Си купив книга

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.213
Поени од реакции
26.285
Ретко пишувам што книги сум купил ама сега едноставно морам. Дваесет и пет години чекав да ја соберам оваа колекција, од кои десет години помеѓу првиот и вториот дел од последниот том. Замисли да си на чекор до целта во 2015та, а да завршиш тек 2025та. Дваесет и пет години помеѓу првата и последната книга, десет години помеѓу претпоследната и последната. Причината за ова чекање лежи во издавачите, дури 4 на број (Зупрес, Три, Магор, Фондација Ѓорѓи Марјановиќ) од кои првите три се зафаќаа за овој проект, завршуваа дел, па ја префрлаа топката на следниот не можејќи да си ја завршат задачата, за да конечно Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ именувана по покојниот професор на правен факултет кој воедно е и преведувачот на книгата конечно да ја оконча и комплетира печатејќи го вториот дел од "Пронајденото Време" или книга број 13, кој во овој случај се покажа баксузен. И ете, денес, еден ден после официјалната промоција на последната 13та книга може да го затворам и ова поглавје и да кажам дека во целост на македонски јазик ја поседувам една од најдолгите книги на сите времиња, а посекако најдолгата од ремек-делата или поинаку кажано од книгите што можат да се наречат врвни во литературата. Набоков ја ставил на второ место во најдобрите книги на 20 век веднаш позади Улис.

А што е живот ако не е полн со иронија. Во Потрага по Загубеното Време. Време од 25 години.

13.jpg

113.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.610
Поени од реакции
38.949

Прегледај го приврзокот 448176

Прегледај го приврзокот 448177
А од каде ја купи 13? Ја има по книжарници?

Мене ми фали и бр. 3. :(
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.213
Поени од реакции
26.285
А од каде ја купи 13? Ја има по книжарници?

Мене ми фали и бр. 3. :(
Книгата е издадена од Фондација Ѓорѓи Марјановиќ која е хуманитарна организација и поради тоа се нарачува само онлајн од кај нив преку донација во добротворни цели од минимум 500 денари.

Ова е линкот:

и треба да притиснеш горе десно во Донирај, не долу во Нарачај.

Инструкции за нарачување
Оваа книга како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ не се продаваат на „традиционален“ начин туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од нашите стратешки определби.

За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето ДОНИРАЈ во горниот десен агол, внесете износ според ваша желба и потоа, по внесување на вашите податоци во полето „Белешки за нарачката“ задолжително наведете гo насловот на книгата.

Забелешка: Можете да донирате износ по ваш избор но не помал од 500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 120 денари. За испорака надвор од Македонија, ве молиме контактирајте нé претходно.

Ама сепак прво јави се на бројот 076 406 996 за дополнителни информации затоа што не знам дали треба 120 денари за достава да се додадат во донацијата или се плаќаат на лице место при испорака. Јас лично ја подигнав што не им е пракса, ама замолив и ми излегоа во пресрет.
 
Член од
15 април 2025
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo, mozhebi ne e ovde mestoto da se prasa no me interesira dali nekoj znae nekoj dobar sajt kade sto moze da se naracaat knigi no so sigurnost da stignat vo MK? Awesomebooks go probuvam vise 2-3 pati i sekoj pat knigite zavrshuvaat lost in transit i ne stigaat :/ (Vo makedonija ne uspevam da najdam toa sto sakam da kupam)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom