на плажа ви се точки. Има таверна малку подобра од таверната на другата плажа, имате туш, пресоблекувална и вц. Има едно дрвче (остатоци од дрво) во песокот што е фотографирано. Исто на левиот дел има нудисти. Тука малку имаше некоја тревка и слој после 7 саат и тоа не ми се допадна, затоа првата ми беше подобра од Мандракиве. Лежалките беа 10 евра. Ако одите со кола не можете да одите по истиот пат, има и знак, освен ако се работи за сув 4х4 возило, има Сузуки Џими на островот се рентаат на секој чекор, а со обична кола ќе треба да кружите по патот од кај Агиа Елени и Крифи Амос.
Агиа Елени
Се симнувате на 25 станица и одите некој 10 минути или ако сте како Филип се симнувате на 26ка, поминувата Банана, доаѓате до мала Банана односно нудистичката и одите по едно ридче низ шума и трња да стигнете до Агиа Елени Не гледам зошто би го праевле ова, ама ако одите од мала Банана нагоре и сакате до Агиа Елени, кога ќе качите до широкото ќе имате 4 патеки, одете по третата од лева и за 5 минути сте на Агиа Елени, ако одите по првите 2 ќе ви станат непроодни по некое време, ако одите по четвртата ќе искружите многу и ќе излезете на патот дури (каде што е знакот за Крифи Амос), ако одите со кола игнорирајте ова. Плажава има едно место на десната страна како мини плажичка под карпа и таму имате цело време сенка и како сопствен влез, ние кога бевме немаше нудисти, други велат кога биле дека имало. Водата е прекрасна, проѕирна, чиста стакло, плажата песочна, има сопствено вц и бар. Крифи Амос за жал не бев, а се наоѓа на 800 метра од неа.
Банана бич
Ова е за големата банана што не е за нудисти, на нудистичката не бевме, иако поминавме покрај неа, има бар и нема гужва, убаво е морето, но тоа е се што можам да ви кажам за неа. Големата банана има сенки на претек, водата е стакло, во најдлабокото гледате доле како рибите си се пуштаат една на друго, гледаш под ноктите црно од чорапите што ти останало на палецот од ногата. Нереално, се беше проѕирно, комплексот исто е преубав со куќарки со базени за да стигнеш до плажата. Многу убаво место.
Кукунарес
Сите овие плажи нагоре треба некое одење да се удри ако се оди со автобус до нив, но Кукунарис е на минутка од самата автобуска станица 26 (последната). Плажата изобилува со сенка, но сенката не е во први редови, па ако не ви е проблем да сте малку повнатре (не на 1 метро од море) тогаш ќе си заштедите брдо пари кои ќе ги фрлате за лежалки. Водата е супер, чисто, организирана е, има се комплет. Можеби на оваа плажа има најмногу гужва, после градската Мегали Амос (локалци одат таму), ама гужвата е далеку од голема (од вкупно 5-6 реда лежалки, само првите 2 се полни, бар така беше сега средина на јуни значи).
Вромолимнос
До оваа плажа билет од градот е 1.6евра и мислам дека е најблиска плажа која е до центарот што е top quality. Прекрасна е, имате сенка на 2 метра од море, сенка од убави борови шуми (на средина кај локал што е како напуштена црква). Имате игралиште за одбојка, кафичи, соблекувални, вц, се што треба на една организирана плажа. Проблем е малку што е подалечку од автобуската станица, има добри 10 минути одење и тоа има и угорници. Песочна е плажата.
Колиос
Оваа плажа е најбиску до Вромолимнос, по ист пат се оди само за едната се скршнува лево за другата десно, ако се симнете на автобуската станица после Вромолимнос брзо ќе стигнете до Колиос. Плажава е чиста, ама не е со убав песок, бојата е темно сина, и може комотно да ја прескокнете. На оваа плажа само наидов на изобилио од расфрлани школки, така да тоа ми беше доста интересно да си собирам. Не е лоша плажата далеку од тоа, чиста е и се тоа, ама има многу поубави.
Агиа Параскеви
Веднаш до Колиос се наоѓа, подобра е бојата од Колиос, убава песочна плажа, ама не е толку добра и убава како другиве погоре, па и оваа може да се стави на маргините на изборот на плажи кои вреди да се посетат. Интересно тука е што на плажата има некое бариче, и има риби во него, и желки некогаш. Потоа наоколу има кози, крави, баш ко селце.
Мегали Амос
Градска плажа, првиот ден кога отидов беше чиста и бистра, само бојата беше мех ко во Охрид да си. Ама последниот ден кога отидов (дека најблиску) водата беше катастрофа, полна со ѓубре и плажата пливаше во ѓубре, пластични ќеси и отпадоци, цело време ненадејни бранови надоаѓаа. Одете на плажата само ако имате малку време и ви е да се избањате, иначе нема никаква логика цел ден на неа да посветите, најлоша ви е на островот веројатно, скокајте ја.
Кастани, Скопелос
Единствена плажа на која бевме на Скопелос, има сенка од карпите и боровата шума во добар дел од денот. Водата е бистра, со прекрасна боја, чиста, нема воопшто гужва, знае само да се поднаполни само брод кога остава вака патници еден саат на капење.
**Турата со брод**
Бродот требаше да тргне во 10:00 часот, тргна во 9:55, нема никаква евиденција колку патници има ниту колку луѓе треба да се чекаат (не ни чекаа некој). Имаше ситуација каде проаѓаа двајца пар и одеа на другиот брод, имале капар дадено 10 евра за друга тура, и тие дечките пред нашиов бро (Елизабет крузес) ги собираат им викаат ајде со нас најдобар брод е најинтересно е, овие им викаат дека дале веќе пари, ама од бродов им рекоа дека ќе дадат поефтина сума и плус минусирани тие 10 евра, само нека се качуваат, па така рендом си укрцуваа плус. Полн беше бродов, не знам дали секој имаше место да седи, ние си седевме на пластични седишта во средина. На почеток имаше одма негостопримлив гест, ги читаше луѓето и демек "we got people from italy, where are my italians", и италијаните на бродот еее нешто се јавуваа, и така за сите таму што наслушал дека има во бродот, нас не кажува последни (а 20 души мин од Македонија на бродов), и кажува "we got people from skopje, where are my skopians" и нормално штама, никој не отпоздравува. Во врска со турата, прво не остава сите на Кастани, и сега ако сакаш со автобус до Мама миа црквата на карпа од филмот и плажата, долпаќаш 10 евра, ако не сакаш те носи директно во Скопелос градот, каде што сите требаше да имаме 2 часа. Но на крај испадна дека во Скопелос тие што бевме во црквата имаа 1:15, а другите имаа по 2 часа, не беше проблем, ама не беше така кажано. Интересно беше на црквата, дека е баш на карпа, и има скали во карпата направени, од горе е убав поглед доста, не знам дали вреди за 10 евра, мртварење е малку патот со автобус кривини милион. Скопелос ко градче е многу покултурно од Скијатос, многу помалце дуќани иако островот е поголем, цените се тука горе доле, преубав сладолед јадевме ние, во топ5 во животот ми е. После тоа бродот прво застанува околу една пештера, а потоа и носи во близина на Мама миа карпата ама во морето па остава да се пробањате на отворено море 15 минути, ко дупло гледање за тие што веќе беа по копнен пат. И на крај турата завршува на Лаларија. Кога букиравме беше кажано имате бесплатни овошја и пиење, пиењето беше еден прст Метакса за сите да пробаат (прегрдо), а овошјето беше лубениа парчиња мали. Океј, ништо спектакуларно, целодневна тура од 10 до 19:00, вреди за 20+10 според мене, највише добиваш во споредба со другите тури.
**Храна и пазарење**
Гиро цените се движеа од 3.5 до 4. Доста убаво ми беше гирото од Black Sheep за 3.5 евра. За пазарење пазарете само од Керфур (или бивши Керфур појма немам) супермаркет што се наоѓа на автобуската станица 3. Цените се многу поефтини во споредба со другите супермаркети и продавнички на островот, гумени бомбони знам 2.5е беа во другите, тука беа 0.97. Леб 1.3е голем 500грама, млеко 0.8, кокошка печена готова за 6-7е, свежи лиснати пицички секој ден 1-2евра идеални за носење за на плажа, води пакет(6) 1.3-1.4, пиво лименка 0.5 околу 1е зависи кое. Благи и сладолед јадете обавезно од слаткарницата Карамела на улицата со продавнички, колачот е 3е и е преубав, сладолед е 2е и е преубав, јас манго и ред драгон (лубеница) јадев и предобри беа. Една погоре пофенси делуваше за сладоледи 2.5е топка, ама и двете топки беа крш.
Траектите на Анес беа доста помали, единствените седишта беа надвор, обични неудобни клупи. Тракетите на Хеленик беа бајги големи, два ката беа со простории климатизирани внатрешни со сепариња и барови, а горнтие два ката беа со надворешни простории и клупи на кој никој не седеше (спарно беше), внатре е убаво.
Се надевам дека доста ви доловив, пишете ми што и да ве интересира друго или имате прашања, тука или во пп.

Последно уредено: