Се става скаричето во кола ... столчињата , масата се товараат. Одам ги собирам другарите. Влегуваме во месарница ... зимаме ќебапчиња , плескавици , стекови , ражничиња , вешалици. Одиме и до пазар. Патлиџанчиња , краставичиња. Успат едно гајбиче пиво. Стасуваме на Велешко Езеро. Се паркираме на прва плажа и се истовараме. Удараме по едно пиво со браќата за загревање и влегуваме у езерото да се изладиме. Испаѓаме. Правиме салатиче и почнуваме да мезиме. Мезиме шо мезиме време е за скарава. Ја палиме скарава и почнуваме да ја пафтаме. Цела прва плажа димници. Фаќаме месово го ставаме на скарава и кога ќе направи ''чшшшшшш'' срцево на место ти иде. Уз правење скара нормално пак удараш по некое пиво. Се чадиш од димот смрдиш корнеш , ама ако - убаво ти е. И конечно скарата е готова. Се поставува масата. Лепчињата се потпечени од скатата. Од колата пука музика , а ти јадеш скара , пиеш пиво , салатиче , кромидче мх мх мх мх. После ручекот зимаш столчињата ,влегуваш во вода и си седнуваш. Нормално притоа маваш пиво. И го гледаш времето полека пополека се стемнува. Зимаш масата , столчињата , скарата ги буташ у кола. Се враќате дома. Сите сте среќни. Шемава е закон. Ја утепавме од правење минатата година.
