DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.860
- Поени од реакции
- 5.716
Дечки, ај да пробаме да анализираме:
1. Играат серва, и очигледно е дека Седлоски ненамерно, во жар на играта, го удри Попов со копачка по главата, и не му текна да прекине и да се извини.
2. Попов револтиран сакаше да се откаже од тренингот, овој изгледа му „наредуваше“ да се врати, а Попов тогаш дури му викаше „ќе ти дадам 200 евра, ама не играм“
3. Тука капитенот избувна, т.е. Наумоски прв тргна, а испровоцираниот Седлоски (капитенот не би требало да избувнува така, туку треба да ја среди ситуацијата) му удри шамар на Попов.
Секоја чест за сите оние кои се обидуваа да ја „средат“ работата.
Заклучок:
Немаше да дојде до ваков инцидент доколку Седлоски веднаш не се извинеше (да подаде рака или сл.)
Попов не смееше да реагира како навредено дете кога игра фудбал во маалото. Наумоски е за секоја осуда. Тој, сепак, прв тргна да се тепа.
Било што било, се е веќе готово...
Сега Јонуз треба да се покаже како педагог и авторитет (во што се сомневам).
Мора веднаш да ја среди ситуацијава, да ги смири односите во репрезентацијата, и сета енергија на фудбалерите да ја канализира и насочи на утрешниот натпревар.
А, казните за сите учесници во оваа лакрдија мора да стигнат од веќе оддамна исвираната ФФМ.
немој и ти како Јонуз во жар на играта, па главата ќе му ја скинеше ... Попов многу јасноо загрижен да не заработи глупава и наивна повреда што ќе го оддалечи од најважниот и најпосакуваниот натпревар во кариерата до сега, се повлекува коректно.... е тука господинот "капитен" почнува да изиграва авторитет и да му се издерава и да го провоцира очигледно и затоа овој вика ќе ви дадам 200 евра ама не играм толку од менее.. е тука на помош доаѓа и Илчо кој шо сака своја правда да делиии...
штета е се ова што ќе заврши без апсолутно никаква завршница сигурен сум во тоааа.... најмалку што може Јонуз е утре да му ја земе капитенската лента на Седловски и да му ја даде на некој друг...
и џабе сите зборат и пишуваат тука дека ќе биде исвиркуван Седловски коа утре ќе скандираат Седловски Гоце како на секоја утакмица ц ц ц ц