Скандали во ракометната репрезентација

Статус
Затворена за нови мислења.

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Sramota, golema sramota.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Па ќе пукне тиквата, јасно е дека работите беа далеку од добри. Еве го пастирам текстот од линкот на ФлоуБТ:

РАКОМЕТ - ПО СКАНДАЛИТЕ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ НА СП
Мојсовски се откажува од репрезентацијата!?
Бекот уште во Задар најави дека ќе замине поради многуте лоши потези на селекторот

За следните квалификациски натпревари за ЕП 2010 година, ракометната репрезентација на Македонија можеби ќе биде без најдобриот плејмејкер, Наумче Мојсовски. Разочаран од случувањата во репрезентацијата уште во Задар, по поразот од Србија, во неофицијалните разговори тој најави дека размислува да се повлече од играњето во националниот тим. Причината не сакаше да ја открие, но, „меѓу редови“, лут е на селекторот за многуте лошо повлечени потези.По објавувањето на инцидентот во Вараждин, во кој, според Темелковски, бил удрен од Стојановиќ, а овој врати со обвинување дека не можел финансиски ништо да му понуди па затоа селекторот форсирал други играчи, напукна идиличната слика за националниот тим. Потоа тргна лавина од коментари за лошото водење на репрезентацијата од Темелковски и за форсирањето некои играчи.

ПРОБЛЕМИТЕ ПОЧНАЛЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Недоразбирањата во репрезентацијата, меѓу дел од играчите и селекторот, почнале уште на турнирот во Швајцарија. Тогаш имало конфликт помеѓу Наумче Мојсовски и Илија Темелковски, бидејќи по барање на некои играчи во репрезентацијата требало средниот бек да биде заменет од игра. По мечот Мојсовски му „сржал“ на Темелковски, кој потоа ретко менуваше нешто во играта и го остави Мојсовски да игра.Причината на евентуалното откажување на Наумче Мојсовски веројатно е што брат му Златко, кој игра на десно крило, не влезе во потесниот избор за СП. На таа позиција како второ крило беше Александар Јовиќ, кој играше само на три средби, со вкупно 12 минути на терен. Од друга страна, дури и репрезентативците неколкупати му сугерирале на Кире Лазаров дека е лошо што селекторот почнува повеќе да го форсира неговиот брат.

НЕМА ПРИЈАВА ПРОТИВ СТОЈАНОВИЌ

Илија Темелковски најави дека ќе покрене дисциплинска постапка против Радослав Стојановиќ, но вчера немаше доставено до архивата на РФМ. Ниту од РФМ има официјално соопштение за случајот! Ѕвонко Шундовски, помошникот на селекторот Илија Темелковски, кој беше посочен како сведок на инцидентот меѓу Темелковски и Стојановиќ, не сака да коментира ништо.

- Немам коментар за тоа. Едноставно не сакам ништо да зборувам. Во моменти на ваков успех не треба да има вакви работи - изјави Шундовски.Голманот Петре Ангелов, вели дека го видел моментот кога Стојановиќ и Темелковски се поздравиле.

- Дали имаше удар, точно не видов. Се враќавме од мечот со Германија. Темелковски потоа му рече „Раде, Раде“, но не знам дали имаше удар - вели Ангелов.Единствениот сведок што се совпаѓа во изјавите на Темелковски и Стојановиќ е психологот на репрезентацијата Ленче Алексовска. Во изјавите на двајцата, таа видела што се случило, но вчера беше недостапна за коментар.










 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Е ај сега на кого да веруваш :toe: ...тоа е се надевам ќе се средат страстите,како и да е не го сакам Филип Л во селекцијата :tapp:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Причината за евентуалното откажување на Наумче Мојсовски веројатно е што брат му Златко, кој игра десно крило, не влезе во потесниот избор за СП.

До кога со таквиот менталитет? :tapp:
Селекторот е ОДГОВОРЕН ЗА ИГРАЧИТЕ и самите играчи треба да ги ПОЧИТУВААТ одлуките на селекторот.
Во овој случај Темелков е многу подобар и со право му го зема местото на Златко.
Ако се земе фактот дека и Јовиќ поради своите години ќе ја напушти екипата тогаш Златко сигурно ќе биде вратен.
Меѓутоа Наумче не е во право и тој НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША ВО ОДЛУКИТЕ НА СЕЛЕКТОРОТ само поради фактот дека се работи за негов брат!!!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Епа нормално бе луѓе кога може Кире Лазаров да уценува зашто тоа да не го прави и мојсовски и да докаже дека немаме селктор туку марионета.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Не ни се допаѓа како го водеше тимот, имаш проблем со тоа?

Сите јавни личности се подложни на јавна критика. Затоа го коментираме и Катанец, и Темелковски... Наше право, како навивачи е да бидеме или не бидеме задоволни, и да го кажеме нашето мислење. Спортот се игра за навивачите, да не беше така трибините ќе беа празни. Не знаеме повеќе од нив, но знаеме дека има подобри од нив. Затоа не ни држи лекции и не не просветлувај со твоето мислење, спортот е таков: спортистите играат, а навивачите кометнираат.

Треба ли да бидеме задоволни што имаме селектори на кои друг им го крои составот? Треба ли да бидеме задоволни што докажани играчи не се во составот кога најмногу ни требаат, а играат класа послаби играчи од нив? Треба ли да бидеме задоволни што со ваквиот избор, еден куп играчи грееја клупа додека другите се повредуваа и немаа сила да го завршат турнирот. Треба ли да бидеме задоволни што играчите не ни се враќаат назад после загубена топка (еднаш е нивна вина, ама ако тоа го прават цел турнир, чива е?). Треба ли да бидеме задоволни што упорно се форсираа играчи на кои не им оди?

Ако си ти задоволен ОК. Не има многу кои не сме. Фино е што си бил задоволен ако после тајмаутот сме даделе гол, без разлика што таму басни им раскажуваше селекторот. Само колку голови дадовме после тај-маути, и дали некогаш ја свртивме играта во наша корист?

Овој селектор неодоливо потсетува на Андон Дончевски, кој на фудбалерите на полувреме им вадеше слики од Гоце Делчев и Даме Груев, и им викаше: “Ајде патриоти!“. Се е тоа супер, мотивација на ниво. Ама за играта некој нешто да кажеше...?

ЕДИТ:

Савески и Магдинчев.
Koга веќе ме цитираш ајде, ке си попраиме муабет.

Спортот не се игра за навивачите, те молам немој такви 10 божји заповеди и етички правила слушнати од телевизија да ми збориш.
И да има и да нема навивачи спортот пак ке се игра.

Спортот се игра за победа, за трофеи, за медаљи тоа е крајната цел на секој спорт.

Филмовите и циркузот е за навивачите и фановите за да се забавуваат.

Се гледа дека не ме пратиш на форумов и дека не ги гследиш моите коментари ама нема везе не си обврзан да ме читаш.

Јас НЕ сум задоволен од селекторот, јас НЕ сум задоволен од конечниот пласман.

Ама јас да солам памет и после завршувањето да се правам паметен што требал да направи селекторот и слично џабе ти е, тоа е веќе минато.

Јас лично Темелковски не го сакам и мислам дека не е за нашата клупа, ама што треба да се направи?

Да се продолжи циркусот што трае веќе цела деценија со секоја година менување нов селектор?

Непобитен е фактот дека Темелковски го направи тоа што многу позвучни имиња и луге пред него не успеаа.

Истите тие селектори играа против Исланд и беа згазени, Темелковски успеа да ги елиминира.
Играчите беа горе доле исти, многу малку се сменија.

Заткулисните игри ги имало, ги има и ке ги има сакал ти или нејќел.
Ние обичните луѓе никогаш нема точно да дознаеме што се десило со Стојановиќ, дали го удрил или не...исто како што нема да дознаеме дали Александар Македонски умрел од маларија или го предале.
Или дали Гоце Делчев стварно бил предаден и слично.

Фактот дека Темелковски постигна успех и тоа неможеме да го смениме.

...а твојот Магдинчев ако не се лажам последен пат беше тренер негде на Блискиот исток така да тоа докажува за неговите квалитети.
Го слушав на Сител за време на преносите, понеписмен човек и понедоискажан јас не сум сретнал ни слушнал.

И мојот фаворит Савевски еве го долго време е без работа, да бил толку добар ке го земеше некој.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Причината за евентуалното откажување на Наумче Мојсовски веројатно е што брат му Златко, кој игра десно крило, не влезе во потесниот избор за СП.

До кога со таквиот менталитет? :tapp:
Селекторот е ОДГОВОРЕН ЗА ИГРАЧИТЕ и самите играчи треба да ги ПОЧИТУВААТ одлуките на селекторот.
Во овој случај Темелков е многу подобар и со право му го зема местото на Златко.
Ако се земе фактот дека и Јовиќ поради своите години ќе ја напушти екипата тогаш Златко сигурно ќе биде вратен.
Меѓутоа Наумче не е во право и тој НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША ВО ОДЛУКИТЕ НА СЕЛЕКТОРОТ само поради фактот дека се работи за негов брат!!!

Ова веројатно го кажа новинарот во весникот.Тоа не значи дека е така, тоа си е негово мислење. Проблемите се многу подлабоки во репрезентацијата. Ќе се јават уште играчи кои ќе покажат незадоволство без разлика дали имаат браќа или не.

Како и да е, за прашањето околу Златко: мое мислење е дека тој не е калибар за репрезентација. Ама на негово место беше земен 36 годишен, тромав играч кој одигра 12 минути! Златко може далеку подобро од тоа. Ама Златко е од Вардар, а Јовиќ од Металург. Ако уште не ви е јасна шемата...

А на местото на Раде, кој не сакаше во Металург, се земени еден куп играчи на Металург.

Јасно им е на сите веќе како се прави списокот и затоа, ова е само почеток. И на репрезентативците, колку и да се задоволни со 11 место, јасно им е дека можеше многу подобро, ако се повикаа подобри играчи на критични места. Ако имавме селектор со одврзани раце да направи репрезентација, ќе имавме и поголем успех.

Koга веќе ме цитираш ајде, ке си попраиме муабет.

Спортот не се игра за навивачите, те молам немој такви 10 божји заповеди и етички правила слушнати од телевизија да ми збориш.
И да има и да нема навивачи спортот пак ке се игра.


Спортот се игра за победа, за трофеи, за медаљи тоа е крајната цел на секој спорт.

Филмовите и циркузот е за навивачите и фановите за да се забавуваат.

Се гледа дека не ме пратиш на форумов и дека не ги гследиш моите коментари ама нема везе не си обврзан да ме читаш.

Јас НЕ сум задоволен од селекторот, јас НЕ сум задоволен од конечниот пласман.

Ама јас да солам памет и после завршувањето да се правам паметен што требал да направи селекторот и слично џабе ти е, тоа е веќе минато.

Јас лично Темелковски не го сакам и мислам дека не е за нашата клупа, ама што треба да се направи?

Да се продолжи циркусот што трае веќе цела деценија со секоја година менување нов селектор?

Непобитен е фактот дека Темелковски го направи тоа што многу позвучни имиња и луге пред него не успеаа.

Истите тие селектори играа против Исланд и беа згазени, Темелковски успеа да ги елиминира.
Играчите беа горе доле исти, многу малку се сменија.

Заткулисните игри ги имало, ги има и ке ги има сакал ти или нејќел.
Ние обичните луѓе никогаш нема точно да дознаеме што се десило со Стојановиќ, дали го удрил или не...исто како што нема да дознаеме дали Александар Македонски умрел од маларија или го предале.
Или дали Гоце Делчев стварно бил предаден и слично.

Фактот дека Темелковски постигна успех и тоа неможеме да го смениме.

...а твојот Магдинчев ако не се лажам последен пат беше тренер негде на Блискиот исток така да тоа докажува за неговите квалитети.
Го слушав на Сител за време на преносите, понеписмен човек и понедоискажан јас не сум сретнал ни слушнал.

И мојот фаворит Савевски еве го долго време е без работа, да бил толку добар ке го земеше некој.
За болдираното ајде:

Спортот не се игра за навивачите? На која планета живееш?

Него нема везе. Прееска ни се истури тука зошто сме коментирале. На форум сме да му се невиди, тоа се прави тука. Ако не ај да молчиме и да го затвориме форумов.

Што да се направи? Да се промени со некој подобар. И да се тргнат лешинарите што форсираат свои играчи. Да го остават селекторот да работи.

Постигна успех, а можеше и поголем, да имаше саглам играчи во втората фаза. Една победа со Норвешка да остваревме и со Србите погоди како ќе беше?

Магдинчев пред тоа беше тренер во Франција. Незнам каде е сега ама човекот знае како се работи во професионална средина. И Савевски ми се допаѓа, покажа карактер дека никој не може да го зеза, па го избркаа. Истите овие лешинари претпоставувам. Кај нас полтрони сакаат, да прават како што ќе им се каже.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Во право си за Савевски...успеа радуловиќ да го избрка пред ЕП а одигра мизерни 5 минути на истото :tapp: Трифун попушти и го шутнаа за после сам Трифун да си замине...глупост до глупост
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ова веројатно го кажа новинарот во весникот.Тоа не значи дека е така, тоа си е негово мислење. Проблемите се многу подлабоки во репрезентацијата. Ќе се јават уште играчи кои ќе покажат незадоволство без разлика дали имаат браќа или не.

Како и да е, за прашањето околу Златко: мое мислење е дека тој не е калибар за репрезентација. Ама на негово место беше земен 36 годишен, тромав играч кој одигра 12 минути! Златко може далеку подобро од тоа. Ама Златко е од Вардар, а Јовиќ од Металург. Ако уште не ви е јасна шемата...

А на местото на Раде, кој не сакаше во Металург, се земени еден куп играчи на Металург.

Јасно им е на сите веќе како се прави списокот и затоа, ова е само почеток. И на репрезентативците, колку и да се задоволни со 11 место, јасно им е дека можеше многу подобро, ако се повикаа подобри играчи на критични места. Ако имавме селектор со одврзани раце да направи репрезентација, ќе имавме и поголем успех.
Знаеш што, пак не ме разбираш. Треба играчите како ИГРАЧИ да ги почитуваат одлуките на Селекторот. НЕ МОЖЕ НАУМЧЕ ДА СЕ ЛУТИ ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА БРАТ МУ НЕ ИГРА.
Тоа е македонскиот менталитет и проблем поради кои се јавуваат проблеми. ТОА Е РАБОТА НА СЕЛЕКТОРОТ.
Сигурно дека селекторот намерно не го оставил во Скопје.
Тоа што можеби ТРЕБАЛО да го земе е друга работа АМА СВАТЕТЕ
дека играчите не смеат да се мешаат во одлуките, селекторот има назив на СЕЛЕКТОР да одбира играчи!!!

ПС. Затоа ќе тоне спортот во Македонија поради нискиот начин на размислување.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Знаеш што, пак не ме разбираш. Треба играчите како ИГРАЧИ да ги почитуваат одлуките на Селекторот. НЕ МОЖЕ НАУМЧЕ ДА СЕ ЛУТИ ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА БРАТ МУ НЕ ИГРА.
Тоа е македонскиот менталитет и проблем поради кои се јавуваат проблеми. ТОА Е РАБОТА НА СЕЛЕКТОРОТ.
Сигурно дека селекторот намерно не го оставил во Скопје.
Тоа што можеби ТРЕБАЛО да го земе е друга работа АМА СВАТЕТЕ
дека играчите не смеат да се мешаат во одлуките, селекторот има назив на СЕЛЕКТОР да одбира играчи!!!

ПС. Затоа ќе тоне спортот во Македонија поради нискиот начин на размислување.
Епа неможе така :nenene: се спотистави Саввски доби отказ...ако имало притисоци нека кажел Темелковски па и по цена на отказ...неможе да прават мајмуни од нас :tapp: затоа Катанец го поштувам кога го прати Заховиќ дома кога му се правеше паметен
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
За ова све коментирав уште пред доаѓањето на македонските ракометари во Скопје.

Незнам зошто го мешате Кире. Од мој извори тврдам дека Кире нема никакво влијание врз тоа кој ке игра за репрезентација.
Единствениот кој го форсира Филип Лазаров во репрезентацијата е Звонко Шундовски и Минчо Јордановски.

Шундовски е пиунче на Минчо. Минчо финансиски ги покрива СИТЕ трошоци на репрезентацијата и на РК Металург.
Па и логично е тоа дека тој го има главниот збор во репрезентацијата.
Филип Лазаров игра за Металург.
Дотолку приметивте, баш во Хрватските медуими се пишуваше "Браќата Лазарови го свртеа резултатот"....сакам да кажам дека како брат на Кире, сите големи екипи го следат играњето на Филип. А очигледно потегот на Минчо да го форсира играњето на Филип е исклучиво да го продаде во некоја јака екипа и да заработи пари.

Од Филип Лазаров произлегоа сите проблеми кој се случуваат сега, сакале да признаеме или не.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Знаеш што, пак не ме разбираш. Треба играчите како ИГРАЧИ да ги почитуваат одлуките на Селекторот. НЕ МОЖЕ НАУМЧЕ ДА СЕ ЛУТИ ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА БРАТ МУ НЕ ИГРА.
Тоа е македонскиот менталитет и проблем поради кои се јавуваат проблеми. ТОА Е РАБОТА НА СЕЛЕКТОРОТ.
Сигурно дека селекторот намерно не го оставил во Скопје.
Тоа што можеби ТРЕБАЛО да го земе е друга работа АМА СВАТЕТЕ
дека играчите не смеат да се мешаат во одлуките, селекторот има назив на СЕЛЕКТОР да одбира играчи!!!


ПС. Затоа ќе тоне спортот во Македонија поради нискиот начин на размислување.
Те разбирам, него ти не ме разбра. Тоа не е единствена причина за која се лути. Има повеќе проблеми и ќе излегуваат на површина секој ден.

И точно, селекторот е тој што бира играчи. Кај нас не е таков случајот и затоа има вакви работи.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
За жал тоа е македонскиот синдром, мора после тоа да има некоја фрка.
Едноставно мора се да има позадина, секој секого да поткопа, да се прават кланови и слично.

Затоа многу ретко постигнуваме успеси, или па тоа се некои поединечни кои што после ке бидат заборавени и ке дојдат серија разочарувања.

...мора да се смени менталитетот на народот...

За одлуките на селекторот при изборот на играчи освен Стојановиќ, немам никаква забелешка. Без разлика дали Минчо или Шундо или било кој ги повикал.
Тие се моментално најдоброто што го имаме.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
ова не иде на добро,вакви работи не смеат да се случуваат,никој ама баш никој нема право да се меша во работата на селекторот и неговите замисли или шо и да се,па колку и да не им се допаќаат тие на некои,времето ќе покаже дали бил у право или не,ако бил добро секоја чест ако не фајронт шефе не те бива има други кои би напраиле подобро,наумче нема право да збори така или да се лути зошто брат му не бил у репрезентација.тој си има своја задача темелковски своја.за стојановиќ нз стварно што да кажам и на кого да верувам.ако сите овие скандали се случуваат откако освоивме 11 место-замислете што се би се случело да не се пласиравме у втората фаза.ќе сме се обрукале пред цел свет.и стварно е чудо како успеале ракометарите при такви нервози што се стварале да освојат 11 место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom