Звучиш како бабите кои ја подржуваат синхронизацијата, ниеден млад човек не би го одобрил тоа.
Еве јас сум млад човек и ја одобрувам синхронизацијата.
Споредуваш земји како Германија и Франција каде синхронизацијата е воведена од пред еден век и каде луѓето немаат време да се бават со гледање телевизија, за разлика од една мала земја како нашата каде постои голем процент на сиромашни, прости и невработени луѓе кои денот го сведуваат на гледање телевизија ?
Каква врска има тоа што синхронизацијата е воведена кај нив пред сто години. Тоа им дава право тие да ја имаат, а ние да ја немаме? И што, бидејќи тие немале време да се бават со гледање на телевизии па ајде телевизиите се решиле на синхронизација!
Каква врска има што кај нас има голем процент на сиромашни, прости и невработени луѓе со синхронизацијата. Во сите земји со синхронизација има повеќе вработени од кај нас и помалку се гледа телевизија, па пак телевизиите се “замараат“ со синхронизација.
Спореди не со земји слични по економска структура, ниедна од екс ју земјите не се бави со синхронизација, да не зборуваме и за други европски земји.
Во Хрватска има синхронизација на филмови. Во зачеток е, но има. Но затоа во Бугарија, земја со слична економска структура и сосед на Македонија има синхронизација на секој можен филм, серија и документарец, кои се емитуваат не само на домашните канали туку и на повеќето кабелски канали.
Сега гледачите не само што се глупави, туку и стануваат глупави и хендикепирани со тоа што слушаат синхронизирана програма по цел ден.
Тоа значи дека и Германските и Француските гледачи се глупави бидејќи по цел ден слушаат синхронизирана програма.