Bratot
Стоик и Машкртник!
Sramota, golema sramota.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Koга веќе ме цитираш ајде, ке си попраиме муабет.Не ни се допаѓа како го водеше тимот, имаш проблем со тоа?
Сите јавни личности се подложни на јавна критика. Затоа го коментираме и Катанец, и Темелковски... Наше право, како навивачи е да бидеме или не бидеме задоволни, и да го кажеме нашето мислење. Спортот се игра за навивачите, да не беше така трибините ќе беа празни. Не знаеме повеќе од нив, но знаеме дека има подобри од нив. Затоа не ни држи лекции и не не просветлувај со твоето мислење, спортот е таков: спортистите играат, а навивачите кометнираат.
Треба ли да бидеме задоволни што имаме селектори на кои друг им го крои составот? Треба ли да бидеме задоволни што докажани играчи не се во составот кога најмногу ни требаат, а играат класа послаби играчи од нив? Треба ли да бидеме задоволни што со ваквиот избор, еден куп играчи грееја клупа додека другите се повредуваа и немаа сила да го завршат турнирот. Треба ли да бидеме задоволни што играчите не ни се враќаат назад после загубена топка (еднаш е нивна вина, ама ако тоа го прават цел турнир, чива е?). Треба ли да бидеме задоволни што упорно се форсираа играчи на кои не им оди?
Ако си ти задоволен ОК. Не има многу кои не сме. Фино е што си бил задоволен ако после тајмаутот сме даделе гол, без разлика што таму басни им раскажуваше селекторот. Само колку голови дадовме после тај-маути, и дали некогаш ја свртивме играта во наша корист?
Овој селектор неодоливо потсетува на Андон Дончевски, кој на фудбалерите на полувреме им вадеше слики од Гоце Делчев и Даме Груев, и им викаше: “Ајде патриоти!“. Се е тоа супер, мотивација на ниво. Ама за играта некој нешто да кажеше...?
ЕДИТ:
Савески и Магдинчев.
Причината за евентуалното откажување на Наумче Мојсовски веројатно е што брат му Златко, кој игра десно крило, не влезе во потесниот избор за СП.
До кога со таквиот менталитет?
Селекторот е ОДГОВОРЕН ЗА ИГРАЧИТЕ и самите играчи треба да ги ПОЧИТУВААТ одлуките на селекторот.
Во овој случај Темелков е многу подобар и со право му го зема местото на Златко.
Ако се земе фактот дека и Јовиќ поради своите години ќе ја напушти екипата тогаш Златко сигурно ќе биде вратен.
Меѓутоа Наумче не е во право и тој НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША ВО ОДЛУКИТЕ НА СЕЛЕКТОРОТ само поради фактот дека се работи за негов брат!!!
Koга веќе ме цитираш ајде, ке си попраиме муабет.
Спортот не се игра за навивачите, те молам немој такви 10 божји заповеди и етички правила слушнати од телевизија да ми збориш.
И да има и да нема навивачи спортот пак ке се игра.
Спортот се игра за победа, за трофеи, за медаљи тоа е крајната цел на секој спорт.
Филмовите и циркузот е за навивачите и фановите за да се забавуваат.
Се гледа дека не ме пратиш на форумов и дека не ги гследиш моите коментари ама нема везе не си обврзан да ме читаш.
Јас НЕ сум задоволен од селекторот, јас НЕ сум задоволен од конечниот пласман.
Ама јас да солам памет и после завршувањето да се правам паметен што требал да направи селекторот и слично џабе ти е, тоа е веќе минато.
Јас лично Темелковски не го сакам и мислам дека не е за нашата клупа, ама што треба да се направи?
Да се продолжи циркусот што трае веќе цела деценија со секоја година менување нов селектор?
Непобитен е фактот дека Темелковски го направи тоа што многу позвучни имиња и луге пред него не успеаа.
Истите тие селектори играа против Исланд и беа згазени, Темелковски успеа да ги елиминира.
Играчите беа горе доле исти, многу малку се сменија.
Заткулисните игри ги имало, ги има и ке ги има сакал ти или нејќел.
Ние обичните луѓе никогаш нема точно да дознаеме што се десило со Стојановиќ, дали го удрил или не...исто како што нема да дознаеме дали Александар Македонски умрел од маларија или го предале.
Или дали Гоце Делчев стварно бил предаден и слично.
Фактот дека Темелковски постигна успех и тоа неможеме да го смениме.
...а твојот Магдинчев ако не се лажам последен пат беше тренер негде на Блискиот исток така да тоа докажува за неговите квалитети.
Го слушав на Сител за време на преносите, понеписмен човек и понедоискажан јас не сум сретнал ни слушнал.
И мојот фаворит Савевски еве го долго време е без работа, да бил толку добар ке го земеше некој.
Ова веројатно го кажа новинарот во весникот.Тоа не значи дека е така, тоа си е негово мислење. Проблемите се многу подлабоки во репрезентацијата. Ќе се јават уште играчи кои ќе покажат незадоволство без разлика дали имаат браќа или не.
Како и да е, за прашањето околу Златко: мое мислење е дека тој не е калибар за репрезентација. Ама на негово место беше земен 36 годишен, тромав играч кој одигра 12 минути! Златко може далеку подобро од тоа. Ама Златко е од Вардар, а Јовиќ од Металург. Ако уште не ви е јасна шемата...
А на местото на Раде, кој не сакаше во Металург, се земени еден куп играчи на Металург.
Јасно им е на сите веќе како се прави списокот и затоа, ова е само почеток. И на репрезентативците, колку и да се задоволни со 11 место, јасно им е дека можеше многу подобро, ако се повикаа подобри играчи на критични места. Ако имавме селектор со одврзани раце да направи репрезентација, ќе имавме и поголем успех.
Епа неможе така :nenene: се спотистави Саввски доби отказ...ако имало притисоци нека кажел Темелковски па и по цена на отказ...неможе да прават мајмуни од насЗнаеш што, пак не ме разбираш. Треба играчите како ИГРАЧИ да ги почитуваат одлуките на Селекторот. НЕ МОЖЕ НАУМЧЕ ДА СЕ ЛУТИ ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА БРАТ МУ НЕ ИГРА.
Тоа е македонскиот менталитет и проблем поради кои се јавуваат проблеми. ТОА Е РАБОТА НА СЕЛЕКТОРОТ.
Сигурно дека селекторот намерно не го оставил во Скопје.
Тоа што можеби ТРЕБАЛО да го земе е друга работа АМА СВАТЕТЕ
дека играчите не смеат да се мешаат во одлуките, селекторот има назив на СЕЛЕКТОР да одбира играчи!!!
ПС. Затоа ќе тоне спортот во Македонија поради нискиот начин на размислување.
Знаеш што, пак не ме разбираш. Треба играчите како ИГРАЧИ да ги почитуваат одлуките на Селекторот. НЕ МОЖЕ НАУМЧЕ ДА СЕ ЛУТИ ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА БРАТ МУ НЕ ИГРА.
Тоа е македонскиот менталитет и проблем поради кои се јавуваат проблеми. ТОА Е РАБОТА НА СЕЛЕКТОРОТ.
Сигурно дека селекторот намерно не го оставил во Скопје.
Тоа што можеби ТРЕБАЛО да го земе е друга работа АМА СВАТЕТЕ
дека играчите не смеат да се мешаат во одлуките, селекторот има назив на СЕЛЕКТОР да одбира играчи!!!
ПС. Затоа ќе тоне спортот во Македонија поради нискиот начин на размислување.